Zemam jointake Ti blagodaram mnogu mila za sovetot sega se mi e novo I nepoznato za taa dijagnoza zatoa prasuvam sto kako
Arthritis is the swelling and tenderness of one or more of your joints. The main symptoms of arthritis are joint pain and stiffness, which typically worsen with age. The most common types of arthritis are osteoarthritis and rheumatoid arthritis. Болката, вкочанетоста, отоците се основни симптоми на артритисот. https://www.healthline.com/health/foods-to-avoid-with-arthritis Не е лошо, човек подобро да се информира, пред да коментира,а јас зборувам и од знаење и од искуство, борејќи се веќе 12 години со артритисот.
Ch-Alpha ви ја препорачувам бидејки делува на регенеција на р'скавицата ,тетиви, лигаменти и менискус.Пробајте ептен е добра
Го зборат многу дека е најдобар јас прашав дирекно доктори од Германија најсигурно викаат да се купи во Виола и Еурофарм бидејки некаде имало фалсификати ,јас една кутија пробав сега втората ја пијам и сум презадоволна..
Дубравка Антовска на клиника е добар ревматолог , зависи за што се работи можеби ти е потребен и добар ортопед ти го препорачувам др.Ношпал . Пиши за што се работи да не луташ
Имав болка на карлица па направив снимка какви се резултатите? Како се справувате со ова многу јаки болки имам на ортопед имам закажано на 25 јануари ама до тамо неможам да издржам од болки
Обично за артритис не се препорачува рентген туку магнетна резонанца, затоа што артритисот е пред се нарушување на мекото сврзно ткиво во зглобовите или рскавица која може да се види во каква состојба е само со магнетна резонанца. Најчеста мака е артрит на колено и колк зашто овие зглобови носат тежина и со тоа уште во рана фаза на животот се преоптоваруваат што од спортски повреди и спорт плус зголемена тежина. Артрит се појавива на секој зглоб и на рамо на раце на кичма ама класично заболува најчесто колено и колк. Што се однесува до артритот на колено најдобра работа што може секој да си ја направи сам е да намали килажа и да се движи што е можно повеќе. Порано се сметало дека движењето е штетно но новите истражувања докажуваат дека процесот на пропаѓање на рскавицата и менускисите во колено се забавуваат со секојденвно пешачење. После тоа може да се проба со точак да се пјачуваат мускулите на квадрицепс и задна ложа на нога. Има и начин да се пијат суплементи како кплаген, хондроитин, глукозамин, мсм, ама ова не значи баш обновување на мекото ткиво туку евентуално усшорување на дегенерацијата. Други методи се физикална терапија и инекции во колено на пример хијалуронска киселина за подмачкување или инекција PRP метода со сопствена крв. Во крајни случаи и кај постари лица постои протетска замена на колено, значи вештачко колено. Артритот на колено, колк и општо артрит е дегенеративна работа која со време се усложува и нема класичен лек, поентата е да се третира за да на постари години не дојде до целосно потрошување на мекото ткиво кое ќе бара вградување на протеза.
Скоро 2 недели чувствувам преголема болка во левото колено, само навечер кога ќе легнам почнува до тој степен што не можам да ја свиткам ногата, буквално плачам од болка и трае 2 3 часа по будење, односно раздвижување. Првите денови си реков, ај океј, нешто сум се изморила, ама еве трае долго време. Ве читам овде и се прашувам можно ли е да е ова артритис? Искуство? Да си одам прво на матичен и за каде упат да барам, или приватен ортопед? Предложете од искуство Или па недостаток на магнезиум и такви ствари... Најарно доктор да каже знам.
Здраво, може да се многу работи што не се сериозни и да не е артрит. Ако не си паднала некаде може да си оптоварила некоја тетива од типот на таканаречено скокачко или тркачко колено кое знае јако да боли напред и да попушти со одмор и со време. Можеш и да почекаш па да одлучиш ако не се повлече да бараш еден преглед од доктор. Ако си паднала може да е менискус или некој лигамент оштетен и тоа е за на доктор. Повреди на колено треба да се разделат прво дали се трауматски или не,
Сте пишале погоре некој крвна слика. Дали и крвна слика ја открива оваа болест? Инаку, недела дена имав болки, ајде грб тоа ми беше ПМС, ми дојде вчера, болката во грбот ја снема, ама болката во мускулите од коленото нагоре пак е тука, втор ден откако добив. Наутро кога ќе станам, тврди ми се некако мускулите од коленото нагоре и тоа само на едната нога. Со развдижување болката ја снемува. Ууффф, човек ако почне да чита симптоми, сто дијагнози може да си најде. Ќе почекам, да не е поради менструалните болки или настинка. Не сум имала некој проблем, не ни сакам да има.
Не е точно остеоартритис не се открива со крвна слика. Реума фактор е за реума заедно со покачено ЦРП. За остеоартитис само магнетна резонанца. Рентген може да покаже намалување на зглобниот простор набпример во колено или колкот што е знак за артритис меѓутоа меките структури тука не се гледаат.
Nema vrska na mene rentgen mi go otkrijaa osteoartritis na kolenata i mi dadea apcinja jointake ama jas si gi zameniv so artro i super mi e od tie apcinja. a da se maltretiram za mr za nego nema sansi pola god cekav za hipofizata da mi ja snimaat nasite dr i ne ja napravija snimkata kako sto treba
Јас убаво пишав дека на рентген може да се открие артритис во колено но најдобра дијагноза е со магнетна резонанца. Инаку на оваа тема имам пишано сеопфатен пост каде имам кажано оти освен суплементи пациентите треба да размислуваат и за инекции во колената или колковите за да се успори самото пропаѓање. Процесот на пропаѓање е неповратен и во староста е можно да дојде до потреба за вградување на вештачка протеза.
Znam ama mnogu pomagaat i artro apcinjata a 230 den se otprilika plus minus i se na prirodna baza od kurkuma se
Ме попушти, веројатно ми е настинка во комбинација на пмс. Имам симптоми како да сум фатила корона. Отоци немам.