Па веројатно за двете. И јас мислам дека е дибро што се наведени темите на интерес или специјалности на секој психолог, сепак нешто значи да прочиташ дeка се насочува во одредена област и кои му се да речам niche клиенти. Пак ке речам, мене лично ми помогнало , само мислам не знаев тогаш дека може ривју . Или преокупирана со друго па не приметив. И секако , да нема лажни reviews.
Здраво девојки, пишав на опцијата за консултации. Дали некоја знае отприлика за колку време би одговорил некој и дали секогаш се добива одговор? Ви благодарам однапред
Од неколку часа до неколку дена. Да, се уште се добива одговор. Ќе добиеш од еден до неколку одговори односно одговор од еден или од неколку психолози.
Прв пат дознавам за апликацијата. Не сум ја инсталирал, бидејќи немам потреба од паихолог, но би препорачал да се додадат и разговори со забари, доктори, електричари и тн.
Досега сум ја користела апликацијата 4-5 пати, секој пат за разговор преку пораки. Имам навика уште од факултет, кога ќе наидам на некаков проблем со кој тапкам у место да одам на психолог. Искрено, сум била и во живо и вака, но вака мислам има многу подобар ефект: 1. Поискрена си. Иако знаеш дека можеш да имаш доверба, во живо сепак потсвесно се плашиме 100% да си ја соголиме душата. 2. Нема чекање: кога ќе се решиш можеш да закажеш за 1 час, од удобноста на каучот 3. Ако си запишеш што ти советувал психологот, неговите зборови ги имаш real time без парафразирање.
Не знам како стои со слободни термини и дали сѐ уште активно работи на платформата, но најтопла препорака за Рената Димановска. Разговаравме телефонски во момент кога бев затрупана од работи кои ми се таложеа со месеци. Немав апсолутно никакви очекувања знаејќи дека психотерапија е долготраен процес, но успеа одлично да ме насочи уште при првите 20 минути. Млада, а огромен професионалец.
Здраво здраво, овде Георги од Разговор.мк Задоволство ми е да ве известам дека имаме нова функционалност на апликацијата. Се работи за првиот дигитален дневник за расположение на македонски јазик. Можете да прочитате повеќе овде
Препорака за солиден психолог на апликацијава? Досега имав неколку сеанси со еден од понудените, но воопшто не сум задоволен. Се чувствувам како да водам монолог, разговорот all over the place, слушнав еден куп работи од секојдневниот живот на психологот наместо конструктивни совети и препораки. Не знам дали е до виртуелните сеанси или до самиот човек, ама многу неефективно.
Jas veke dva pati imav sesii so Rozalija Sekuloska,super e nemam zbrovi,te islusuva no ona e vodic na razgovorot i sovetite i tehnikite se predobri.
Поздрав,јас мислам би било добро кога разговорот би ни останал во апликацијата а не да се бриши.Тоа би било добро според мене поздрав
Еј здраво, Го разгледуваме тоа како опција да. Веројатно ќе го има во следните месец два. Ќе постои можност доколку корисникот сака да го зачува разговорот.