1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аргументи „за“ и „против“ атомска централа во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од vodnicka1, 20 март 2011.

  1. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Во услови кога енергијата станува прескапа и секоја земја бара алтернативи како да ги задоволи потребите за струја, во Македонија и натаму се води дебата за и против изградба на нуклеарна централа.

    Експертите се поделени околу прашањето дали со нуклеарни реактори треба да се осигура енергетската иднина на државата. за едни ова е неминовно сценарио, што ќе дојде откако ќе се исцрпат сите останати извори.

    „Нуклеарката опција доаѓа како крајна опција откако ќе се искористи хидропотенцијалот, гасот ќе влезе во енергетскиот сектор, со јаглените ќе се расчистат работите, 2025. се очекува битолите се на крајот на својот животен век, ќе наполнат 40 години, јагленот ќе се исцрпи во Македонија и што нив да ги замени, јаглен, кога станува збор за 7 милини тони како ќе се транспортираат? Од каде“, изјави Антон Чаушевски, универзитетски професор.

    Дел од експертите сметаат дека нуклеарката е премногу ризична опција за Македонија и треба да се бараат други решенија во делот на искористување на водите, сончевата енергија.

    „Изградбата на нуклеарна централа повлекува други работи со оглед дека имаме тука голема концентрирана снага преносот е проблематичен, тезата дека, по она што се збори дека нуклеарната централа треба да е лоцирана во мариовскиот дел, мислам дека би имале проблем со ладењето, складирањето на отпадот има случаи каде по скалдирањето доаѓа до истекување“, вели Владимир Лабудович - експерт за енергетика.

    Во стратегијата за енергетски развој на Македонија како опција стои нулеарка да се гради дури по 2030. година. Ако Чернобил беше предупредување, последната трагедија во Фукушима - Јапонија е силна тревога за светот дека во ниту еден момент не смеат да се потценат нуклеарните централи.


    A кое е вашето размислување, можеме ли ние да се носиме со тој терет???
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Какви сме трапави, реакторите ке ни експлодираат уште при монтажа. Можеби во иднина, ако тргнат работите напред во државава, ако новите генерации се повеке образувани (а какво стана образованието, шансите се многу слаби), можеби кога навистина ке ги исцрпиме сите ресурси ке се освестиме. Во моментов сметам дека не сме подготвени за ваков предизвик.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Е ова ти се вика со сила си го бараме :x :x :x Дај да си седиме мирни ниту една фабрика не работи ништо не е разработено како што треба ни сме биле за Атомска Централа оф леле :fubar: :fubar: :fubar:
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Прво, изградбата на нуклеарна централа е „тешка„ неколку милијарди евра, па не знам колку сме во состојба да изградиме вакво нешто во Македонија, но со оглед на тоа дека има влог од 25 милиони евра според последните проценки, кои секојдневно вртоглаво растат, за градење на сите непродуктивни промашаи од проектот „Скопје 2014„ ќе најдат мозе средства и за ова.
    Друго, обезбедувањето и транспортот на рудите чини пари, здравје и опасности по околината.
    Трето, како ќе се реши и каде ќе се исфрла отпадот од централата кој е високоштетен и е еден од најголемите проблеми на развиените земји. Ако се сеќавате пред год. сакаа ние да сме депонија за нуклеарен отпад, па и којзнае дали тајно и не го истоварија некаде :^) !
    Четврто, ниедна осигурителна компанија не ги презема ризиците на осигурување нуклеарна централа, бидејќи во случај на хаварија е апсолутно неостварливо од нејзина страна да ги покрие сите штети и ефекти од контаминацијата кои траат и траат и се манифестираат доста долго.
    Петто, нуклеарната енергија е голема сила чија моќ доколку излета од контрола е незамислива, ете го последниот случај со Јапонија како влијаеше природна катастрофа за излетување од границите.

    Како аргумент „за„ веројатно е тоа што моментално е во мода да се имаат нуклеарки, бидејќи модерното војување очигледно ќе се сведува на меѓусебно заплашување и уцена со истите.
     
  5. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    против...со сигурност нема да биде добро одржувана...како и впрочем се во мкд..
    мкд и се е можно...
     
    На stewart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Само алтернативна енергија му е спасот за дефицитот од енергенси...секојдневно ќе се зголемува потребата. Порано имавме по едно решо само, а сеа имаме барем 10 работи што трошат струја па види ја побарувачката. Сум за Нуклеарка ама да не се праи кај нас. Ние сме најслаби кога се работи за одржување. ВО секој случај мора да се инвестира во капацитети, поготови алтернативни извори на енергија.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Хаваријата во Фукушима е најновиот аргумент против, а постариот е Чернобил.

    Каде ќе бегаат жителите на Македонија ако се случи хаварија? А со оглед на тоа дека природните катастрофи ќе земаат замав се повеќе како што Бог предупредил уште 1980-те а потоа и 2001 год. (http://www.universelles-leben.org/cms/hr/prorostvo/poruka-stvoritelja.html) хаваријата не и бега на Македонија ако се изгради нуклеарна централа.

    Додатен аргумент против е дека Македонија има многу сончеви денови и многу ветер низ планините.
    Имено, од толку сонце можат да се подигнат толку многу соларни централи и ветерници за производство на ел. енергија, што потребата на домаќинствата речиси целосно ќе се задоволи. Остатокот може да се влече од хидроцентрали. Ако некој мисли дека тоа би било скапо да се набавува како опрема, повелете отвотрете фабрика за производство на соларни панели и ветерни турбини и ќе биде многу поефтино.
    Ем чиста, ем бесплатна ем безбедна и неограничена енергија.
     
    На Dala му/ѝ се допаѓа ова.