Сестра ми: испрљана си нешто на блузата, јас таква уште нерасонета , викам каде и ми вика па од позади исчисти се, јас викам па исчисти ме де, неможам да се видам и ми вика априлилили
Сите шали што денес ги слушнав се однесуваат на скапотијата, политиката и бедата кај нас. И мене воопшто не ми се смешни.
Јас излажав многу луѓе Прво дечко ми му барав пауза зошто моментално не е во градов и наводно сум сакала слободна да сум . И почна таков, ама зошто па сега само со другар му бил, немало женски и дрн дрн... И на крај се знае АПРИЛИЛИЛИ Сабајлево кога станав на мајка ми и викам. Мамо ја вечер не искачам. И она таква се израдува ми вика. Фала богу веќе еден ден дома да си седиш и јас... се знае Дур праев муабет со брат ми на skype му викам чекај сега ќе го заебаваме тато. И онаква татоооо честито ќе станеш дедо снашка ти е трудна спремај се за свадба летово. Човекот срце ќе го фатеше.
Јас и сестра ми на мама и рековме дека сум фанала дечко,дека она знаеше дека со еден си пишувам и ми вика ааа кога? и дада и вика па вчера ма мамо,ама не знаеше како да ти каже...и мама целата се попали,вика и шо ти вика,ти шо му викаш (дури тргна да си седнува за да и раскажувам) и викам па ми рече....АПРИЛИЛИЛИ !!
Јас и реков на мајка ми дека ми се јавила една колешка за резултати од колоквиумите, и дека сум паднала на неколку. И она,се разочара,ми вика: На ситееее?! Априлилили. Али еј, можда и не е шала, ќе видиме. На некој начин ја припремав. Не, се зезам. А сабајлето го разбудив дечко ми рано, му реков да стане побрзо да види надвор снег има. И ај, ми поверува, но попладнето стварно паѓаше снег. Да не ми се оствари и она горе сеа,пупупу.
Мене мајка ми ме излажа. Ми вика оди надвор другарка ти те вика.А бидејќи бевме договорени да се шетаме јас право истрчав.И кога видов надвор нема никој.Влегувам дома и мајка ми,брат ми и татко ми се смејат. И мајка ми ми вика Априлилилиии
Бев на школо а мајками заборавила дека сме први април и и звонам и викам мамо морам нешо да ти кажам и мајками вика кажи викам маамо ама незнам како работата е многу сериозна незнам од кај да почнам знам дека ке се налутиш мајками вика збори ајде нана веке еднш и викам мамо јас се омажив и мајками само рече штооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо? викам да се омажив и она одма кај си сеа кај си на школо ли ? викам како на школо коа се омажив кај маж ми сум ме побара сабајле и отидов вечер ке дојдеме заедно и заклопив мајками ми звонеше јас исклучив телефонот и си идам јас после еден час од школо не ми се седеше и киднав порано идам дома мајками на кревет лежи а до неа стринами седнала и дава лекови и се слошало на мајками и мама коа ме виде ми вика па кај е тој хаха викам априлилили леле мајками коа се извргли ми вика срам да ти е ми се слоша за тебе хаха леле тоа нема никогаш да го заборавам
И мене ме излажаа и тоа дечко ми, мене ни на крај памет не ми беше дека е 1 Април.Ми вика- Еј сега се спремив, ќе одам во Битола на 2-3 дена да поседам.ТИ што правиш?И сега јас прво додека ми дојде информацијата во мозокот, па почнувам да се смрштувам и луто му одговарам-Што да правам, учам И ми вика Априлили Му успеа, си признавам.
Секоја година мајка ми успева да ме излаже, незнам како и успева на жената божемски јас сум претпазлива лани ми викаше ке дојдеме кај тебе сега ке тргнеме со татко ти и јас радосна и чекам, и она после ми се јавува и ми вика, како бе можеш толку смотана да бидеш да ми веруваш... а ја јадна ич не знам да лажам Денеска уште ме нема излажано, нешто не ми е расположена за шега изгледа
Хахаха мене добро ми појде дечкоми е во стрнаствсо и уште сабајле у 7 му пишам порака немој да се секираш јас сум у болница ми било слабо срцето треба да се напраам операциа али многу е ризично ништо ти не се секирај а он ми врати --- ако треба јас моето срце ке ти го дадам али молам бога ова да не е точно да е некоја шега за први април... на мајками и викам брзо дојди ми се скрши забот и она камо да видам хахахах на другарками и викам еј од утре кидам на раб ме викаа на раб и она ееј супер многу ми е мило и викам априлилили и уште многу зезнав
ја и другарка ми идеме и сеа третава требаше да дојде , и ние ја чекаме на буска , и викаме ај да ја зезнеме и се јавуваме и викаме алоо кајјј си леле неззнаеш шо се деси !!! и оваа ваква ? шо се десило бе? абеее ја ккиднапирааа елимонкеууу ја повлечее еден за ракаа и оваа како бе? и оваа другарка ми почна да глуми дека плаче ова она ја се ќезаммм, и оваа ајде брзо доаѓа коа и кажавме само шо не не задавешее априлилииии ...
Многу си убава - Леле фалааааааа Априлилили - Не е први Април Па ни ти не си убава Жими се ова ќе и го направам на „најдобрата другарка“
Досега немам некоја голема и интересна лага направено, но годинава хаос има да направам. Лани дечко ми проба да ме излаже ама секако, не му верував. Си направи филм и ми се јави вика да појдам на тоа и тоа место, го истепале и чекал полиција. Јас му викам абе како не, не ме терај да идам за џабе.
Јас скроз заборавив дека денес е денот на шегата се' додека не ги видов децата низ град маскирани И после тоа и' се јавив на најдобрата другарка, ја излажав дека сум решила веќе да не дружиме, да не ме бара повеќе никогаш. Поверува за неполни две секунди, сакаше веднаш да се видиме да разговараме. После се сети дека е први април, па се договоривме за на кафе. И така, делумно успешна шега