Можеш слободно да пливаш и да спортуваш без проблем. Пример Бекам е астматичар, ама сигурно си зема редовно терапија и затоа воопшто нема проблем да биде врвен спортист. Астмата не треба да е пречка за секојдневните обврски. Вентолин се зема по потреба при потешкотии во дишењето... Кога си возбуден, настинат, под стрес... Инаку не се користи секој ден, како би станал зависен од него? Можеш испитувања да направиш на пулмологија и во зависност од типот на астмата, специјалист ќе ти одреди терапија за да ти се олеснат симптомите и да не користиш Вентолин насекое.
со години зимам препишан од матичен и денес барав упат за испитивање на пулмологија некако ми е сумливо дека со години немав ништо и ај сега од еднаш пак и сумливо ми е без никакви аспитувања одма дијагноза астма
Како може матичен да ти дијагностицира астма и да ти препишува вентолин?! Мора прво да имаш дијагноза од пулмолог и тој извештај го доставуваш во досие кај матичен и една година ти важи и во тој период матичниот врз основа на истиот може да ти препише рецепт за вентолин, флексотиде,флексоназе и сл.
Без испитувања и без ништо, матичниот си ти препишувал вентолин да земаш со години? Не си играј со здравјето, не одат тие работи со обична контрола кај матичен. Појди на пулмологија а матичниот смени го, пошто очигледно појма си нема.
Матичниот да не ти работи семкар?како тоа на лепе очи ти дава дијагноза?тури му пепел,зимај документите и бегај од таму,додека не те раскостил со погрешни дијагнози и лекарства. Другар пред 2 месеца од погрешна дијагноза,заглави во болница каде што лековите му го направија пепел организмот,и моментално јаде со цефче.џабе се сега и тужби и све. Затоа водете ред каков матичен имате,не не бира нас матичниот,него ние го бираме него и он зима плата од нас пациентите. Направи си убави испитувања кај специјалист,па послем тоа ке си добиеш дијагноза,ако воопшто и имаш нешто такво.
Еве неколку основни прашања... Како се дијагностицира астма? Едноставно сама по себе се појавува, или после низа компликации ? Пример од бронхитис да прејде во астма, и сл. И дали може од алергија лечена-недолечена да прејде во некој облик на астма?
Прашањава ги поставуваш на дневен ред па кој како стигне да ги одговара или се директно упатени до мене како јас би одговорил и би го докажал моето познавање од темата за астма?
Во тој случај не гледам причина да не се постават овде прашањата па кој знае да одговори и некој со сличен проблем да се пронајде во одговорот.
Ајде ја да напишам реферат за тоа како јас ја стекнав мојата астма па може некој ке се пронајде. Имав постојана температура на мои 18 години и ме лечеа од сасвим 50 болести а температурата не прекинуваше.После 2-3 месеци во воена болница неуспешно лечење идам во државна и докторката од едно слушање вика ти имаш астма но мора да се направи алерго тест,спирометрија и век сум забораил што и најважен беше хистамински тест тоа ти е нешто као најачи доказ ако ја имаш. Знам дека на алердо тест ми покажа дека позитивен сум на дерматофагоиди и само на нив,спирометријата ми беше ужас (за тие што не знаат спирометрија е кога те терааат да дуваш во едно апаратче да проценатг колку можеш да издуваш воздух од белите дробови) и хистамински тест знам дека ми дадоа нешто као наргиле кое чадеше и тука знам дека ми се дури и слоши и едвај ме вратија назад и ми проценија колкава стапка на астма иам. Знам дека примав апчиња некои аминофилин ама у глобала ми беше кажано да примам flixotide нон стоп и да се влошува и не додека сум жив да ги примам а вентолинот по потреба. По години размах коа појдов на алерго тест испадна дека алергијата се додала па сега освен на дерматофагоиди бев алергичен и на полен од трева па ми препишаа и тафен спреј за во нос. Не пушам цигари од коа дознав дека иам астма а пред тоа бев пушач а напади добив два пати во тие 20 години и тоа зашто сум пафнал два три дима од цигара и сум ги вовлекол. Во врска со спортот иако не сум некој слаб дечко а не сум па ни буре иам јака кондиција и никад не ми попречила во тоа. Се трудам да ми текнат други работи кои може сум ги пропиштил ама у глобала кај мене е тоа. А да и викаат е наследна ама кај мене мајка ми и татко ми немаат,а за баби и дедовци поим неам
Здраво дечки, Ај моето патешествие накратко да ви го опишам па ако има некој стручен или мака слична што тргал нека ми објасни дали ова што го имам е астма или нешто друго. На мој 15 години поради чести настинки, затнат нос и обавезно прележување мали грипчиња, се решив со моите да ги направам сите испитувања. Покрај стандардни крвни слики прво што ме пратија беше на спирометрија. Резултат, добар, од тука на алергиологија во Охрид. По сите испитувања докторката вика алергичен си на кучешко влакно ама според ова што ми го кажувате и ова што го наслушав сметам дека на 25-30 години може да добиеш астма. (Искрено незнам по кој параметри го утврди тоа тогаш) За да немаме проблеми ќе ти дадам еден спреј ( пумпица) незнам како се викаше, која треба да го примаш една година за да не се случи астмата на 25-30 год. Си го зедов спрејот и си го терав една година, а во меѓувреме отидов во козле на второ мислење. Таму имав алерго тест каде што покажа дела сум алергичен на повеќе работи, домашна прашина, трева итн., ми направија и снимање на носните шуплини со камера каде што открија потечени ноздринки како резултат на алергии. Ми дадоа спреј за нос против алергии и дома. Ги примав работи како што ми кажаа една година и после ова 15 тина години немав проблеми освен нормални настинки преку година, па имаше и две три години на мои 27-28 год кога одев на море не ме нфи фаќаше настинка преку година. Е сето ова се промени минатата година, ме фати јака настинка со јака кашлица. Матичен ме праќа на интернист каде што докторкава ми вика астма. Мене коса ми се крева. Ми прави ренген слика, крвна слика нема ништо освен минимално покачени леукоцити што и беше нормално за таквата состојба. Девет дена примав инфузии по што се чуствува одлично. Ми даде докторката и спреј флексотиде да примам една година. По ова за нецел месец ме фаќа тешко воспаление на синуси и одма на сумамед ме ставија. Помина и тоа. Во меѓувреме сам открив од што најчесто ме фаќа грлото и кашлица (орев, лешник). И си помина нова година си лапнав по празнизите едно парче баклава. Ете ти беља, болка во грло и кашлица од плуќа, гргорам, ми бучи. Идам на матичен правиме крвна слика, нема ништо, ме слуша и вика на дробови не слушам ништо само на трахеи некое воспаление. Зедов што зедов терапија ама ден денес неможам да кренам глава бидејќи имам чести кашлици, често исфрлување прозирен слуз (да напоменам овде дека правев и брис од нос, грло и искашлок кој беа негативни) и она што најмногу ме плаши а тоа е грчење во градиве, некаде околу душник но не при вдишување туку само при издишување, ако се издишам наеднаш тоа ви е како да гасите стара правосмукалка а некогаш кркори. Дали некој од ова може да каже нешто односно дало ова е астма или каде би ме упатиле за подетален преглед околу оваа состојба. Поздрав
Zdravo na site.Imam problem so disenjeto veke tri meseci dva meseci kaslam suva kaslica ,steganje vo gradite i svirenje.Pocna odednas bez nekoja pricina so steganje vo gradite.Spirometrija,rendgen snimka i rezultati od krv se normalni no problemite prodolzija a uste nemam dijagnoza.Koj ima iskustvo so astma neka pisi dali e mozno da etoa astma i koj e dobar pulmorlog vo Skopje. Kamelija Busletik? Dejan Dokic? Ako nekoj bil kaj ovie kako da dojdam do kontakt?