Во болниците и аптеките долго се чека затоа што времето лечи се’. Како сте задоволни од работењето и снабденоста во аптеките? Ви се случило ли некое интересно искуство ?
Јас од Зегин си купувам обично апчиња и масла за косата и сум задоволна најефтино е во Зегин, малце треба да поработат на односот со муштериите ама сепак тоа е до личноста. Јас учам фармација и летото бев на пракса во една аптека и влегува една постара жена и ми вика дајте ми од оние за притисок апчињата хахаха сепак интересна работа е бара учење ама се исплаќа
Јас најчесто до зегин си купувам и сум задоволна.....малку треба да поработата на односот со муштериите ама тоа е ....
јас сум редовна во зегин во порта влае и сум задоволна премногу од односот на вработените,и по 10 минути ми објаснуваат некогаш,повеке и од доктор,алал да им е!
Скоро секогаш во Зегин, и искрено до сега не сум заприметила некоја од вработените на која би и дала замерка поголема,услужни се. Но да бидеме реални и кај нив знае да се погоди по некој намќор.
Редовно купувам во Зегин затоа што ми се најблиску,а и можам да најдам се што ми треба во секое време.За односот на вработените немам никаква замерка,зошто према мене секогаш биле услужливи и расположени да ми дадат одговор на секое поставено прашање
И ја најчесто купувам од Зегин некако најснабдени ми се тие, и онака ок ми се тие што работат таму се нема погодено до сега некоја брлива
Некој од членовиве на фемина да не работи во аптека или нивни блиски да прашам за едни апчиња што ми се многу битни дали ги има?
Мислам дека само лековите што ги покрива фондот се со иста цена секаде. А за другото, зависи кој што увезува, колкава маржа става и од други околности. Еве на пример кафетин е различна цена во сите аптеки
Лековите имаат секаде единствена цена во сите аптеки, и цената ја има на бандеролата. Суплементите и додатоците во исхрана се маржираат од самите аптеки и не се секаде иста цена.
Пазете се и не порачувајте никако од 24 часа аптека. Не ги доставуваат нарачките, нема никаков повратен контакт на маил, сите телефони наведени по страните се исклучени (24 аптека и аптека Ирис Струмица кои се кажуваат дека се сопственици на оваа онлајн аптека), контактот на страната не работи, на фејсбук и вибер не одговараат. Парите се земаат од картичка и нарачката никогаш не пристигнува!