1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Артроскопија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од dryad, 18 март 2012.

  1. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Ве молам ме интересира конкретното мислење на луѓе кои имале искуство со оваа интервенција или пак некој нивни близок (доколку имал/а) таков зафат?
    Има ли некој искуство со направена артроскопија?

    Артроскопијата е минимално инвазивна оперативна интервенција која се изведува со помош на ласер и минимални резови од 3-4 mm.
    Имам проблем со истегнати-скинати лигаменти на скочниот зглоб од глуждот и доктор специјалист ортопед ми препорача да направам ваков зафат како не би имала проблеми во иднина со:
    ...отоци,движење,пешачење...

    Читав и се информирав за темава ама ме интересира дали некој можеби се подвргнал на ваков зафат во минатото? Независно ... на коленото, дали на рамото, или пак на скочниот зглоб?-методот е ист.
    :worried: :worried: :worried: :worried:

    http://kanal5.com.mk/default.aspx?egId= ... 294&mId=37
     
  2. SuchaLady

    SuchaLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    16
    Пред две недели го повредив коленото при фудбал.Имав болки,не можев да газам,но сега по две недели го виткам коленото и не чувствувам болка.Но,два дена после повредата отидов на контрола,после и на ЕХО и е утврдена следната дијагноза:
    Помало количество на слободна течност во супрапателарниот рецесус.
    Уреден приказ на квадрицепс тетивата и пателарниот лигамент,како и на медијалниот менискус и медијалниот колатерален лигамент.
    Суспектна парцијална руптура на латералниот колатерален лигамент
    Лесна латерална протрузија на латералниот менискус
    Уреден УЗ приказ на илиотибијалниот тракт.
    После ехото ми кажаа да одам на магнетна резонанца бидејќи ништо не се гледало на ехо.Отидов на магнетна и уште чекам резултати но докторот кој снимаше,спомна дека имам некоја течност,нешто како бело се прикажуваше,и дека не треба да е тука,потоа и чашката била изместена и дека најверојатно ќе треба некој зафат.И докторот порано ми спомна за артроскопија,и сега исто,значи е неизбежна.Колку време трае опоравувањето? Сакам само да почнам да газам на ногата,не ми треба некое професионално бавење со спорт.Инаку ногата ми е веќе 2 недели во лонгета,немам ни еднаш згазено,и прилично мирувам..Ми требаат повеќе мислења... Дали некоја има правено артроскопија,колку време трае опоравувањето,за колку време ќе можам да носам штикли и сл.
     
  3. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    4.221
    Јас имам 16 години и имам правено артроскопија.
    Имав сложена фрактура на лактот пред две година и имав репозиција во градска после тоа нели гипс ова она па физикална.Скршеницата добро зарасна но и по неколку физикални и контроли сеуште имав ограничувања во движењата имав дури хипер екстензија ,но во свиткувањето односно флексијата имав големо ограничување и болки.Така после 2 години контроли и напраена магнетна резонанса ми кажаа дека имам коскен израсток кој што ја попречува флексијата.Слушнав мислења од неколку доктори и сите препорачаа артроскопија на лакт но никој од нив не се нафаќаше за оваа работа бидејќи никој не ја праел до сега.Артроскопија правев во ремедика ме оперираше словенски доктор имам како две мали гребнатинки на лактот воопшто не се приметуваат,операцијата ја правев на 19 јуни 2012 ,немав ниту гипс,ниту лонгета само завој и конци.После операцијата имав ограничување и во флексија и во екстензијја многу големи болки и потеченост,со физикална успеав да ја повратам екстензијата и малку флексијата но сепак треба многу време и вежбање.Сепак артроскопија е многу подобар избор за операција отколку класнично.
     
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Некој да препорача добар доктор?
     
  5. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Некој да правел скоро артроскопија на колено?