1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апсцес

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од laly.k, 29 октомври 2017.

  1. laly.k

    laly.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Барав ваква тема но неможев да најдам. Пред еден месец примав диазепам инекција ама сестрата ми ја ставила на погрешно место од тогаш имам топка внатрешно со големина на орев. Ако го стегнам боли го масирам со алкохол и ставав облоги од борова вода и земав амоксиклав но не ми се смена ништо. Некои ми викаат дека тоа требало да се оперира. Дали сте имале ваков проблем? Дали знаете што да правам? ☹☹☹☹
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Штом немаш никаква промена од облогите, антибиотиците, тогаш неопходна е хирушка интервенција, но, секако тоа би го одредил доктор.
     
  3. laly.k

    laly.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    :( :( :(
     
  4. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, 10 минути работа :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Дали ти поставија дијагноза апсцес?
    Реално, јас мислам дека се работи за масно ткиво како реакција од лошото боцкање.
    Апсцесот претставува гнојна инфекција, насобирање на гној, црвенило на кожата, местото е топло и болно, расте и се шири како се насобира гној. Потребна е дренажа на истиот и соодветни антибиотици за да се санира.
    Ако е масно ткиво (а мислам дека е) тогаш тоа може спонтано да се повлече само од себе, може и оперативно да се отстрани, но најверојатно нема да има потреба.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    И јас истото го помислив, но масното ткиво не боли.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Па зависи. Јас имав на надлактицата на левата рака, ме болеше на допир, секое стискање било намерно или случајно. Само се повлече.

    А ако е апсцес, сигурно немало да седи тука и да пишува на форум, досега и температура ќе кренела, ако ништо друго. Башка, месец дена поминало. А, како би настанал апсцес (знаејќи дека е бактериска инфекција) со боцкање во мускул кога иглата е стерилна?
     
    На DAngel и Arthur им се допаѓа ова.
  8. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Јас на 3 места сум имала масно ткиво и до сега не ме болело, ни па се повлекло само. Дури и со ласерско отстранување, при кое не извадена капсулата повторно се појави.
    Апсцес може и да настане од недоволна дезинфекција на местото пред инјектирање,допир од страна на пациентот по инјектирањето (гребење, триење на местото)
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Мала е веројатноста, иако не е исклучена. Многу мала. А за масното ткиво, зависи од случај до случај. Како што кажав, моето беше болно на допир, и се повлече само после некое време, ми кажаа дека е од удар, за кој не ни знам кога сум го имала. Како и да е, апсцес кај девојчево сигурно не е.
     
  10. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Да, јасно.
     
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Најверојатно треба да се оперира.

    Јас од урбазон имав абцес на едниот колк (есента), а потоа и на другиот (пролетва) и двете ставени од дежурна служба Ченто/Сингелич.

    Кај мене, се манифестираше со тоа што ми се фати ногата (труп, не се витка не се крева) и многу болка од бубрег надолу до колено, оток на целата нога, надуени вени крвни садови надолу, жежење и чудно чувсто, но без видливи повшни локални кожни промени.

    И во двата случаи горе долу исто/многу слично беше.

    Од ставање на инекција па натаму, само полошо и полошо станува и повеќе боли.
    За две до четири недели ќе имаш сериозен проблем.

    Првиот абцес беше потврден со КТ и опериран на хирургија и третиран со мноооооооогу антибиотици, а другиот потврден со ехо и третиран само со уште повеќе антибиотици, без операција.

    Се уште се двоумам дали треба на некого таму (а ги знам сите, а и тие мене како што претерано често одам) да му ја скинам ногата. Ќе видиме дали ќе имам компликации, понатаму, се надевам дека нема и страшното помина, ама вротиот абцес ме загрижува...

    Не прави само обичен ренген, ќе ти даде лажна слика дека се е во ред, ќе ти викаат ишијас ти е курци палци, а нема врска.
     
    Последна измена: 31 октомври 2017
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    31.000
    Пол:
    Женски
    Како што си го опишала и мене ми наликува на масно ткиво. Бившиот имаше баш такво на раката од внатрешната страна од кај мекиот дел точно со големина на помал орев. Велеше дека при појак допир и стиснување го боли. Нема друг начин освен да се одстрани по хируршки пат. Процедурата е едноставна, со анестезија и доста мал засек така да нека не те загрижува ни најмалку. Баш го прашував за болка, рече дека после зафатот скоро и да не чуствувал, единствено само пецкање од време на време ама ништо страшно.
     
  13. laly.k

    laly.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Sega sum so vibramicin doktorkata rece ke probuvame so antibiotici pred da odime hirurska intervencija ama osekjam podobro