1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Артритис

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Macushkaa, 10 јануари 2013.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има проблем со треска, малаксаност и болка низ цело тело во зглобовите? Ова ми се случува 1-2 пати месечно, исто како пред разболување е чувството, едвај се движам низ дома и телесната температура ми оди најмногу до 36.3 после парацетамол откако ќе се загреам?
     
  2. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    21.625
    Пол:
    Женски
    Треска ретко, али малаксаност и болка во целото тело секој ден иам. Посебно насабајле ми е многу тешко. Ми треба 2 3 саата да управам за да можам да функционирам.
     
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Сабајле е страшно. Некои 7-8 години ми трае таа укоченост, не ми се живее додека се размрдам. Ова со треските ми е неколку месеци, а малаксаност и болка само ако премрзнам или на промена на време.
    Јас немам дијагноза артритис ама се мислам дека се движам натаму. За 1 месец сум на контрола, едвај чекам да одам многу ме фаќа страв. Дијагнозата ми е палиндромски реуматизам, дај боже на тоа да остане. Само за овие периоди не знам што да правам, ги сварив децата, цел ден голи шетаат, јас се тресам под два јоргани.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Најверојатно се работи за реума односно реуматски артритис што е автоимуна болест што зафаќа повеќе зглоба и најчесто без грбот инаку постои и реуматска треска на внатрешни органи.
    Само артритис обично од дегенеративна природа се јавува само на еден или два зглоба и тоа не е во овој случај.
     
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Ако беше ова мислење за мене, да, баш на реуматски артритис се сомневам.
    Дали има некој овде со реуматски артритис да ми ги опише првичните симптоми?
     
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Женски
    Љубов јас со овие симптоми завршив на магнетна на глава. А се сомневам поодамна на реума. Со месеци ми трае ова. Да се фатиме за раче да одиме на салам доктор? Или да препорачаш некој? :D
     
  7. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Ако ја имаш оваа мака мора да бараш реуматолог да те види и да ти даде да направиш испитувања од крв за да се види.
    Инаку артритисот како поим ти значи уништување на зглобот со почетна фаза рскавицата ја снемува за во крајна фаза и коската да се деформира. За ова имам пишувано околу дегенеративното пропаѓање на зглобови што во принцип го има секој втор човек ама воглавно на еден зглоб. Ова не е исто со реума мислам дека реумите се многу посериозни.
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Имав од порано некои такви напади на зглобови ама последново беше страшно. Не можев по скали да се симнувам, како ограничен да ми беше зглобот, а за движење на рамно едвај.
    IMG_4363.jpeg

    И пошо бев во странство неколку дена тргнав таму по доктори, интернисти, радиолози, реуматолози, небитно, никој не знаеше што ми е. Тука во Мк реуматолог ми рече палиндромски реуматизам што може да премине во реуматски артритис. Да правам контроли на 3 месеци со некои додатни испитувања, антималарик на неодредено да пијам ама јас полошо се осеќам затоа си реков да не е веќе артритис. Извини така ти се исповедав ама никој околу мене ништо не знае.

    @LiquidLuna Срц, Мане Грличков Систина. Прекрасен човек, немам зборови. Остај што е профи доктор, преискусен туку каква поддршка е човекот, колку е мил не можам да ти опишам. Едвај чекам да му одам пак, а ми даде и број пошо ваљда ме осети дека ќе бидам депре и ми вика ѕвони ми во било кое време ако имаш проблем или ако ова ти дојде тешко на душата. Значи, освен тој што ме пораѓаше, јас ваков човек немам сретнато.
     
    На Flier му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Женски
    Фала ти маче :l:
    Имам уште еден магнет во понеделник, ако и со тоа не ме покријат со терапија за болкиве одиме кај Мане. Мада, секако ќе одам кај Мане заеби :D. Овие кај шо одам никој не ми е по препорака, не знам ни како се викаат пола. 100 доктори ме погледнаа, сите резултати океј а јас не океј (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    А што ти се случи тебе, зш магнетна?
     
  11. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Нема гајле јас од мое искуство со ортопедски проблеми со зглобови мислам дека ова личи на некој вид на реума што веќе го имаш може да е класична реума премината најдобро да видиш со истиот доктор што го знаеш бидејќи и реумата може да ти доведе до артроза на коленото ики скочниот зглоб и самата како што сигурно знаеш не се повлекува освен во фази на ремисија што значи мора долготрајно да ја лекуваш.
    А преку крв може да се видат параметри.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Женски
    Шо не...
    Во Јули се разбудив и не можев од кревет да станам, не можев да се движам воопшто. Ми отекоа зглобовите исто ко на тебе, а на раце малите зглобчиња ми помодреа.
    Јас оти сум стварно да фати човек и да ме акне од земја, ништо не ми е. Мислев ќе настинам, од тоа ми се болките. После тоа почнаа раце да ми се тресат, неприметливо ама јас си знам, испуштам предмети од раце и не знам ред разноразни работи на кои шо не обрнував внимание а се тука подолго време. И матичната ме прати на невролог, ме примија одма на нервно, од таму на магнет по брза постапка (facepalm) Не знам колку пати крв ми земаа, цела папка резултати наполнив. Еј, успат дознав мутации дека имам на гените. Тотално неповрзано со муабетот, ама тоа беше единственото нешто шо покажа на резултати :D И сеа не знам кај терам, шо праам.. Знам само дека како станува поладно надвор, од некоја необјаснета сеуште причина, сите 206 коски и не знам колку зглобови има, све ме боли. Ама ти се испожалив у пичку матер. Отерај ме слободно :D
     
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Абе шо да те отерам, па јас за кај сум? :D Си кукам нонстоп, сите онака загрижено ми прават лелее, цццц и толку :D
    Ама стварно боли, стварно е напорно. Да немаме деца ќе легнеме и ќе лежиме, а вака кога чекаат на нас? Цврц.
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Женски
    Сега ко ќе ме прашаат шо ти е - им викам нервно ќе каже, не знам јас :rofl::rofl: Станав досадна сама на себе веќе, се нешто офкам. Му викам на мм, ко за 27 години прилично многу работи ме болат :D Мислев после 30ка боли :wasntme:

    Не можам ни да лежам, ме болат колковите ненормално. Тоа ми е најголемиот проблем, не можам да се наместам да заспијам. На грб спијам :| Тоа го мразам ептен ама на страна не можам да се свртам ;(
     
    На Skyler и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    21.625
    Пол:
    Женски
    И мене мојот ме заебава. Ми вика аа ти на 27 се жалиш ми на 40 ќе треба да те закопаме :D:D
    Инаку мене од ладно ме фаќа остра болка во грбот, цела се парализирам, неможам ни да дишам од болка. Тоа наеднаш ме фаќа кога се наведнувам да кренам нешто, и цела се укочувам, исто како со нож да ме забодел некој офкам. И така си седам укочена 40 мин и пискам како мачка пред парење, дури после тоа можам да мрдам. Само ми е страв некаде надвор да не ми се деси тоа кога сум сама со децата.
     
    На Skyler и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Женски
    Не бе, ова не е нормално. Јас на мм му кажав на 40, 40 дена ќе ми вадат ко шо сум тргнала :rofl::rofl:
    А ти со дијагноза си или во потрага ко мене? :^) Или трпиш? :bandit:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    21.625
    Пол:
    Женски
    Мене ми дијагностицираа реума, ама во потрага сум по тоа да дознаам која реума е :D.
     
    На Skyler и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.113
    Пол:
    Женски
    Нервно да се самораспуштат, јас од тука ќе дознаам шо ми е мајке ми :D
     
    На Adidas888 и Skyler им се допаѓа ова.
  19. Alexdesosa123

    Alexdesosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Здраво, еве веќе 3 дена имам страшни болки во левата рака поточно од шаката до лактот. Бев на дежурен синоќа екг уредно, ми рече док.можно е артритис или реума ама ете заради празници дури вторник ке одам кај матична. Дали вие што имате артритис имате такви болки
     
  20. Ahilias

    Ahilias Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Дали има некој контакт од Дубравка Антова реуматолог .?