1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асоцијален или со пријатели кои те исмеваат

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 18 јули 2011.

  1. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    И јас си го имам поставено прашањево и од моево досегашно искуство заклучив дека доклку немам вистински пријател во близина не треба да паничам или барем да не го покажам тоа, да западнам во депресија и слично туку да го искористам она што ми се нуди.Човекот е роден да живее во заедница а не сам,понекогаш стварно толку многу ме нервираат моите дома што ми доаѓа на никој да не му правам муабет!Ама така не бива.Истото го мислам и за сите останати кои ме опкружуваат.Искористете го она што ви се нуди па макар и исмејување ама се со граница :!: .Малку тие малку ти ќе видат нема зафркавање со тек на време ќе се променат работите а ако не се променат постапи како што ти одговара.(И јас едно време си мислев подобро сам одколку со некој што ме исмејува или не ме дружи или штознам што,ама не е подобро сам!тој што останал сам ама сам во права смисла на зборот знае!!!)НАЈБИТНО е да си вртите вода во своја корист и се да правите како што вам ви одговара!За тие што се себични,не глумете мајка Тереза вратете им со иста мера,зашто ако не го направите тоа тие нема да ги видат работите од вашиот агол,можеби ќе им се промени мислењето.Бидете итри,нема да ви биде совршено ама барем нема да бидете сами,којзнае уште кој може да запознаете покрај тие “будали“,можеби ќе најдете некои по норамлни па ќе си оформите друштво..Се си има позитивна и негативна страна,јас ги набројава само позитивните за да ги охрабрам оние кои првпат се соочуваат со ваков проблем,затоа што сметам дека ова е подобра одлука одколку да и се препуштиш на депресијата.
    Само внимавајте памет во глава,се со граница и стоете си на зборот,ако ставите крај нема назад! :!:

    И,да една мисла некаде ја прочитав и сакам да ја споделам со вас „Ако животот ти нуди лимон ти направи лимонада“.

    Не ме сваќајте погрешно,себична и сурова ме прават околностите,знам јас како треба да се понашам со оние “понормалните“ не ги ставам сите во ист куп.
     
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Со пријатели па какви и да се. Уствари, мојата гордост не би дозволила да сум со такви кои ме исмеваат. :!: Нема да ги наречам пријатели. Во секој случај би имала пријатели, можда лажни, ама пријатели. Па на крај краишта, зошто да ги предремам дома најубавите години? :^)
     
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
  4. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Асоцијална дефинитивно !
    И онака располагам со многу ниско ниво на самодоверба, па уште пријатели што ме исмеваат ми фалат :/
     
  5. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Асоцијална! Секогаш го практикувам тоа, подобро сама одколку да бидам во заблуда и да мислам дека имам вистински "пријатели". Никој не е совршен, и нема право никого на исмејува, без разлика за какво исмејување станува збор, меѓутоа во денешно време исмејувањето е "нормално" за многумина а и многумина го практикуваат :envy:
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Подобро сама отколку со лажни пријатели !!!
     
  7. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Асоцијален.
    Подобро тоа отколку со пријатели кои ај што ти се лажни туку и те исмеваат.
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Абе како можам да се дружам со некој/а кога знам дека ме мразе,дека не ме поднесува,дека постојано ме исмејува или озборува..Па тогаш за какво дружење зборуваме..Дали целта на вечерта е да сум во круг на (не)пријатели по цена да сум излезена и да отидам во некое си диско/кафич,па демек еве и јас шетам,да не речат другите оваа е проста,глупа,затворена.
    Не,си имам достоинство и се држам до моите цели.
    Кога би излегувала со кој било само за да бидам излезена тогаш би се деградирала самата,бидејќи сум излезена со друштво со деградирани мисли и идеи,впрочем не би можела да ги наречам здрави,затоа ако се нормални не би исмејувале некој друг.
    Подобро една саботна вечер ќе поминал играјќи farma или city vile,или пак пиејќи топло нескафе или топло чоколадо и јадејќи од најубавата пица што ја готви мајками,отколку следниот ден да слушам саркастични празни зборови од уште поглупави луѓе. :x
     
    На london-girl и bubuce им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Нечие исмевање нема да ме натера да бидам асоцијална во никој случај, а пак најмалку да го дадам вниманието некому кој не заслужува. Јок! Без таа личност ама социјално.. со дружби и постоења!
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Кога би била строга границата и би морала да избирам помеѓу овие две, би избрала асоцијалност дефинитивно. Подобро да сум сама, макар и во најтешките моменти, отколку да имам лажно рамо за плачење. Не би имала потреба од лажни пријатели.
    Плус, друштвото е релативна работа. Можеш да најдеш и други искрени пријатели. Подобро да имаш пар луѓе на кои можеш да им веруваш во секој момент, отколку милион кои ти се смеат зад грб и те повредуваат.
     
    На bubuce, LGBT и heart.stealer им се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Асоцијална.
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Јас не сум за асоцијалност.
    Ако имаш пријатели какви-такви ќе научиш да комуницираш со луѓе. Кога ќе научиш да комуницираш со луѓе ќе можеш и да си бираш пријатели.
    Прво не мислам дека од старт некој ќе те зема под своја закрила само за да те исмева. Исмевањето доаѓа нешто покасно, а веќе кога ти си остварил комуникација ќе можеш уште многу да остваруваш.
    Асоцијалноста е друга. Асоцијалноста не е намалена самодоверба, туку немање самодоверба што за мене е дупло полошо.
    Сам не се живее.
    Барем со луѓе лесно се манипулира.
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Нит едното нит другото. Не би можела да се замислам како асоцијална персона, а пак уште помалку да се најдам да посветувам време на луѓе кои си тераат подбишега со мене. Од мене ним два збора и крај. Само дружење со позитивни персони, дека за безрбетници кои им недостасува сопствен живот не можам да им надоместам и да им го сервирам мојот. Бирам среќа и големо ДА за сите насмеани фацки.
     
  14. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Бев во ситуација имав другарки лицемерки всушност неможам ни да ги наречам дека ми беа другарки... Дојде момент кога морав да престанав да комуницирам со нив и останав без другарки речиси 3 години. Многу ретко излегував од дома се затворив скроз во себе зашто не сум личност што се пика секаде и ми беше тешко да се здружам со некој се додека еден професор од средно господ здравје да му дади ја разбра мојата ситуација и ме советува да идам во невладини организации. Е таму се препородив. Станав комуникативна личност, дружељубива почнав да излегувам со ново друштво кое ми одговара се зближив со нив премногу и многу си ги сакам сега. Почнав да живеам нормален живот како секоја девојка и преубаво ми е. Сега ги надокнадувам изгубените 3 години нонстоп сум со другарките уживам едноставно. На никој не би му посакала да има такво друштво, а доколку веќе имате не се плашите да останите сами подобро сам отколку со лицемери. Сигурно и вие ќе најдете подобро друштво баш исто како мене! Позз
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Подобро сам отколку во друштво во кое не се чувствуваш убаво. Јас така функционирам и баш ме карактеризираат како недруштвена, мада нз зашто. Мене па баш понејасни ми се оние кои од страв да не останат сами поминуваат низ сито и решето, непочитување, исмевање, јавно понижување, како за пријатели, така и за дечковци...

    Родителите и роднините не може да си ги избереме, пријатели, дечковци, сопрузи можеме. Затоа, најздраво и најразумно ми се гледа да направиме избор кој нам ни` одговара пред се`.
     
    На crimson, JoxyTheFreak и baby-star им се допаѓа ова.
  16. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Асоцијалнааа рулззззззззззззз!
     
  17. lonelyheartsclub

    lonelyheartsclub Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Asocial and fabulous. 8)
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Асоцијалност и пријатели кои те исмеваат немаат ништо заедничко. Но доколку постојат треба да се работи на нивно отстранување.
    Пријателите кои те исмејуваат треба да се елиминираат, се тргаш настрана од нив, не комуницираш, не ги почитуваш и крај. Нови пријатели секогаш можеш да најдеш но секако без очекувања за некоја си верност.
    Асоцијалност е психички проблем, и никој не треба да си го дозволи. Треба сами со себе да се борите да се победите ментално и да се појавите во средината. Спремни за предизвиците.
     
    На Nausicaa и crimson им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.430
    Пол:
    Женски
    Јас би го избрала првото. Ми се гади од луѓе кои пред мене се океј а зад мене зборуваат се и сешто, исмеваат и секакви глупости кажуваат. Од таквите се тргам настрана.