Здраво Феминки, не видов ваква тема но ако има слободно може оваа да лета во канта. Сакав да прашам дали некоја од вас има асиметрични гради т.е една поголема од другата? Значи јас имам и затоа ја и отворив темата да ми каже нешто повеќе некој ако знае за мојот проблем. Имам 14 год. и деветто сум и левата града ми е поголема од десната. Знам дека сето оваа е нормано а и плус во пубертет сум но не ми изгледа убаво и не се чувствувам пријатно, ни една моја другарка нема проблем како мојот, а и плус кога ќе пораснам и кога ќе почнам да си купувам работи што се носат без прслук нема да изгледа убаво бидејќи се гледа дека се различна големина градите. Читав негде дека као ќе ми порасне градата и ќе бидат иста големина само да почекам иако јас во тоа не верувам баш, а единствен начин да ми бидат иста големима е пластична хирургија кога ќе порасна ама јас тоа искрено не го сакам. И сега сум загрижена. АКО ЗНАЕ НЕКОЈ ПОВЕЌЕ НЕКА МИ ПОМОГНЕ ВЕ МОЛАААААМ!!!
Ќе се изедначат, можеби не целосно еднакви но нема толку да се забележува. Тоа се ти е од пубертетот и хормоните, не се замарај, ќе видиш на 19-20 години веќе ќе се намали разликата.
мене ми рекоа дека ми е од тоа, кога бев 8 и средно не сакав ранец - носев се на едно исто рамо. А знам дека многу девојки го имаат тој проблем, негде помалку негде повеќе се познава и зависи која како се изборила со тој проблем. Избори се и ти, труди се да носиш ранец сега додека растиш или ако приметиш дека го носиш од страна на поголемата града смени рамо. И вежби за гради види си на ју туб.
И кај мене е вака дури понекогаш ме фаќа страв и така да во план ми е да одам на преглед. Може не е ништо страшно али јас паничам па сакам да бидам мирна. Едната расне града другава слабо некако. Незнам што да применам барем да нема толкава разлика
И забите кога растат првите години не се сите исти па после се израмнуваат (глупа е можеби споредбава ама така е. Истото го имав како тинејџерка, видна разлика беше но ете сега скоро и да не се забележува. И брадавицата едната може да е поголема едната помала. Кога ке пораснеш ке видиш ако има голема разлика а не би требало да има, па не мора блузи без градник да носиш не е тоа ништо страшно. Ни па на машко некое тоа ќе му смета .
И јас додека бев тинејџерка имав така проблеми ама веќе имам 23 год и треба да е во нормала али може така и треба да биде природно едната помала,али ете таква сум паничар и затоа се распрашувам. И јас сум за слобода на гради ,градник носам само кога ќе искочам и кога сум на раб после слобода малце хехе
Додека растат градите оваа асиметричност е позабележителна прво поради големината на градите. Не се веднаш нели, големи па се познава едно балонче и едно ништо. Како што ќе растиш, ќе растат и тие, некогаш едната повеќе, друг пат другата. Никогаш нема да се изедначат, ама разликата и нема да биди толку забележителна. Кај мене е благо забележителна асиметричноста ама не ми смета, напротив правам често мајтапи на сметка на тоа. Ако десниот дел од прслукот ми се претура, левиот ми е таман (ова во пмс, не во пмс - десната ако ми е таман, во левата имам малку простор). Ама, носам спортски прслуци, на нив не ми се познава, а кога носам обичен е со корпа така да се си е таман.
Јас колку што знам никој нема симетрични гради, секогаш едната е малку поголема од другата. И со стапалата исто, може не е секогаш забележително ама така е.
Јас имам многу асиметрични гради од пубертет, па се до моиве 30 години. Многу ми пречи, секогаш едната корпа од прслукот ми е полу празна или пак другата ми прелева. Сум размислувала за пластична операција, но немам храброст. Но, читав по нет дека има и други такви девојки и жени... па што е, тука е.
Jas imam takvi gradi i za zal mislam deka odigraa klucna uloga vo bitni odluki vo mojot zivot.Blagodarenie na takvite gradi bev nesigurna vo sebe si,kasno pocnav so ljuboven zivot i propustiv bitni luge poradi sramot i stravot dali ke me prifatat takva kakva sto sum.Sega sum 32 i gradite se uste se takvi ne se izednacija,samo plasticna opercija bi bila soodvetno reseenie no so ogled deka e mnogu skapo,se pomiriv i se prifativ takva kakva sto sum.
Devojki Jas ja doev kerkata od ednata grada povekke i sega drugata mi e pomala Za nijansa Dali kje se izednaci sto mislite