А што и его па и алтер его има врска со масони? Не ја сфаќам поентата И продавачка има создадено алтер его за работа. Куп проблеми да има дома и чинии да мава на маж и од глава, на работа пак мора да е онаа другата, насмеана и весела пред муштерии, па не е ни масонка, ни илуминатка Бијонсе, какво влијание всушност се спекулира дека има со нејзиниот акт? Не го тресе она нејзиниот бутилишус за да што знам, хипнотизира луѓе со него?! Тресе оти има што да тресе! И алал да и е
Да, да, дефинитивно имам алтер его ЗА НА ФОРУМ! Прочитај си ја Демијан од Хесе, за да подобро го сфатиш значењето на алтер егото. Алтер его е патопсихолошки поим, ама гледам ти си добар психоаналитичар па си и го пронашла алтер егото на Бијонсе, која патем никогаш во животов не си ја сретнала. Но, бидејќи темава е за масоните а не за нашите форумски алтер ега, или алтер егото на било кој од славните, моето мислење е дека масони и алтер его, заедно, НЕ. За да некој влијае на развивање на алтер его, мора директно да биде инволвиран во животот на „жртвата“, а вака преку телевизии и телепатии, освен некој дисордер да веруваш дека Ники Минаж е масонка, друго не може да ти се случи.
Вака, од мене беше побарано кратко и јасно како јас го разбирам поимот алтер его. На Бијонсе, освен шо самата си се нарекува Саша Фирс порелевантни и поупатени од мене го "пронашле". Темата е инспирирана од едно видео шо го гледав на ју туб, шо ако сакаше да дебатираш на истата ќе го изгледаше. Во истото беа спомнати сите тие работи заедно. И уште нешто, никаде не реков дека верувам во тоа дека е Ники Минаж масонка, тагаа?
Алтер его или его, има секој човек, не може истиот друг да го создаде, освен да има влијание, ништо повеќе.Некаде пишува дека масоните немаат врска со познативе Бијонсе итн., а на друго место пак трето пишува.Ако се гледа така, тогаш скоро сите тие дал е Бијонсе или незнам која позната личност, имаат алтер ега.Навистина незнам каква врска има нивното алтер его со масоните, секаде е само претпоставка, а не ни може со сигурност да се знае.Реков и претходно, но колку има вистина во се она што се пишува за нив, мислам не е ни можно да се дознае.А зошто се пишува за нив, дали туку така е тоа, веројатно и некој не би стекнувал некаква си слава за џабе, мож со причина си некаква.Така што, целото ова останува само на база на претпоставки, ништо друго.