А зошто би пиела апчиња со поминат рок? Ако е за настинка верувам дека ќе издржиш до сабајле додека се снабдиш со нормални лекови Сега чај со многу лимон
Многу е битно кога ќе пиете апчиња да видите дали пишува ВАЖИ ДО, или ПРЕПОРАЧАНО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ДО. Затоа што во првиот случај значи дека по поминатиот рок апчето може да има штетно дејство, а во вториот случај по дадениот рок само се намалува неговата ефективност. Јас мислам дека апче на кое поминатиот рок му е помал од 1 месец може да се употребува без никаков страв.
Во поголеми детали за кој лек се работи? Добар дел од лековите може да се употребуваат и до 3 месеци по истекот на рокот, иако тоа не е препорачливо, но постојат и лекови каде што тоа би било опасно.
Да можеле лековите да се пијат туку така и да немало штетни последици, немало да пишува рок на траење. Кратко и јасно, тие лекови во канта и оди до аптека купи други ако ти е итно. Не се зезајте со такви работи бре луѓе, самата логика не треба да ви дозволи да пиете лекови со поминат рок.
Апсолутно се согласувам со Emotional123 во врска со мислењето со пиење на лекови со поминат рок дека се штетни по здравјето и по животот на луѓето затоа што рокот на траење на лековите не за џабе е назначен на пакувањето и на многу,ако не и на сите лекови,креми,капки за уши,нос и очи пишува да не се употребуваат по истекот на рокот на траење затоа што тогаш стануваат отровни и штетни за здравјето на луѓето!Мене еднаш ми се има случено да имам проблеми поради одминат рок на траење на капки за уши и оттогаш многу внимавам да не употребувам лекови кога им е одминат рокот на траење за да немам проблеми со здравјето,така што јас воопшто не препорачувам да се употребуваат лекови со одминат рока на траење,туку да се фрлат право во канта и наместо нив да се купат нови со важечки рок на траење!
Има разлика капки, посебно оние кај кои пишува дека на пример се користат 8/14/45 дена од отворање и таблети. Капките по тоа време не се опасни, ама не се ефикасни веќе. Мене сестра од клиника ми има кажано дека скоро сите таблети може да се користат уште некое време откако ќе им помине рокот на траење. Рокот на траење е превентивно скратен на пакувањата, од разни причини. Е сега не треба да се претера, нели, апчиња со поминат рок од преклани да се пијат, ама некое по разумно време не е страшно.
Никогаш не сум пиела апчиња со изминат рок. Кога ќе видам дека рокот поминал, ги фрлам. Не сакам да ризикувам да добијам труење.
Јас два пати годишно ги прегледувам лековите кој до колку трае,страв ми е да се напијам некое со поминат рок.Имам доста лекови,повеќето од нив траат до неколку години ,а останататие што им е поминат рок ги фрлам (ретко има некои такви мислам што брзо им поминува рокот).
Jas imam pieno amoksiklav paracetamol i taylolhot so pominat rok pa nisto istiot efekt si go imaa sepak ne bi rizikuvala so apcinja koi se za seriozni zaboluvanja tie mozat da imaat kontra efekt
Здраво феминку незнам дали прашањево е за тука али сепак ке си прашам доколку некој знае да ми помогне купив таблети достинекс 5 таблети што имаат рок на употреба до 10.2017 значи почнувајки од оваа недела точно ми завршуваат до 11.2017 5 таблети за 5 месеца мегутоа дали им се намалува ефектот поради тоа што е при крах рокот ова прашање ме измачува
Последната нема да ја испиеш. Во принцип, ништо нема да се случи ако рокот на траење е до 10.2017, не се намалува дејството. Само за последната - ќе си купиш нови ако мора уште да пиеш.
Последната ми е значи октомври а тие се до октомври со се тој месец пишува 10 а за понатакс ке си купам нови
Е па немаш гајле. На лековите си пишува рок на траење, како во твојот случај 10.2017 што значи дека треба да се искористат до крајот на месец октомври. Не се намалува нивното дејство дури и после истекот на рокот, бидејќи мислам дека имаше некое правило да не се пишува крајниот рок до кога се добри, туку се наведува некој месец порано.
Фала ти многу јас се мислев дали да одам пак до аптека да ги прашам ама сакав прво тука да побарам мислење сепак ми олесна зошто сепак не се баш ефтинки таблети а во мојава аптека последни беа
За апчиња, има научни студии кои покажале дека 90% се здрави да се пијат и 25-40 години по истекот на рокот. Рокот на лековите е воведен задолжително да имаат од 1979 год. најмногу од економски причини. Фармацевската индустрија е подоходовна и од нарко картелите .... А тоа што тресете зелени дека може да се затруете од лек со поминат рок, ич не држи место, не е тоа храна да фати бактерии ...