Постојат повеке видови на астма. Кај матичната ке земеш упат за пулмологија, ке направиш испитувања и врз основа на тие испитувања и прегледот од пулмологот ке се дијагностицира видот на астмата. Отпосле ке ги следиш упатствата на пулмологот, редовни контроли кај пулмологот и ке примаш терапии и лекарства по потреба.
Луѓе денеска бев на болница, кажаа дека белите дробови се полни со секрет, и дека најверојатно имам астма. Е сега, др ми рече 5 до 6 пати дневно можам да се прскам со спрејот, од 13ч до сега се имам 3 пати напрскано,може некој да ми каже дали е штетен спрејот. Баш имам болки како некој со скршено стакло да ми ги сече градите. Што друго можам да се напијам, пиев Макропен, Проспан, Далерон ама ништо не ми помогна освен интервенската инекција од прегеска претпоставувам беше кортизол. @Alishan30
Во моментов многу ме болат и ми свират градите. Земав вентолин ама не ми помага воопшто. Што правите кога ви е олку лошо?
Дечки јас имав астма во детството, со пубертетот се повлече, освен по некој напад еднаш на неколку години од стрес, напрегање и преголема физичка активност. Но овие 2 недели ми се појави кашлица која не можам да ја дефинирам, особено ноќно време ме буди од сон страшно кашлање, како да ми се затвараат дишните патишта, снемувам воздух, не можам правилно да дишам, почнувам да бревтам. Не знам како другчие да го опишам. Не сум сигурна дали е астма, сум заборавила какво е чувството. Вие како би ги опишале нападите? И како се смирувате? Имам само вентолин спреј моментално, и лоратадин ми препиша матичниот. Не знам какви истражувања да побарам да се направат.
Здраво екипо, сакам да ве замолам за нешто ако може Правам дипломска работа на тема Астма, дали има некој заинтерсиран и доволно милозлив да ми пише и да ми даде податоци да можам да земам како анамнеза за пациент, човек што живее и се справува и ја контролира астмата, ми требаат информации за асматични напади, како траеле колку траеле, како ја третирате вие лично што ви имаат препишано, кога се јавила и тн и тн. Уствари мало интервју од мене до вас како медицинска сестра и пациент. Вашите информации се нормално анонимни, пациентот можам да го крстам и Петкана Цветковска тоа не е важно. Важни се податоците за вистински случај да пробам да најдам. Ви благодарам многу однапред
Здраво на сите. Пред две недели правев метахолински тест и ми утврдија Астма. Докторот ми препиша спреј Фостер, два пати по две прскања, но имав мн треперење на телото, посебно на рацете и нозете, па со консултација на докторот од Пулмо ми намали на едно прскање. Дали сте имале такво искуство, јас и со едно прскање осекам треперење на телото и тоа ме вознемирува. Ви благодарам!
Здраво. Пред 3 дена ми се појавија болки во градите. Повеќе беше како притисок и ми префрлаше на грбот. Мислев од алергијата или од цигарите дека ќе мине. Сабајле кога станав, почнав отежнато да дишам, буквално како да се борам за воздух. И имам краток здив. Кога зборувам многу се заморував. Вртев на докторката, отидов на итна дека недела ми направија екг добро беше и урбазон ме боцнаа. Ама симптомите се уште тука. Дали овие симптоми се за астма? И ако може да ми кажете добар пулмолог, Штип или Скопје што работи со фондот.
За спирометрија, на систематски еднаш правев и сега пак ќе имаме систематски и веројатно ќе правам, а мразам. Муабетот ми е треба ли некоја подготовка пред да дуваш? Мене тоа ми беше толку глупаво, значи дувнав слабо. Штипка на нос, апартчето во уста и дувај. Другарка на систематски открила проблеми со тироидната. Прашав како, епа си имала симптоми, вртоглавица, замор, повраќање, тахикардија како срцето да чува под грло и тврди дека и спирометрија од тие причини била слаба. Прашањето ми е, има ли некој совет како подобро да поминам?
И мене тој дел ми беше нај не омилен кога и да одев по доктори и прегледи совет...не можеш ништо посебно да правиш пред тоа, само нека не те фаќа паника, ќе седнеш, длабоко земаш воздух преку нос и силно испушташ преку уста. Ја секој ден сум вака со спрејот еве теши се со мене само не дувам толку силно на крајот, ептен да испуштам само воздух.
Немам астма или не знам, можеби имам. Значи прегледот ми е нелогичен, не можам да го смислам. Како измачување е самиот преглед. Штипка на носот, апарат во устата и вика дувај. Море каков воздух дишеме, леле, ништо чудно и астма да имам закачено. Во пмс имам пократок здив. Тоест и сега ќе сум во пмс.
Не е нелогичен, нервира малку ама го бараат на систематски. Преку дувањето гледаат капацитет на бели дробови. Јас ужас поминував кога и да правев