1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асоцијален или со пријатели кои те исмеваат

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 18 јули 2011.

  1. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Пред некој ден дискутиравме со една другарка на оваа тема па сакам да чујам мислење и од вас.Значи, дали според вас е подобро да сте асоцијални (да сте повлечени) или да имате пријатели, но тие да ве исмејуваат?Што би одбрале вие?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    76
    Никогаш нема да знаеш дали те исмејуват денес најдобрите глумци се токму тие таквите пред тебе се најдобро зад тебе се најлошо , а да се биде асоцијален е многу лошо еднаш излегов сам во една дискотека и сите се џашеа кон мене и си коментираа види го гревче сам. Тоа е немаме некој избор и двете е лошо но сепак гледај кој се вистински пријатели а не само се денес со тебе а утре кој знае
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ем социјален ,ем со верба само во себе и никој друг !
    Штом еднаш ќе им докажеш дека со нивното т.н. исмевање се понижуваат себеси ,а не тебе ,ќе почнат да те почитуваат и да се плашат од тебе .
    Е*ати народод расипан ! :swear:
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ако некој некогу исмева тогаш тие неможат да се наречат пријатели. Во денешно време навистина е реткост вистинското пријателство и човек во никој неможе да има доверба но ако друштвото се исмева на него тогаш нема потреба да биде дел од такво друштво. Крај на крај можеби ќе има период кога ќе биде сам но со тек на време ќе стекне сигурно пријатели кои ако ништо друго барем нема да го исмеваат :)
     
    На Loruska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Oва се две зла.Ниту едното.Да сум асоцијална ми е скроз незамисливо,ќе умрам,еве сега,одма!А да имам такви пријатели...нема шанси.Под итна постапка ги праќам на психолог да си ги излечат комплексите.
    Ако за некого исмевање е начин на комуникација и секојдневен ритуал,за мене не е.Немаме што да бараме да се дружиме,ако имам јас толку маани или ми бара чарки за да ме исмева и обратно,а сепак,тоа е продукт на комплекси и завидливост.
    Јас разбирам саркастични досетки ко интерни шеги кои си ги правам и јас со моите другари и другарки,ама не се злонамерни,но обично ги користиме за други нешта,а не на лична сметка зошто нема нешто особено што мене ме засега и ми пречи кај нив,врочем ако има,не би се ни дружеле,но исмевање,потсмевање,никогаш...
     
    На makgirl, Loruska, Rose96 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас знам на моменти да бидам асоцијална и има периоди кога сакам да се зтворам во мојата соба и така сама со себе убаво да си поминувам. Добро тоа е нормално, на сите се случува.
    А има и периоди (обично тие доваѓаат откако ќе излезам од собата) кога сакам шо се вика на секое цветче да застанам и со сите да се дружам и да си разговарам.
    А да ме исмејува некој? Никако нема да дозволам. Па колку и да сум наивна и добра кога се работи за другарки нема шанси да дозволам некој да си поигрува со мене. Си имам свое друштво, луѓе со кој се знам и ги љубам и често си правеме шеги на наша сметка, но само тоа.
    Се работи и за став, дали на некој ќе му дозволиш да те исмејува или да се запрашаш зошто те исмејуваат.
    И се согласувам со Лилит, се работи за две зла.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Што ќе ти се такви пријатели. Ако се фатам да пишувам за нештата кои го прават пријателот пријател, ќе ја истераме работата.. Сепак и ние сме оние кои ги бираат своите пријатели, зашто да го поминуваме времето со некои суштества со кои не се чувствуваме убаво. Такви никому не му се потребни.
    Асоцијалност... Можно ли е такво нешто? Човек кој не се прилагодува со никого? Периоди да, секој има потреба да се сам некое време, но најчесто? Не би можела да издржам, ќе завршам во некоја психијатриска болница, со дијагноза шизофренија и поделена личност во која што оној ‘другиот ѓаол‘ ми е пријателче.
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Доколку те исмеваат тоа веќе не се пријатели, и нема потреба да бидат дел од моето секојдневие.
    Веднаш ги шкртнувам и ди енд, нема што да му ја мислам.
    А за асоцијална? Па не можам да се замислам како таква, како би опстанала.... т.е нема да опстанам никако. Потребна ми е комуникација и дружење.
    А ова за да те исмеваат пријателите, па мислам дека треба да дозволиш па да те погазат до толку, значи не зборувам за онака плескање во лице во вид на шеги и слични облици... туку она повредливото исмевање.

    Значи како и форумџиките над мене, така и јас ќе си кажам дека не сум ниту за едното, ниту за другото.
     
  9. programerka

    programerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    по мое, ако некој ми прави така (што, нормално, многу ме иритира ако е злонамерно) ја си земам за право да му вратам со дупла доза. така е ферски! и ај после пак нека се закача :D
     
  10. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Уф, незнам зошто толку ми е тешко да одговорам на ова. :geek:
    Но, сепак на мојот карактер би му одговарала асоцијалноста. Никогаш не ми ни требале таквите пријатели.
    Многу поубаво се чувствувам изолирана од целиот свет, уживајќи без таквите.
    [​IMG]
    :angel:
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ме исмејуваа и го избришав тоа друштво од животот, ЗАСЕКОГАШ (сега мислам дека ќе имам подобро друштво, паднав во друг клас, усвари намерно го сменав кога требаше да се одлучиме за подрачје, ова неверувам дека ќе ме исмејува за нешто, ВОСПИТАНИ се ДЕВОЈКИВЕ, со нив се дружам последните 2-3 месеци, супер ми е ;) ), повеќе би останала асоцијалана ако ме исмејува и би побарала во некој љубов можеби;)
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ни едното ни другото. :)

    И јас си имам такви моменти, кога сум баш асоцијална, од соба не ми се излегува и сакам да сум сама. Но за среќа тие моменти не траат долго, потребно ми е дружење, излегување, муабет... Потребна ми е комуникација. Значи дека не би можела да издржам долго така.

    А од друга страна, исмејувањето е дури и полошо. Не можам да ги разберам таквите луѓе, но за жал во денешно време ги има многу. Никој не смее да дозволи да биде исмејуван и понижуван, на таквите треба да им се врати со иста мера, можеби тогаш ќе станат свесни што прават.
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да си асоцијален...Јас имам друга ситуација-секој пат кога ќе излеземе сите заедно тие си имаат нивни тајни кодови и тајни разговори, а тие ме викаат да излезам со нив.Кога ќе ги прашам за што зборуваат ми викаат-Не мора да знаеш или Не го познаваш...Иако сме заедно 8 години, и јас знаев дека не се добри другарки и дека се многу себични, сепак останав со нив...Вчера ми пукна филм и им реков-кога ќе одлучат да се вратат во реалноста да ми се јават, а до тогаш да го заборават мојот број ]:) |(
    Сакам да го кажам ова-повеќе не постојат вистински пријатели...И тие што сте мислеле дека се добра опција само за искачања можат да ве изнервираат...Затоа најдобро е да си бидеме пријатели самите на себе, и да се потрудиме да најдеме некој што ќе биде блиску до зборот пријател... :emo:
    [​IMG]
     
    На The.Rainbow и smiley-94 им се допаѓа ова.
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Сум била јас во ваква ситуација, и одбрав да бидам асоцијална. Подобро тоа отколку да се натпреварувам со другарките која ќе биде подобра г**олижачка на претседателката на класот. |(
     
    На TheKiketoo, sanjalica и LGBT им се допаѓа ова.
  15. Kim.Kardashian

    Kim.Kardashian Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Јас покрај сите супер одговори кои ги прочитав би додала дека во човечката природа најзастапен е законот на реципроцитет...тоа што го сакаш најпрвин дај го..ако сакаш да не бидеш исмејуван..едноставно не исмејувај
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.460
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Подобро ќе сум асоцијална, како што сум, отколку некој да ме исмева и понижува.
     
  17. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Никое не е добро од овие две, али кога веќе морам да бирам:Асоцијален дефинитвно.
    Другарите кои те исмејуваат не те ценат, не знаат да те ценат или воопшто не те познаваат како личност.Подобро никакви отколку такви.
    И да Charmed-во право си.Јас би рекла дека постојат ама се многу ретки.
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас сум асоцијален тип и воопшто не се дружам. Имам некои пријателчиња онака со кој комуницирам ама не сум некоја приврзана за тие пријателчиња. Избегнувам, несакам некој/а што ќе ми виси во животов редовно, несакам таков вид на пријатели што сакаат да знаат се, што во се се мешаат, озборувачи итн. Не се дружам, мразам луѓе, убаво ми е сама и немам таква потреба да имам другарка со која редовно ќе си го имаме идими дојдими. Порано имав, ама сега несакам, незнам од која причина ама ете, несакам. И општо избегнувам луѓе, некој ќе си помисли наперната или незнам каква но таква сум си. Многу мразам кога на пат ќе видам некои пријатели од пред 100 века и да застанам со нив. Мразам да ме прашуваат што има ново, мразам бош муабет. Кога ќе здогледам некој таков оддалеку си ја вртам главата демек не сум видела, за да не застанам. И многу ми е убаво, си уживам во мојата самотија, си верувам на себе, немам потреба на другарките да им шлапам што ми се случува за утре да се пазам која шлапала настрана. И да, имам сестра. Повеќе не ми треба.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Исто! Не дека сум мизантроп, ама порастот на луѓе расте, а интелигенцијта е константна.
    Ај грешка, да не зборам за овакви работи, да не ми рипне некој.
    Ама стварно не ги разбирам тие друштва, демек сложно фатени за раче, а позади грб... лом прават. Квалитет! Кога се работи за луѓе, заборави на ебаниот квантитет.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ^Се согласувам. Сум била во такви големи друштва кои се состоеле од неколку алапачи. Седам со едната на кафе таа ја озборува третата, па потоа обратно и.т.н. Си велам којзнае тие две кога се заедно што шлапотат за мене :^) Сум се дружела ради забава, ради што ете, сум била во годините кога ми требале пар другарки до мене за секој случај. Ама сега веќе не. Имам како што кажав неколку пријателчиња, комуницирам но до одредена граница и се дистанцирам секогаш. Имам другарка од основно и средно знаеме еднаш во 3 месеци да седнеме да испиеме по едно кафе дал јас кај неа или таа кај мене. Имам комшика со која комуницирам и се дружам ама не ми е составен и битен дел од животов, туку онака, си се наоѓаме за некои работи, услуги итн. И сметам дека овака е подобро отколку да имам некои што ќе ми се моткаат у животецов, ќе сакаат да знаат се за подоцна да шлапотат по народ. Вака повеќе ценам, ништо сериозно но сепак фино. :) За разговори од животов ја имам сестра ми на која можам да се потпрам секогаш и се да и кажам без страв дека утре по градов ќе ме озборуваат.
     
    На sanjalica, angelce1 и Magnolija им се допаѓа ова.