Астма

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Tribbiani, 4 декември 2010.

  1. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Подложна сум на астма предизвикана од временски услови...
    Ве молам дајте ми совет како да се справам со тоа :(
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.962
    Значи имаш астма?Тогаш мора да применуваш редовна терапија...Со таблети и пумпици.Што користиш?
     
  3. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Користам пумпици флексотиде и вентолин и спреј за во нос флексоназе, но се плашам да не станам зависна од нив и ке морам постојано да ги употребувам :worried:
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.962
    Е па тоа е редовната терапија.Мајка ми има астма веќе неколку години...Користи Вентолин и Фликсотиде пумпици и назален спреј Фликсоназе плус пие и аминофилин таблети и лоратадин по потреба па сега види колку многу терапија со години...Мораш редовно(секој ден) да прскаш од пумпиците тоа знаеш нели.Меѓутоа многу би ти помогнало да одиш на чист воздух по неколку дена.Инаку вака кога е влажно времето се чувствуваат тегоби.Ти си млада и ме чуди како од сега ти се појавила астмата?! :( Ама за жал не си сама има и многу помали има дури и малечки дечиња...Се ова е резултат на нечистиот воздух кој предизвикува алергии...па тие заедно со потешки форми на опструкции предизвикуваат астма.
    Инаку мајка ми беше два пати во Отешево на терапија и тоа многу и помогна.
     
  5. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Ја користам редовно терапијата, инаку додека не ја користев т.е пред да ми се установи астма бев нон стоп со бронхитис и опструкции и примав инекции и кога сум на чист воздух осеќам дека немам потреба од пумпи и спреј... Сепак ти благодарам за разговоров :)
     
  6. Meri23

    Meri23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Imam 6 godisno dete. Vo poslednite dve tri godini deteto stana alergicno na polen i kako rezultat na taa alergija pocna da dobiva bronhoopstrukcii i posle tretata obstrukcija ni rekoa deka deteto ima alergiska astma i go stavija na fleksotide ama se plasev deka ke stane zavisno od fleksotideto pa pobarav i drugo mislenje. Bevme kaj dr. Marija Hristova i taa i dade terapija na baza na morska voda i postepeno go otfrla fleksotideto. Uste e rano da kazam za rezultatite od taa terapija ama detevo e dobro sega zasega.
     
  7. Meri23

    Meri23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    i jas se plasev deka moeto dete ke stane zavisno od fleksotide pa zatoa go odnesov kaj privatna doktorka i taa i prepisa terapija na baza na morska voda i sega za sega sum zadovolna.

    [mod-kirilica:2pduqmbb][/mod-kirilica:2pduqmbb]
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.962
    Meри баш убаво што ете му помага...сепак е малечко и уште стекнува имунитет.Се надевам дека за скоро ќе се среди.Меѓутоа во текот на животот може, не дај Боже пак да се појави алергијата и опструкциите...Значи никогаш не можеме да сме сосема сигурни дека нешто е целосно излечено...Најважното е чистиот воздух.Колку можеш почесто да го носиш детето на престој на чист воздух...посебно на оние така наречени воздушни бањи.Што почесто тоа подобро и за неговиот имунитет и за алергијата.
     
  9. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    694
    Дали астмата може да се јави и наследно ? Бабата на дечко ми починала од астма (не земувајќи ја редовната терапија).Сега и нему му се јавуваат некои проблеми со дишењето (ми го опиша тоа како снемување на воздух на час по физичко,и плус ми се жалеше на некоја нејасна болка во градниот кош :^) )..Ме интересира кои се другите симптоми на оваа болест,и кои прегледи треба да се направат за да открие дали е астматичар ?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.000
    Допаѓања:
    134.956
    Пол:
    Женски
    Mоже да биде наследна, но не мора да значи дека сигурно ќе ја наследи. Освен предиспозицијата за астма, постои и фактор околина (во каква средина растел), како и тоа дали имал бронхиолит, бронхитис или слични заболувања во раното детство.
    Основни симптоми се недостаток на воздух, брзо и плитко дишење, ноќно кашлање, кивање, болка/притисок/стегање во градите.
    Може да има и чести симптоми на настинки или алергии, со затнат нос, отежнато дишење, често кивање и кашлање после физичка активност, замор, вознемиреност, главоболки, проблеми со спиењето. Мислам дека се прави спирометрија, да се провери протокот на воздух во белите дробови, евентуално се снимаат белите дробови, мислам дека дури и се прави алерго тест, за да се исклучи постоењето на алергени кои би предизвикале слични симптоми како астмата.
     
  11. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Да астната може да е наследна, треба да одиш на клиника и таму ќе добиеш најстручен совет при тоа ке неправат некои испитувања а Метахолинскиот тест (го прават под дејство на провокации при што телото реагира на тоа) и е токму за астма и за откривање дали се работи за астма или нешто друго...
     
  12. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    Кај луѓето со Бронхијална астма дишните патишта се осетливи. Кога овие луѓе се изложени на одредени предизвикувачи, нивните дишни патишта се стеснуваат отежнувајќи им го дишењето. Кај астматичарите, дишните патишта се стиснуваат поради тоа што понекогаш има вид алергично воспаление каде што нивната внатрешна слузокожа создава повеќе леплива течност (слуз). Исто така понекогаш мускулот што ги обвиткува дишните патишта се стегнува предизвикувајќи сличен ефект.
    ако имаш астма оди на терапија лекувај се!
    [​IMG]
     
  13. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    8
    Taa arostia ja izbrav bidejki postoi kaj mene isto kaj mojot soprug.Postoela kaj mene od mala nemav nekoe polosuvanje kako sega mojot soprug od malecok bil vo bolnicite za damu go podobrat disenjeto.Pred dagi napravam raznite ispìtuvanja da doznam sto imam.Imav zabrzeno cukanje na srceto,gusenje,kaslanje,nemozev dase dvizam toa bilo od Astmata.Nemozam da podnesam jaki mirisbi,sredstva za cistenje,prasina,cvekinja i dr.Bi sakala dami pomognete so sto kemi oajasnete poveke za ASTMATA kakva bolest e,pokraj alergicnata i bronhitnata postojat li drugi,osven vrodenata imat li drugi Astmi.Primam lekovi razni sto treba da se zema za da se podobri.Po jako kaslanje doaga do povrakanje i gusenje kaj mene dali e od Astmata oti mu go kazaa doktorite toa.Pisete mi poopsirno za Astmata.Vi blagodaram i ve pozdravuvam.

    [mod-kirilica:26t58nxe][/mod-kirilica:26t58nxe]
     
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    И јас сакам да знам нешто повеќе околу астмата.Ми рекоа дека имам астма,а исто така патам и од алергии.Примам терапија,бев кај д-р Дејан Докич еден куп тестови ама некако не ми е се баш јасно,а и таму е секогаш гужва и докторот е во брзање неможам ни да разговарам со него онака полека се да ми објасни.Исто така почнав и вакцини да примам против домашна прашина и полен,од германија ги нарачуваат,и 3 месеци морам да ги примам еднаш неделно.Но со тек на време со секое одење таму добивам поинакво чувство,сите се вакцинираат,сите скоро слусам иста терапија примаат,дури и против алергиите.Се мислам да не е некој бизнис тоа со вакцините,зашто вакцинирањето трае 800 евра,а секое боцканје таму земаат по 400 денари.
    Ако си ги примал вакцините демек 10 год.ќе си далеку пораат,јас скоро почнав па подобрување можда ќе осетам тек од пролет.
    Извинете повеќе напишав за алергиите него за астмата,но за астмата ми кажаа само дека имам од направените тестови ми дадоа терапија и друго ништо не ми кажаа...јас сум збунета некако,можда оваа астма не е којзнае каква него како последица на алергиите се појавила.
    Ве молам кој има слично искуство нека ми пише.
    Ви благодарам.
     
  15. Ladyy.Marmalade

    Ladyy.Marmalade Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Astma Bronchiale - Бронхиална астма ПОМОШ !

    Значи вака .
    Уште одкако сум се родила, кога сум имала две недели сум добила бронкопнеумонија, и од тогаш моите родители неможат глава да крена со мене а уште помалце јас самата. Цел живот сум со првин настинка примам терапија а тоа се влошува па санува бронхит па се влошува па настанува пнеумонија со опструкции. Имам истрошено 3 здравсвени книшки, тешко на мојот организам ако почни да зборува за тоа колку таблетки имам испиено. Минатата година во април бевме на екскурзија во Италија, на пат тргнав со инекции и со системи но сето се случи на брзина и заминав. Откако се вратив по два дена ме запреа на болница и открија дека имам астма. Лежев тогаш 10 дена ме пуштија со вентолин фликсоназе и вентолин. Подоцна ме побара докторот и ми даде серетиде ( дискус кој што е исполнет со прашок и прашокот се вдишува). Наместо ситуацијата да се подобрува јас крајот на септември повторно бев задржана на болница со влошувања на состојбата исто лежев 10 дена. Ме пуштија со истата претходна терапија. Сега во јануари - целиот распуст го поминав во болница. Толку беше големо влошувањето што настана рестрикција оштетување на белите дробови и лежев 15 дена. При испуштањето од болница овој пат зема ви капсули со селен и земав декортини (хормонски апчиња за дишењето). И евеее веке 2 ипол недели ситуацијата е ненормално влошена заникаде сум се гушам цело време добивам нападиии и докторот во болница не знаеше што да ми прави бидеќи имам само 18 години и тој вели дека мојот организам станува зависен од кортикостероиди . Утре треба да одам кај Др. Дејан Докиќ и ме интересира дали некој бил таму, дали е тој пулмолог или е алерголог. Што да очекувам уре. Многу ми е тешко, дали ќе ми помогни. Дали ќе се случи да ме задржи на клиника (докторот мој тоа и го очекува), Цело време сум со спреј беродуал бидеќи вентолинот ми ствараше тахикардии и се онесвестував а фликсоназе веќе не користам затоа што крвавев од носот.
    Дали некој бил во слична ситуација, дали некој некако си помогнал да ја ублажи астмата затоа што тоа неможи да се излечи.
    Секакво мислење е добредојдено.


    ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД !! :*
     
  16. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    437
    Astma Bronchiale - Бронхиална астма ПОМОШ !

    Проф.Др.Докич е специјалист интернист, супспецијалист пулмолог и алерголог.
    Подобар од него нема, човекот има измислено вакцина од алергија против полен, која се употребува во целиот свет.
    Добар доктор и човек. Јас лично многу го почитувам, што и да реши Доќич прифати го-и се ќе биде во ред.

    Ако со сигурност ти е дијагностицирана астма--докторите имаат една изрека
    Ако пациент со астма немоче да продише--да го смени докторот-затоа што денес има безброј третмани..
    Правилно е што ќе одиш кај Доќич.
    жал ми е што толу мала имаш здравствени проблеми...ама ќе биде добро..
    П.С.дали некогаш те испитале за цистична фиброза ?

    Ке биде добро--Доќич знае се
     
    На vaentina и Ladyy.Marmalade им се допаѓа ова.
  17. Ladyy.Marmalade

    Ladyy.Marmalade Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Значи да, сигурно сум со астма означена е.
    А како се испитува цистична фиброза?
     
  18. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    755
    Astma Bronchiale - Бронхиална астма ПОМОШ !

    Исто и јас би те охрабрила, да одиш кај др.Докич,знам дека е еден од најдобрите и се надевам дека ќе ти помогне. Има многу знаења човекот како што и спомна горе феминката. Инаку според моите едуцирања за астмата, видов дека можно е да се излечи, можеби не целосно ама 90%. За се постои лек така и за ова. Со среќа, посакувам докторов да ти помогне.
     
  19. Ladyy.Marmalade

    Ladyy.Marmalade Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Ти благодарам:D
    Само ме замисли ова со цистичната фиброза погоре :Z
     
  20. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    437
    ne se sekiraj, nemas cisticna fibroza...edna nasledna bolest so cesti bronhitisi....
    ama cim ti dijagnosticirale asma--znaci astma e...
    dokic ke ti napravi spirometrija, ke vidi so kolkav kapacitet ti disat plukata, gasni analizi, moze alergo testovi...i ke ti dade pravilna terapija so koja ke se osekas mn podobro...
    se ke bide dobro, prav doktor si izbrala