Чекај, тоа му дава ли право да убива? Кој ќе каже дека детето било пијано? Што ако ја бранел државата? Да не поседува тапија од државата случајно? И други ја бранеа па што? Сите ли имаат за право да убиваат? Детето можело и да ограбува ако сака, психопатот нема никакво право да му го одземе животот! Има право да му стави лисици и да го приведе, а не да го убива! А оние во групата кармата ќе ги стигне! И мило ќе ми биде!
А ти баш така како што не сакам си ме разбрала. Не може тој да прави што сака тапија не поседува ама заради тоа не треба да му се забораваат и добрите дела.Целта ми беше кој знае што се невидел човекот досега изгледа дека немал други такви испади дали тоа што убил 1 човек го обезвреднува тоа што спасувал илијадници. Да се суди ако треба и доживотно и тој и тие што му помогнале ама да не се навредува. Кај сме за Хашките случаи за фамилиите чии деца беа најнајнајбрутално најсвирепо измалтертирани и тоа од Албанци. Фамилиите сами си протестираа сироти, А Хашките случаи и во историјата ке влезат оти нели терористите се народни борци демек . Ама од твојот пост уште еднаш ми се потврди тоа што го прочитав тука некадесмртта на еден човек е трагедија а на стотина статистика оффтопик Инак јас бев неколку дена на протестите за Мартин и сваќам еве поблиските изреволтирани да го навредуваат убиецот. И тоа јас баш за убиството протестирав а не за полицајците.Јас живеам во мало место како да одам да кажам нешто за полицијата кога кај нас никој досега не е ни опоменат од полицијата. За танго треба двајца. Имам блиска пријателка што била таму и видела и уште истата вечер на ФБ имаше објавено Пред мои очи полицаец претепа дете до смрт. Даде изјава девојчето на ТВ ама баш кажа точно што виделаи како ја нашле после не знам и се јавија и од владата со закани и уцени, од опозицијата со мито и не знам што, нешто покасно и се јавиле членови на семејството со некои недолични барања и од самото тоа сватив едно. Секој сака да ја искористе смртта на детето кога стигнало ред луге од семејството на Мартин да и се јавуваат и да ја молат да каже уште нешто што би им било во прилог за судењето па за друго што останало.
Ќе се упукам од вакви луѓе, ова го немав видено досега, да се поддржи еден убиец,Боже помогни им..не знаат што прават!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
искрено 5 пати го прочитав насловот на темава за да можам да се уверам у тоа што го прочитав цццц кој ненормален чоек може да му даде на ладнокрвен убиец подршка неможам да разберам, што е со вас? со иншто неможе да се оправда тоа што го стори "специјалецот", навистина треба доживотен затвор и дури и тоа според мене е мала казна, стварно ми се гади од човекот. а што се однесува до оние што го подржаваат ова животно ако им е толку жал нека одат у затвор со него па нека го тешат и нека го подржуваат own:
Еј види и вакво нешто имало. Значи и убивање (без разлика какво е) почнавме да поддржуваме. БРаво и секоја чест. Па да го спасел и целиот свет,со тоа што убил ЧОВЕК му пропаѓа се во вода. И зарем може да го оправдаме? Јас сум искрено збунета и огорчена и уште незнам што. И на крајот кои сме па ние да судиме кој е крив, кој е прав- Боже па како си даваме за право, да ја завземаме твојата улога? Глупости се прават во името на Бога, али секоја приказна има две страни, каде што има напаѓачи, таму ќе има и бранители и обратно. Така функционира тоа и затоа не треба многу да се изненадуваме. И да кармата е ужасна работа, ги стига сите.
1371 членови И тоа запрепастена сум, затоа што видов зачленети многу познаници како членови на оваа група. И тоа детишта на моја возраст. Е бравос. Не можам да коментирам на оваа тема, многу ме погодуват вакви работи, а и така вие пред мене убаво се изјаснивте. Само
^^^Абе знаеме кои се членовите де... Потенцијални тигри ли алфи кој каде ќе наместат Прилично возрасен човек, кој е обучен да управува со кризни и доста ризични ситуации како тероризам и кој ноќта кога се случила несреќата имал за цел да го обезбедува мирот, некако како ли се испровоцирал па бркајќи го по улица го фатил дечкото, крвнички се изживувал врз него иако не покажувало знаци на отпор и на крај починало сега заслужува само грижа и терапија за неговото нежно и кревко ментално здравје па после ајт на работа Алооо тука се случило убиство пред се Па и преку фејсбук ќе го величиме и ќе го поддржуваме со желби за добар помин (несомнено) и побрзо оздравување Абе ненормални, па деца се приклучуваат да си го бранат тепачот и меѓусебно да се подучат некој нов трик-удар
Во весник прочитав дека таквите како убиецот на Мартин, треба после обуката да одат на психолошки преглед. Па многу јасно дека на нив само насилство ќе и биде у главата. И не и е толку за добрите дела де, за пари им е и за тепачки. На крајот човекот се покажа колку бил добар. Абре и татко да ми е, нема милост. Тој е убиец, претепал дете. Оправдување нема никакво!
јасно ми е дека некој (и на зезанција) може да направи таква група... ама до собере 1400 поддржувачи (нека 1000 се реални профили, другите лажни)!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!!?!?!?!? добро не Ги е срам што секој може да ги види? не посакувам лошо на никој, ама се прашувам дали исто би се однесувале доколку мартин е нивни брат, син, роднина, сосед... ?
КОј има власт има и сила. партијата ан власт секоја чест добро се грижи да ни ги испере мозоците, и оние малку што ни останаа. Жално
Каква подршка бе? Нема да пишам се што сакам зашто ќе ме банираат, а не вреде, едноставно ќе кажам, човекот кој е човек во вистинска смисла на зборот, ќе каже едно неколебливо огромно НЕ за групава и дека тој што ја направил е срам за човечкиот род. Убиецот, нема потреба ни да се дискутирам, јасно ни е на сите што се случува во нашата драга Македонија нели? Така да, не планирам ни тоа да го коментирам зашто нема да можам да запрам само за него ќе кажам дека останува кармата да му врати, зашто очигледно кај нас нема фер судски систем, ни оваа ни следната влада, нема да направат ништо во врска со тоа, и за жалење сме, патетично владеење не прати последнава деценија, а најлошо е што ние младите најмногу страдаме заради тоа.
Ц ц ц....Немам коментар Едноставно појќе кај нас ништо не ме чуди дури и орден за направеното дело може да му дадат
Мојот коментар на ова,би бил крајно краток и дециден...Се плашам од оваа држава! Незнам што носи секој нареден ден!!! Страшно!!! Лудило!!!
Ццц јас ова првпат го читам. Како е можно луѓе само објаснете ми,да се оправдува убиец кој така окрутно одзел невин млад живот.Зар постојат и такви луѓе кои оправдуваат убиство. Не можам да поверувам,само ќе кажам правдата за момчето треба да биде спроведена и тој човек да гние во затвор.Никакво оправдување за такво дело нема,апсолутно никакво.
Стигна ли до некаде работава? Не ми се верува кои дебили можат да подржуваат убиец!И тоа јавно да подржуваш убиство значи дека или си или утре и ти си спремен да извршиш такво нешто.Кој херој жити се,не затвор туку и него така нека го истепаат до смрт нека види какви маки претрпело детето.Било наркоман не знам и не ме интересира само занм дека е човечко суштество и дека има фамилија која цел живот ќе се звие во црнина.Уффффф се изнервирав сега ја видов темава ај да ве прашам вас подржувачите на тој убиец-Како би ви било некој вашето дете до смрт да го тепа -ќе подржувате ли некој? Изгледа треба да ве задеси и вас уфффффф одвратни едни
Да не ме разберете погрешно одма ќе кажам дека не ја подржувам групава и сум за убиецот да се казни со затвор оти оправдување нема, мене не ме интересира дали детево бил наркоман, ВМРО или нешто друго битно он го убил, со 2 шамара или со нешто друго он го убил, според тоа е убиец. Негова должност е да го приведе а не да изгуби осет и да го убие од тепање, значи оправдување нема. Е сега зборот ми беше за коментаров, исто не ми е гајле ни за детево кое било ни што било. Нема право ни он да се качува на бина, значи сите ако почнат тоа да го прават кај ни е крајот, оти од кај да знаеме што му било целта, тоа не се знае + беше на отворено никој не беше проверуван значи можело се да се случи. Од кај да знам јас дека сакал да се качи на бината за да гушне Груевски. Како прво неможеме сите така да се качуваме, како второ од кај да знам дека сакал да го гушне, а ако имал некоја цел или сакал нешто друго да направи, тогаш што ќе се случеше, тогаш полицијава не знаела да си ја врши работата такаи она ќе била крива! Значи само сакав да кажам дека ни детето немало право за тоа што сакало да го направи, но требало да го тргнат и да го приведат а не да го убијат, така да сега убиецот нека си ги сноси последиците и нека го затворат.
Уште кога ќе прочиташ Поддршка за УБИЕЦ,знаеш дека нешто не е во ред со сите оние кои кликнале лајк таму.Излишни се коментари.
Уште ќе излезе несреќен случај!!!! Е неможам бре веќе во оваа држава, абе не можам ...срамота, греота, на најмилите да им се врати... ГВУЈО ЈА ПРЕТЕРА ВЕЌЕ!!! http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=41030
Па се знаеше дека така ќе излезе. Само чекаа да се смири народот и да му го одвлечат вниманието на друга страна, како и за се друго во државата впрочем.