Незнам, не ми е јасно како може да поддржуваат УБИЕЦ? И што ако Мартин бил наркоман, тоа ли му дало за право да го претепа до смрт? Ми се гади од самата помисла дека постојат толку болни умови. Страшно! Сите коментари се излишни...
А бре луѓе што се чудите Мартин беше нивни член на ДПМНЕ мирно фино дете на мој пријател другар.....каква дрога каков наркоман!?? Сакал да се качи на бина да го гушне Грујо затоа е 2 метри под земја.....оти работеше цело време за партијата и цел живот краток али тоа е. На мрава не газеше, поштен, препоштен мирен, и ја сакаше партијата со цело срце а тие го направија наркоман бре....гледајте на што се се спремни и од нивното членство што прават тогаш што остана за нас!? Камо цело членство на ДПМНЕ да е како него....викаше - А бе ВМРО ми е во срцето си ја сакам партијата и неможам поинаку....значи од срце го сакаше. Потенцирам со СРЦЕ! Е па гледајте како неговите му враќаат ама Господ гледа и е голем...касни ама не заборава.
Не ми се верува, подршка на убиец? Нема врска дали Мартин бил наркоман, дилер или незнам што сепак еден ветеран нема право да одземе живот. А дали го усмртил со два шамара или десет тој е УБИЕЦ!
Колку сакат можат да го подржуваат убиецот,ама тој ќе си одлежи многу години во затвор.Бидете сигурни дека нема да го остават неказнет. А,за групата
Па тоа го кажав и јас!!! Сите знаеме дека на бина се качи за да честита победа и ете како заврши, ете кој го уби. А сега тие за кои Мартин умре, тие го поддржуваат убиецот негов.
Лелеее коментаров на простаков еееј...не сакал...абе ајде, случајно го нагазна а? го побутнаа човекот, неможеше да се задржи и...го згазна детево а? Nenad Dinja Tomevski Spase e dobar covek i sovesen ne e sakal toa da go naprave i ne go napagajte coveko za dzabe pozz пред 14 часа Пу јаз`к
Кај им е паметот на овие луѓе? Игор бил херој, Мартин бил наркоман. Не ме интересира кој бил што. Нема нијанси на сиво тука. Или е црно или бело. Игор го убил Мартин, не ми е гајле кој бил Мартин, а кој Игор. А не кажувајте дека Бркуловска не вади од затвор. Ако таа не може да извади човек од затвор, тогаш не знам кој може. И на крај ќе си остане и убиецот неказнет, а може некаде на плоштад и споменик ќе му изградат.
И пензија ќе земе 100% ...и тоа инвалидска, ко што ми се гледа сега ќе се вадат на менталната состојба, која е ,,нарушена,, од траумите во војната, и како непресметлива особа, под надзор и на лекување ќе го ослободат со дооообра инвалидска пензија...
Уште еден доказ дека психопатите не се осамени туку ги има за извоз и колку фино си се групираат. И ми се лоши што и за најголема свињарија како оваа веќе никнуваат групи за поддршка. Во тренд е веќе да се поддржува било што па и одземање на човечки животи и ваквите да се осудуваат за џабе, а тие во суштина едни добри луѓе, да им заплачеш сега над судбината и нанесената неправда. Фактот што тој ќе мине лесно ќе го зголеми нивото на бруталност на сличните ко него, знаејќи дека ќе минат неказнето вадејќи се на неурачунатост и пострауматски симтоми, само што оние кои ги штитат не мислат на тоа дека утре и некој нивни близок може да е нивна жртва. А во однос на пензијата Енца кога им се даде на терористите што па да не му дадат нему? За бранителите нема пензија и згора на се‘ сме единствена земја каде терористи стекнаа и право на пензија и огромно парче од колачот на власта. И после патриотизам ќе чувствува човек, .
И сега ако бил наркоман треба да го убијат ? ....Па и Грујо е најголемиот крадец, перач на пари и така повеќе и наштети на нашата дражава одколку што и помогна и сега што треба и него да го убиеме? ЦЦЦЦ голема срамота е ова што се прави во нашата држава......Ама што можеме ние да направиме? ...џабе толку протести кога и така убиецот си седи дома и си ужива И после некој ќе рече Бркуловска не вади од затвор.....Од вчера сме ние, ништо не знаеме , ништо не гледаме и ништо не слушаме
Зашто домa? И поназад некој спомна дека не е ниту во притвор? Може некој да појасни.... Или нема место за него, Велија и Љубе битно дека ги фатија, криминал со пари - најбитно И шо им е на овие, ако не го познаваш Игор немало право да го нарекуваш убиец. Е не златни, убиец имаш право да го нарекуваш секого кој убил човек, без разлика дали го познаваш лично или не Убиваш човек - тоа те прави убиец. Поедноствно, здравје
Македонија, ах Македонија! Значи не можам да се изначудам на појавиве кои се случуваат во нашето општество. Едно е да направат група за поддршка (оние најблиските), а друго е да се обидуваат да го направат невин во очите на пошироката јавност Прочитав некои од коментарине во групата. Глупост до глупост! Значи се прашувам колкав прочент на интелект треба да имаат луѓено што бараат најразлични и најбанални изговори за да оправдаат убиецот. И да бил Мартин наркоман- тоа е негова лична определба. Во ниеден македонски закон не стои дека наркоманите треба да се казнуваат со смрт! Најостро ја осудувам групава, безразлика дали е формирана од блиски роднини на убиецот или од партиски војници. Злоделоо си е злодело!
Би земала на сите оние 1200 подржувачи би им бапнала една клоца и од Монт Еверест горе би ги шутнала. Несакал да го убие коментар? Не не сакал, сакал од ќотек да го здроби само. Тоа е животно, крволочно, штом со своите раце убива дете пред себе. Тоа сме ние македончиња, познаваме некој од чичко станко петко трајко и тој убиец а ние за него ако треба и гз ќе дадеме. Мореее што сака нека е, брат да ми е па да е убиец нека си плати за казната.
Зошто, зошто , зошто сме толку прост народ не знам. Која демократија бе ние сме 1000 години поназад. Значи групата не ја поддржувам ич ама уште помалку ги поддржувам оние кои го навредуваат. Чекајте бе малку тој човек ја бранел татковината спасил многу животи, тој човек не треба да се навредува. Немој да ме сватите во стилот, ја бранел Македонија сега може да убива кој сака, ама зошто сите овие кои протестираат за Мартин не протестираа за амнестијата. Еве јас лично бев на еден протест за Мартин ме нервираше понашањето на МВР за случајот. И си почнувам од мене. Значуи протестирам за едно пијано детенце убиен од специјалец, а не протестирам против амнестиата на шиптарите кои свирепо ги измаллтертира и убија тие луѓе... ЕЕЕ Македонци кога сами си го копаме гробот никој не ни е крив на 2000000 народ секој на секој очите му ги вади
нај грозоморна група сто сум ја видела на фб.бидејки сум од Штип добро знам кој е убиецот спасов,цовек кој од мали нозе беше деликвент,тепац и багабонт но приврзок на вмро-дпмне.нај жално и нај болно е што поддражуваци се :полицајци и вработени во образованието .грозно е тоа што го нарекуваат мартин наркоман што требало да умре ,а свесно знаат дека спасов е во алката на дилање на дрога во македонија,но заради упикување на грујо јадат г*мна по фб.се извинувам за безобразното изразување но навистина сум револтирана
Искрено да кажам подобро да не го прочитав ова затоа што навистина се вознемирив.Срамота и жалосно е ова што се случува.Милениче едно ќе ти умре,па ќе го жалиш долго време,а не камоли човек.Не коментирам за Спасов затоа што разумен човек тоа не го прави.Групава е недај боже,па и да се негови луѓе на фб ли ке му даваат подршка.не знам.Што да кометирам ке биде сувишно.
И ова ли имало ...ццццц...уште коментари бе се борел за нас. Па зошто сега наш убива....И како и да е, не ме интересира, знам колку и да се збори, правдината никогаш нема да биде спроведена. Дури и да биде ќе биде во поблага форма.