1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апликација ,,Разговор.мк"

Дискусија во 'Психологија' започната од DenicijaNaPetre, 11 април 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Контактирај ги и барај си ги парите назад.
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    8.750
    Пол:
    Женски
    @WildMk помина тоа, одамна беше. Може има три месеци.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Шо има врска. Не застаруваат финансиски долгови.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    2000 денари за сеанса која трае 1 час. Хирурзи не земаат толку, впрочем, никој. Уствари да, некој да дојде казанче да ти поправи. Тие се, мајстори и психолози. Ај казанче еднаш ќе се расипе и не го гледаш веќе мајсторот, психолог ти треба најмалку неколку месеци, психијатар и подолго. Значи на здрава психа може да се надева само елита, останатите и така немаат право на здрав разум. Што ќе им е?
    Или да одат на државно кај психијатар што ќе "лечи" исто колку што би излечила и комшивката со нејзиното -цуци бе, шо се нервираш, ееее, напиј се еден лексилиум, излези, дотерај се и уживај...
     
    На The.E.T., warrior, Chanell* и 27 други им се допаѓа ова.
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.490
    Допаѓања:
    41.859
    Пол:
    Женски
    За сеанса во живо колку е сега, не знам.
    Конкретно на апликацијата 45мин. допишување се најмалку 300 денари, повик околу 400. Шо не е многу според мене. Колку реално ќе добиете за цената зависи од психологот.

    Е сега си има предности и маани.
    Предност е за луѓето како мене шо многу не сакаат контакт во живо со било кој. Мене ми е супер идејата, попристапно, а посебно периодов.
    Маана е шо за 45мин тешко оди комуникација со пишување, шо побрзо.

    На почетокот гледав некои психолози негодуваа, во смисла дека треба пристап face to face.
    Ако сте задоволни или незадоволни можи да се напиши рецензија.
     
    Последна измена: 12 април 2021
    На gjoker4e, cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Пред некое време една девојка тука ја рекламираше апликацијава. Ја прашав дали сите психолози кои работат таму се лиценцирани зошто по закон не можеш да работиш како терапевт без лиценца, ми одговори да.
    Ја прашав бидејќи знам девојка која е вработена од самото настанување на разговор.мк и колку што знаев немаше лиценца, но не бев сигурна.
    Дури пред некој ден си ја доби лиценцата.
    Така да бирајте со кого ќе разговарате од таму, некој што е лиценциран.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Јас ви ја препорачувам Розита Андонова. Разговарав со неа и планирам да закажам и лице в лице. Нудеше порано бесплатна психолошка поддршка преку телефон за време на пандемијата и вонредната состојба, но сега не знам како е..
     
    На noteforself и DenicijaNaPetre им се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    8.750
    Пол:
    Женски
    Скоро сите немаат лиценца или се начесто во процес на нејзино добивање. Ама ми е "прејако" кога ќе пишат колку години имаат искуство.
     
    На Alisa22, Fallen.Angel и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Јас па мислев мора да имаат . Значи не се лиценцирани психолози таму?
     
  10. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали некој има искуство со некој психолог од апликацијата, конкретно ме интересира за родителство и детска психологија?
     
  11. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Изгледа дека никој :) Пробај да избереш според оцените за психолозите стручни во областите што конкретно те интересираат.
     
  12. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Аууу мислев дека се лиценцирани хммм а неколку дена по ред неможам да добијам термин ,дали се по одмори си викам или полни раце работа имаат
     
  13. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам апликацијата веќе 3-4 год.....Доста ми има помогнато разговорот......Инаку контактирам со М-р Билјана Стојановска.Таа е дипломиран,лиценциран психолог и магистер по психолошки науки.Доста е добра одма наоѓа што ти е проблемот само почнував да кажувам и таа веќе знаеше што ме мачи....Супер е.....
     
    На Mom_3 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  14. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    И јас сум задоволна не дека не ама деновиве немаат слободен термин,никако неможам да закажам разговор а очајно ми треба,гп загубив татко ми и сум под многу голем стрес и ми се активираше тироидната и искрено забегав од грижа
     
  15. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Види повторно има да му пратиш термин кок ти одговара тебе и доколку е слободна ти враќа дека може јас така направив пред недела дена.Иначе сочувство многу ми е жал за загубата,што и да ти кажам е залудно.Господ да ти даде сила.Поздрав
     
    На georgi_m и Mom_3 им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Ја инсталирав апликацијата, напишав што ме мачи, добив еден одговор, сега можам да добијам една бесплатна консултација и после тоа од втората плаќам?
    Едит: Не ми е јасно зошто во мислењата во темава пишува 1500-2000 денари дека е, а на апликацијава е 400-500 денари почетна цена.
     
    Последна измена: 18 август 2021
    На georgi_m му/ѝ се допаѓа ова.
  17. georgi_m

    georgi_m Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Еј здраво на сите, овде Георги, јас сум основач на Разговор.мк.

    Баш ми е мило што има отворено тема овде (не ми јасно како до сега не дојдов овде..).

    Само што направив тема околу апликацијата ама ја избришаа како реклама..

    Би сакал да отвориме дискусија околу тоа што ви се допаѓа а што не околу апликацијта. Нашата идеја е да ја креираме според потребите на клиентите..

    Секој фидбек е добредојден =)
     
    На Melani3 и tina2018 им се допаѓа ова.
  18. georgi_m

    georgi_m Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Да така би требало да оди флоуто, се зависи од тоа колку психолози ти одговориле и понудиле бесплатна консултација.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.987
    Можеби е фино ако верифицирани корисници може да остават коментар , или лајк за одреден психолог. Јас 2 пати ја искористив апликацијата , и задоволна бев. Ми помогна психологот со конкретен совет, и со тоа што ме изслуша.
     
    На georgi_m му/ѝ се допаѓа ова.
  20. georgi_m

    georgi_m Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Еј здраво, ти благодарам на коментарот. Моментално можеш да оставиш ривју или рејтинг за психологот после секоја сесија. Откако ќе заврши разговорот, во рок од 1 час можеш да одиш во екранот "Разговори" и на клик на елементот се пренасочува во екранот за оставање на рејтинг и ривју.

    Сега пробуваме ова да го направиме со нотификации на корисниците после секоја сесија да можат да споделат искуство, но имаме мала дилема. Дали да оставар коментар за сесијата или за психологот..
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.