1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асоцијален или со пријатели кои те исмеваат

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 18 јули 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Уф, ЛГБТ, па ова се две екстремни ситуации и искрено не знам која е полоша.

    Асоцијален? Јок, не е за мене и не сакам асоцијални типови. Таквите луѓе, а сум сретнала такви во животов, потоа немаат основен сенс не само за најнормална интеракција и комуникација со луѓе, туку немаат ниту капацитет за емпатија. Чуднички се, си живеат во некој свој свет, затворени сами во себеси и само ако некој се обиде малку да им посегне или навлезе во тој нивен свет реагираат бурно, дури и агресивно. Јас би се согласила со Лилит, тука само психолог помага...во потешки случаи за жал и психијатар.
    Човекот е по природа друштвено суштество и не ни прилега ниту е нормално да бидеме асоцијални и сами цел живот. Секој има периоди кога сака да е сам, да исклучи, да си ги среди мислите, но комплетно да се изолира од се што е човечко па и нечовечко едноставно не е нормално и тоа потоа создава простор за други девијантни начини на однесување.

    А вториот случај ми содржи малку контрадикторност. Дали ако некој те исмејува ти е пријател? Јас не би рекла дека такво нешто постои. Оној кој ти мисли лошо не ти е пријател. Оној кој си мисли дека некоја твоја особина е вредна како тема за оговарање и пред се за злонамерни цинични забелешки пред други луѓе, не може да ти биде вистински пријател. Така да таквите луѓе јас лично не ги ни ставам на листата - пријатели. Јас своите внимателно ги бирам односно сум ги одбрала. Секој може да се изгори нормално, но тие што ми се мене пријатели мораат да ме заслужат мене и јас морам да ги заслужам нив. Во мојата најблиска околина нема простор за неискрени и зајадливи суштества.

    А асоцијалноста е за мене мисловна именка. Нескромно и одговорно тврдам дека сум екстремно друштвено човече. Обожавам контакт со многу луѓе, сакам да запознавам нови, интересни фаци, да си направам муабет дури и на автопат додека патувам а сите коли стојат - и јас тука одма застанувам до камионџијата од Богданци и го прашувам - како патот мајсторе? :D , во продавница, ма билокаде. Некогаш си викам - леле мори Пирамидо ко татко ти стануваш, со сите да си направиш small talks :D
    И ептен сакам да си се соберам со луѓето кои си ги сакам, на едно место, па дури и ако истите порано не се дружеле - и во такви моменти на минута стивнувам и ги надбљудувам сите како се смеат, се забавуваат и си велам - е ова ти е живот, погледни ги колку им е забавно а јас впивам од сето тоа. Нема поубаво нешто - мајке ми :) Каква дрога какви бакрачи - еден час со вистинските луѓе на билокое место е подобро од тристотини забранети хемиски субстанци :D
     
    На LGBT, Sparks, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Мислам дека асоцијален не е вистинскиот збор за оваа паралела што се обидуваме да ја направиме.Асоцијалноста не значи повлеченост,туку веќе претставува пореметување на личноста, порано ваквите луѓе ги нарекувале и психопати или социопати,во зависност од тоа, до кој степен е изразено нивното девијантно антисоцијално однесување.
    Асоцијалните личности неможат да го контролираат импулсите,покажуваат недостаток на чувства во однос на другите, се работи за егоцентрични личности, себични, луѓе кај кои не постојат никакви знаци кои укажуваат на каење, чувство на вина или било каква друга емоција.Ваквите личности се комплетно неморални и не чувствуваат никакви емоции и при вршење на најгнасни и најзлобни дела.Не можеме да ги споредиме ни со криминалци, зашто и тие го разликуваат доброто од злото,имаат емоции,чувствуваат љубов,ако не спрема некој друг,барем кон своето семејство.
    Појавата на асоцијалните личности е многу ретка и процентуално се јавува кај 3% од машката популација и 1% од женската.
    А пријатели кои те исмеваат???...
    Убаво кажа Пирамид, тука веќе не станува збор за пријатели.Ситуацијата не ми е непозната,сум имала прилика да се најдам во друштво,каде некој постојано ќе се потсмева на туѓа сметка, но таквите личности кај мене предизвикуваат чувства на сожалување.Најчесто тоа се луѓе,исфрустрирани од самите себе си, незадоволни од својот живот, луѓе кои сакаат да привлечат внимание во друштво и остават впечаток,на тој начин што ќе ги исмеваат недостатоците на другиот,притоа затскривјќи го својот „прљав веш“.А кутрите не се ни свесни колку ниско и ефтино делуваат нивните финти и дека на тој начин добиваат само негативни поени.Ако им се возврати на ударот со шега на нивна сметка,веднаш се лутат,избувнуваат, театрални се,знаат и да направат сцена без разлика каде да се наоѓаат - едноставно неубава глетка за околината и непријатна ситуација за сите што ќе се најдат во неа.
    Ако треба да правам избор помеѓу двете наведени групи,асоцијална и пријатели кои исмеваат, тогаш не би избрала ни едно ни друго, ова би му дошло како ситуација, што е полошо,змија да те апне или магаре да ти го бапне? :?:
     
    На faye, Trendafilka, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Е сеа, изгледа како да сум некој психопат. Добро можеби асоцијален не е многу добар термин.
    И јас сакам да зборувам и тоа со сите. Пред неколку месеци кога ме испудија од час, си седнав до една трафика со едни дедовци, си запалив цигара, тие почнаа да ме караат и ехеее каков муабет почнавме.
    Додека патувам, обавезно сакам да си најдам некое другарче за муабет. И кој не сака да запознава интересни личности?
    Само не ми се јасни луѓето што ја стават групата пред човекот. Некои кои бараат нон-стоп друштво или пак има и такви, што постојано бараат внимание. Некои кои неможат сами да донесат одлука и кои не можат да се потпрат на самите себе. Е ако се споредам со таквите, јас испаѓам валјда психопат и мизантроп и уште што друго не.
    Сакам да станам рано наутро, да си пиам кафе, да си читам фемина. Потоа да читам книга, да гледам филм, да се дружам со моите, да се смеам со сестричката. Да отидам кај другарката и да направам здрав муабет, да се наполниме со позитивна енергија и потоа ајде чао, може мешање со други луѓе. Е таму муабет колку сакаш, и дружење и сл. Ама да одиш таму и да веруваш дека сите ти се сестри и браќа од различни родители и сите ти се форевар енд евер... Е така е во мојата околина.
    Порано имав проблеми во друштвото, затоа што често сум одбивала да излевам со нив, а сум излегувала со други. А јас тој период запознав мн интересни личности, и зошто да не излезам со нив на кафе?
    Е за тоа зборам. Индивудата јас ја сакам.
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Магнолија, па према сето ова што ти си го пишала, не ми изгледа ко да си асоцијален тип...или ти имаш чуство дека си?
    Јас не би рекла. Асоцијалните типови се навистина случаи за на психијатрија, сосема сериозно и без иронија.

    Меѓутоа еве сега те читнав и претходно и сега, ти ги спомнуваш друштвата каде секој со секој се оговара (според мене ова не е друштво на пријатели, ова ти е од зорт се здружиле и колку да не се без ич излегуваат заедно а уствари едни со други не се поднесуваат и таквите не ги почитувам јас лично) или пак зборуваш за таквите кои друштвото го ставаат пред себеси, пред сопствената индивидуа (што за мене е повторно симптом или на младо пиле кое сеуште се бара и се развива, односно расте, или на постаро пиле кое во текот на својот емотивно-физички развој се изгубило негде на патот и сеуште не може себеси да се пронајде па својата личност ја претвара во еден вид на копија на она што се другите).
    И овие групи на луѓе се сосема екстремни случаи и немаат врска ниту со асоцијални ниту со пријатели кои те исмеваат - ок освен можеби првите, ама за нив реков, тоа не се пријатели.

    Човек може да е индивидуалец, да се разликува, да биде свој, да биде оригинален но тоа не значи дека е асоцијален - тој сепак може да биде најдружељубивото суштество на планетата.
    И да, ако е некој пак дружељубив не значи дека секој пат и секогаш интересот на другите го става пред себеси. Оно да, пожртвуваноста е некогаш доблест, но некогаш укажува на тоа, особено ако е претерана, дека човекот станал муле, а престанал да е - човек со свое јас :)

    Еј ама се раздумав и распишав...интересна тема, ајмо још да дебатираме :clap:

    И овај да, те разбирам делумично, мајка ми од пред некое време почна да ми тврди онака баш сериозно - ќерко, почнав да мразам луѓе, ама сериозно :D
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ЛГБТ ако добро те сфатив ти прашуваш дали е подобро да имаш "пријатели" кои не заслужуваат да го носат тој назив или пак да ги игнорираш таквите и да бидеш сосем сам.

    Личностите кои се такви, недружељубиви, интровертни и затворени веројатно се такви како последица на некое пропаднато пријателство или некоја нивна издадена тајна, па кога еднаш се изгореле не сакаат тоа веќе да го повторат. Ама има една работа - Каде пишува дека ти на пријателите мораш да му кажеш се, па тие евентуално да го прекажат тоа? Јас сум пријател со доста луѓе, па речиси никој од нив не знае се за мене, за она што го правам јас кога сум сама и кога никој не ме гледа. Пријателка сум со многу луѓе, би им помогнала, би пиела кафе, ама тие не се замена за личен дневник. А такви најблиски имам 2. Ако некој се запознае и по 2 дена го прераскаже целиот свој живот, притоа не познавајќи ја личноста, многу нормално е дека може сето тоа да се каже на трета личност. Затоа тие работи се кажуваат кога ќе се увериш дека на тој што му го кажуваш е ЧОВЕК.

    Јас си имам една теорија - златна средина, имам доволно пријатели, ни премногу ни премалку. А исто мислам дека луѓето од категоријата б) - оние кои исмеваат се најасоцијалните од сите, заради тоа можеби тие имаат пријатели на фејсбук, но тогаш кога најмногу ќе им треба пријател, нема да имаат никој. Никој не е луд да помогне на некој што го исмевал, а вистината е дека на сите понекогаш ни затребува пријател, ако не нешто друго да не тапне по рамото и да ни каже дека се ќе биде во ред. Така да тие исмевачи не ги мразам - жал ми е за нив, и среќна сум што ги немам многу, многу во животов. Ќе дојде време ќе сфатат и тие дека си прокоцкале многу пријателства кога се што ќе имаат е присилено, уштоглено друштво колку за да излезат да не им биде досадно, иако никогаш нема да си го признаат тоа.

    Асоцијалните не ги разбирам - не можам да разберам човек кој не сака да слушне нешто поинакво од својот живот, да учи од туѓите грешки, да запознае многу светови за меѓу нив да си се пронајде и да си изгради свој личен свет. Не разбирам како некој може да е толку себичен и сите емоции и чувства да си ги држи само за себе.

    Значи пак - златна средина. Пријатели кои се сосема на место (Идеални луѓе не постојат, не смее тоа да се заборави). И да, ако еднаш сме се нашле во друштво на тие исмевачите, не значи дека не можеме да се тргнеме од нив и да си најдеме пријатели кои повеќе ни се компатибилни карактерно. Можеби тие таквите се карактерно погодени со друг тип на луѓе, а не со нашиот. Затоа колку луѓе - толку карактери - толку различни односи во пријателствата.
     
    На Gea, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Пирамида јас не зборам само за оговарање, на никој не давам многу материјал за да ме оговара. Ама сум гледала кубење коси поради тоа и клипови и уште какви се не кавги.
    Мене не ми смета да се дружам, ама немора тоа одма да биде проследено со ветување на вечно пријателство. Факт е дека не можат сите да ти бидат другари. Ќе седнам ќе комуницирам со било кој, ќе уживам во разговорот, ама треба да се има некоја дистанца.
    Ти си повозрасна и позрела од мене, сигурно си сретнала повеќе луѓе од мене, интересни и досадни, повеќе си прошетала и повеќе знаеш. И сигурно имаш пријатели со кој можеш да направиш здрав муабет. Ама јас кога ќе седнам со другарки, цело време само се оговара и се збори за вчера како сме си поминале и за вечер кај ќе одиме. За машки и нивните женски и сл. Епа јас тоа неможам да го поднесам. Јас сакам разни теми за муабет, интересни разговори.
    Па затоа поарно би седела дома, отколку да правам празни и бош муабети. Затоа зборам за квалитет.
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    со тие што ме почитуваат ќе се дружам, ама со тие исмејувачите -НЕ фала, не заслужуваат пријател како мене! Подобро сама, отколку во друштво, од кое кога ќе си дојдам дома да сум нервозна и лута!

    иначе зошто асоцијален? напротив, ако сакаш да се дружиш со луѓе кои се добри, кои не те исмејуваат-значи си социјален, и ќе си најдиш такви пријатели!
    тие кои исмејуваат се асоцијални, зашто не знаат што значи да си социјален!

    малку ги исплеткав зборовиве, ама се разбравме :D
     
    На sanjalica и 1234girl им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас пак ич не сметам дека сум за на психијатар, сама себе доволно си помагам, иако индиректно ме испративте таму :D Асоцијална сум и убаво ми е.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Немам луѓе во животот кои ме иссмеваат, а ми се блиски, таквите не заслужуваат епитет пријатели, и да ги имало, одамна сум ги пречкртала и ми се на црната листа.

    Дали сметам дека е подобро да си сам, отколку со лицемерни, зли и неинспиративни пријатели?
    Да, потпишувам со двете раце.
    Додека не налеташ на подобро друштво, вистински пријател и квалитет, немам потреба од квантитет. Навистина немам.

    Јас навистина немам сила, ниту живци на 25 години да трагам по нови пријателства, нови луѓе и преку ноќ некоја да ми стане bff.
    Да не се разбереме погрешно, отворена сум, дружељубива, не ми пречат нови лица, ама не им ја гледам поентата.
    Имам навистина широк поглед кон нови светови и авантури, ама си имам
    една најдобра другарка
    еден близок братучед што ми е како брат
    и си го имам дечкото.

    И безрезервно им верувам, и може да се потпрам на нив, секогаш, во секое време.

    Слично како Офи не гледам поента да се удружувам интензивно со секој кој ќе седне до мене, само за да светот не рече - леле, види ја сама пие кафе.
    Порано ја правев таа грешка - интензивна дружба со нови колеги, колешки и ништо убаво не сум видела од таквата дружба.
    Таквите ми ротираат само, не се задржуваат во мојот живот и јас немаат таа привилегија да ме имаат во нивниот.
    Таквите ми се познаници и ништо повеќе.

    Немам желба да застанам на улица со истите и да тераме плитки муабети, па едниот да извади мобилен, да запишеме бројчиња и да се договориме за имагинарно кафе, кое ниту сакам да се случи, ниту ќе се случи некогаш.
    Таква потреба немам.

    Имам многу капацитет за дружба, ама не си го трошам залудно и беспотребно.
     
    На thinkerbell, 1234girl, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Животот ме научи да не верувам на секој.Кога ќе се разочараш- се е подруго.
    Така да,верувам само на најблиските.Асоцијална не сум до толку,буквално со никој да не комуницираш,не бегам од дружба,ама не секоја ми е драга.Затоа и најубаво се чувствувам со моите.Сум живеела порано во свет каде мислев сите ми се другари,не верував дека има покварен народ.Искачав со секој познаник на кафе,се слушав по телефон,а за другарките,прст во оган ќе ставев...сега сум благодарна што си ја сфатив грешката и што уживам само со најблиските..едноставно не сакам да се зближувам со секој,од прво познавање -ајде на кафе.Можеби во нечии очи сум асоцијална-во одредена доза,но поубаво со еден проверен до тебе-а тоа е дечко ми и сестра ми,отколку со лицемерие на куп :puke:
    Таквите друштва каде секој на секој нож во грб,а а пред луѓето ми се прават демек ние сме тие,сложни браќа и сестри, ми се не толку одвратни колку што ми се смешни.:puke:
    А исмевање-е нешто што најмногу презирам.Не ги поднесувам луѓето кои исмеваат туѓи недостатоци а не пак да ме исмеваат мене.Нема потреба од дружба со нив-чао-пријатно.Таквите се лекувачи на сопсвените фрустрации преку исмевање на други.Јас велам-нека се погледнат прво тие самите-па потоа нека исмеат друг :fubar:
     
    На 1234girl, Offspring и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Луѓе да не забегаме од темата поточно да се сфатиме погрешно .
    Асоцијални ? Ако има такви на форумов Бог нека им не напомош :worried: :?:
    Многу поточно и подобро би звучело помалку социјални .Значи тоа се луѓе кои немаат толкава потреба од луѓе околу себе ...

    Мој пример..
    Имав другарка кој нон стоп беше со некого т.е некоја ... Значи мислам дека единствено место кај што беше сама беше тоалетот :!: . И еднаш одиме в град требаше да се раздели пошо на друг крај живее ...Кога почна една паника ... Ау те молам дојди (не од страв ) од фактот што ќе биде САМА за прв пат по кој знае колку време . Почна девојчево да се паничи да ме влече ај кај мене па вака па така , леле колку имам сама да одам ... Леле чудно ми е .. Итн ... А беше 5-6 напладне .Јас ваква :o .Едвај ја убедив се иплашив жими се значи колку е само зависна од луѓе и тоа не е на арно :x .И сега ја гледам знаете колку е социјална , самоуверена на прва ама уствари многу несигурна и многу зависна ! :!:
    Сакам златна средина :) ... Јас не можам да се замислам без момент за себе , без ден за себе без никого .... Го обожавам чуството кога летам со мислите кога сама шетам . Кога јас сум си центар на светот ...Тоа за мене е нормално . Човекот на тој начин се зацврстува , како индивидуа станува понезависен , посмел.
    Што се однесува до ова што би одбрала . Тешко ептен тешко ама мислам гордоста не би ми дала да дозволам да ме измеваат константно . Така да би ме снемало од таа тајфа .А кога веќе би останала не би им оставила покусо ќе стрелам со исти куршуми а меѓеубреме си барам чаре .
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не се сметам себе си за асоцијална, напротив мислам дека ептен сум дружељубива.
    Имам потреба од луѓе, од склопување нови познанства, од повремена дружба, од излегување и кафе-мафе муабетчиња. Жал ми е само што луѓето се` се повеќе во фаза на истребубавање и изумирање.

    Слично како и Трендафилка, со влегување во нова средина имав интензивна дружба со оние на кои им бев нова, пријатен разговор, чат-пат ќе си ја кажеш маката, радоста, ќе се насмееш...и тако даље и тако даље, се` додека не го сфатив токму она што и го кажува Трендафилка-ништо убаво не сум видела од таквата дружба...напротив не ми ни биле пријатели, само познаници, лицемерни створења кои повремено од корист се појавуваат и потоа пуф-испаруваат.

    Дека не им верувам на луѓето, не им верувам... во денешно време за да најдеш вистински пријател треба малку повеќе да се потрудиш, а оние другите, оние кои ќе те тапшаат по рамо, а потоа уз кафе со некоја своја пријатељица ќе си се посмеат на твоја сметка...е нив ги има со лопата да ги ринеш. Од таквите бегам, не ги регистрирам, може само во нивен стил лицемерно да им се насмевнам и да ги отпоздравам, а да се дружам- нека хвала, не треба. :!:

    Си имам мал број, тесен круг на вистински пријатели, оние на кои можам во секое време да им се јавам и да се потпрам, ги имам моите родители на кои беспрекорно им верувам, кои ми ја пружиле сета помош кога и да ми била потребна, ја имам сестра ми, го имам мм и ќерка ми. Доволни ми се, ја заслужиле мојата љубов, моето внимание и јас сум тука за нив секогаш кога и да им требам. :)
     
    На 1234girl, Trendafilka и maca99 им се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Асоцијалните личности не ми сметаат, секој има свој избор со какви личности да се дружи и колку да се дружи. Пријатели за исмејување имаат осмоодделенки, помали од нив и поголемки, кои сеуште немаат изградено свое јас па се изложени да трпат секакво исмејување и потпртнување.
    Едно време јас бев kinda weird. Сите ме прашуваа зошто молчам во друштво кога главни теми беа -види ја оваа каква е, види ја онаа каква е и други типови на озборувања |( . Трпев секакви муабети и дури свесна бев дека ме оговараат и исмеваат. Но полека ставив крај на таквите глупости. Едно време од другарки бев приморана да не се дружам со други личности освен со нив :fubar: . Ма дааај кога ќе ми текне се што сум доживеала ми иде сите да ги испообесам. Од секакви срања сега имам 2-3 најдобри другарки со кои можам да споделам се. Асоцијална или било каква да сум таквите гнасотии ги избришав од животот. Сега ми е мерак да се дружам, колку можам се дружам, сакам и повеќе ама нема. Нема такви луѓе за душа, да седнеш асален муабет да правиш. Затоа во мојата ситуација повеќе бирам асоцијална. Знам да си уживам сама со себе, да си читам книга, да гледам филм, да дремам по фемина, па и по дома работа ли нема. Уживам и во деновите кога со овие 2-3 другарки знам да откачам и да се изналудувам. Како така ми минуваат деновите и нема простор за кукање, задоволна сум за досега постигнатото.
     
    На 1234girl, thelittle17, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    Ги прочитав сите ваши постови и само едно не ми е јасно.Дали има личности што патат од зависност по секоја цена да имаат другарка?А тие типови како да ги наречеме?Пресоцијални,предружељубиви демек?
    Свака му на част на некои форумџивки тука што напишаа постови оргинални-ислам како што и впрочем е во секојдневието.
    Асоцијален?
    А каде прочитавте вие дека асоцијалните се за на психијатар?Мислам малку офф топик али не е така.Под асоцијален не се подразбира психопат бре дечки,туку личности кои ете можеби не сакаат да се дружат баш со сите или личности кои се мноооогупати изгорени од такви ПРЕСОЦИЈАЛНИ личности.
    А лично јас кога би бирала овде помеѓу вашиот избор веднаш би избрала да бидам АСОЦИЈАЛНА подобро сама отколку со некои истрауматизирани личности.
    Јас лично сум многу комуникативна и дружељубива личност али не патам од комплекс постојано да бидам опкружена со секакви луѓе околу мене.Па се разбира дека не може сите да ти бидат најдобр пријатели.Па јас сум сигурна дека сите овде немате повеќе од 2-3 најдобри пријатели.Сите други што ги класифицирате како пријатели се всушност познаници.
    И за на крај ќе ви кажам една мисла-И ДА МЕ МРАЗИШ И ДА МЕ САКАШ,СЕПАК ПОСТОЈАНО ЌЕ ТИ БИДАМ ВО МИСЛИТЕ.
    А јас мислам дека доколку некој мрази има причина за тоа значи дека има нешто квалитетно кај мене што на xxxx личности тоа им боде очи..!!! :D
     
  15. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Пријатели кои ме исмеваат? Па зарем имаат големи комплекси, немаат самодоверба па единствена работа во животот им е да исмеваат другите. Така само тие губат. Колку ми е жално за таквите личности. Навистина жалосно. А со тоа не треба никој да се расочарва И да имаш такви пријатели до тебе, сметам дека со текот на време ке сватиш какви се.
    А исто мислам дека не постои личност на овај свет кој неможи да се вклопи во ниедно друштво, па да немаш ни еден другар или другарка
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Има.
    Тоа се оние ликови кои не можат да се замислат сами на прошетка, не можат да испијат сами едно кафе или да појдат сами да си купат едни гаќи што се вели.
    Зависни се од некого покрај себе - мајка, сестра, бартучетка, другарка, очајно по секоја цена сакаат да се во друштво, дали се плашат од самотија, или од сопствената немоќ, неснаодливост и самите себе...
    Неретко се прилично досадни од што се очајни и сакаат да се пикнат некаде, да се инфилтрираат, зашто ќе премолчат и озборување и навреди, по цена на едно имагинарно другарство...

    Мене ваквите ликови ми се крајно антипатични, нестабилни и ги карактеризирам како плашливци.
    По секоја цена да трупам пријателчиња, за да светот не рече - види ја, има само една другарка, лелееееее друштвото им брои петорица, со столчето заедно.

    Подобро биди си сам од вистински причини, отколку со некој од погрешни.
    Ова, како важи за љубовта, така и за другарството.
     
    На Strumfeta93, Rozich, WinnieThePooh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Споредбава ми е некако многу екстремна, едново е психолошки случај кој колку толку зависи од тебе и тоа како ја доживуваш околината, како резултат најчесто на некоја психичка траума, а второво е секојдневен случај кој зависи од тоа колку некој има слободно време за, извинете на речник, јадење гомна, грубо речено. Ваљда авторот сака да спореди - сам или со пријатели кои те исмеваат, не знам.
    Ама знам дека асоцијален тип е навистина човек за на психијатрија, и под никој случај не е човек што седи на форум, па вие колку сакате може да се самопрогласувате за асоцијативни. И не, никогаш не би одбрала да бидам асоцијална, исто како што не би одбрала да бидам со пријатели кои што ме исмеваат. А и нема многу избор тука, или си асоцијален или не си, не можеш да бираш. Не може никој да рече ај од утре ќе бидам асоцијален.
    А за пријателите, можеш да одбреш дали ќе продолжиш да им дозволуваш да те понижуваат или ќе им кажеш кај им е местото, или едноставно ќе си заминеш од тоа „друштво“ и ќе бидеш сам/ со друго друштво/ сериски убиец или како и да е.
    За понудениве опции, ниту една не бирам, која и да ја изберам ќе се изгорам, а јас и оганот одамна сме скарани. Ако друштвото ме исмева, ќе си направиме еден муабет и или ќе продолжиме сите среќно и весело, или јас си заминувам и си продолжувам со друго друштво. Сама не сум во секој случај, а и не би сакала ни да бидам.
     
  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Подобро сам отколку во лошо друштво.

    Што ако се пријатели и се постојано со мене ако ме исмеваат и не се чувствувам удобно во нивно друштво, нема фајде од дружење со нив. Може да се попушти и трпи некој период, но со тек на време попушташ психички и да сакаш неможеш да продолжиш понатаму, а светот не е мал, луѓе има еден куп, меѓу нив и потенцијални другари, другари пријатни личности со кои тие мерак да направиш муабет и да другаруваш.

    Значи или сама или друштво кое ми одговара, не трпам јас вакви мајмуни. :punch:
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не сум асоцијална воопшто, напротив сакам луѓе и сакам дружба. Близината со пријатели,колеги, познаници ја правам т.е ја дефинирам границата до каде може да се оди. Добро ти мислат само тие што ти се по дома а од пошироката околина кога тогаш ќе осетиш некоја негативна вибрација. Секој е помалку или повеќе себичен и љубоморен само разликата е во контролирање на овие 2 карактеристики.
    Иако понекогаш имам потреба да бидам сама, искрено кога сум уморна од дешавања, случки...и кафето да го испијам или со тој до мене мм па макар и потполно сама со себе.
    Разбирам шега со мерка и граница па и на моја сметка, ама секогаш ценам кога е добронамерна а кога злонамерна. Не би дозволила некој да ме исмева а ако се случи тогаш тоа би бил мој неуспех или лоша проценка за пријател, другар, колега. Таквите не ни сакам да се во мое присуство а и подобро да бегаат :) да не ги јаде баба меца :D
     
  20. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Пред некој ден бев повикана на една дружба и решив да бидам искрена, да не лажам и измислам изговор, наместо тоа отворено кажав дека и да дојдам на таа дружба нема да се чувствувам пријатно.
    Во наредниот саат, сите кои се почуствуваа “навредено’’ од мојата искреност, ме навредуваа до немај каде, се истураа на мене!! ;(
    Тоа премногу ме повреди, затоа што мислев дека ми се вистински пријатели на кои можам да им кажам се!
    Сеуште ми е тешко кога ќе помислам што се ми беше кажано, огромни невистини!!!
    Една другарка почна да ме брани, се свртеа и против неа!
    Првиот момент се покајав што бев искрена, за подоцна да сфатам дека подобро порано што дознав кој што навистина мисли за мене... иако пак ќе кажам, сеуште ми е тешко, ги сметав за блиски...