И мене ме интересира повеќе за ова. Само гледам дека цените не се веќе како што биле пред 2 години, туку се дуплирани барем. 1500-2000 за една сесија со видеото (што не е толку ефективен како сесија во живо) и кога ќе видиш дека каков проблем и да имаш ти треба најмалку една сесија неделно барем два месеци не знам, можеби и повеќе. Реално тоа доаѓа околу 250-300€ за некој најосновен пакет. Јас живеам во странство и тука има за тие пари психолози така да, не знам баш дали финансиски е подобра опција. Како и да е ми треба и мене некој за разговор, ако има некој поново искуство нека каже ве молам.
Здраво здраво, јас сум основач на Разговор.мк. Генералниот просек на цена за зажана сесија е околу 900-1000 денари =). Инаку, имаме доста клиенти од странство и ќе ми биде од помош ако во ЛП ми споделиш повеќе за твоето искуство. Поздрав Сесиите траат 50 минути Здраво здраво, јас сум основач на Разговор.мк, она што е видливо за психолозите е само корисничкото име кое што го имаш внесено при најава, како и пол и возраст.
Ми стигна опција презакажување енколку минути пред сесијата, тоа се појави зашто другото лице сакало или како опција е наведена. Презакажав за покасно, дали не треба да презакажувам не сфаќам.
Имам правено ок е ама не е исто губиш време во пишувањето. Подобро само аудио бар повеќе муабет ќе можеш да направиш
Неисплатливо е допишувањето, премногу време се губи и недостига тој момент на face to face разговор. Можеш да пробаш само аудио прво ако ти е премногу видео разговор, но најдобро е да се гледате додека зборувате. Полесно ќе те процени психологот кога ќе следи говор на телото и фацијални експресии.
Како е решено законски вакво допишување и аудио? Ајде, онлајн да, веќе секаде во светот има. Ама допишување и само аудио... како може да биде сигурен човек дека се испочитувани законските регулативи?
Дали при плаќање некаде ни се зачувуваат податоците од картичката? Односно дали е сигурно плаќањето тука?
Зошто нема слободни термини кај повеќето? Само кај 5 има (кои се поскапи или завршено на некои места кои не ветуваат знаење) од вкупно 18 што ги отворив.