Да, токму така. Телесно гледано Марија и Јосиф на Исус му се негови биолошки родители. Затоа и се нарекува син човечки. Но духовно гледано Христос бил и е син Божји. Линк до одговорот.
Во Библијата повеќе пати е употребен тој израз. На пр.во Евангелието според Матеј 25:31 „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,„...
Во Евангелието според Матеј пишува и дека Исус е зачнат од Светиот Дух. 18. А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух. 19. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. 20. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: „Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; 21. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.” 22. А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: 23. И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог! 24. Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја.
Но пишува и Синот човечки... Прашање е дали навистина пишува дека таа зачнала од Св. Дух, или тоа само така се толкува. Имено: Значи има во неа нешто зачнато (а да зачнува може само маж) но тоа (душата) што велгува во телото кое е зачнато доаѓа од Светиот Дух.
Пророкот Даниел, а и Исус самиот себе си неколку пати се нарекол „Синот Човечки“. Читај Библија сестро, батали тие старците
@daylight едно нешто ми е чудно. Зошто ти во дебатите се повикуваш на Библијата, кога ти како верник на „Универзален живот“ јасно е дека не веруваш во Библијата, туку во вашата пророчица Габриеле Витек од Германија? Зошто ја цитираш Библијата да докажеш некои свои поенти, кога ти не веруваш во Библијата? Зошто едноставно не ја цитираш Габриеле Витек во која што веруваш дека е денешен гласник на Бог?
Затоа што Бибилијата е она кое што е познато на повеќето верници но и атеисти и бидејќи тие честопати истата ја цитираат. Патем не велам дека не верувам ништо од тоа што е изнесено во Библијата, туку дека таа за мене не е духовен авторитет. Тоа е стара збирка на книги во кои има многу нешта како митови и легенди, но исто така и вистина. Кога сакам да нагласам нешто кое го нема во Библијата или другите стари текстови тогаш ги цитирам и тие извори, што мислам дека може да се види низ форумов. п.с. многумина верници за врвен авторитет ја сметаат Библијата, па соодветно на тоа и ја посочувам.
Сепак тоа мене не ми е логично. Замисли сега јас да тврдам дека Марија не била зачната од Светиот Дух и дека Исус летал на метла. И ако некој ме праша зошто така веруваш, ја да му речам: Епа еве види тука во Куранот пишува дека Исус не бил зачнат од Светиот Дух, а еве види и тука во Хари Потер пишува дека главниот јунак лета на метла, а бидејќи според Ведите во хиндуизмот Исус еден од главните јунаци, значи тој летал на метла А згора на се, ја не верувам ни во Куран, ни во Хари Потер, ни во ведите, ама сепак селективно си ги користам по потреба за да си докажам некои свои тврдења. Зарем не е ова каша попара од верувања? Кои делови од Библијата ги сметаш за лажни, а кои за вистинити? И кој авторитет ти кажува кои делови се лажни, а кои вистинити?
Ако ги земете сите научни докази на сите религии, а тоа се пред се пишаните извори односно докази. Некои работи се повторуваат и поклопуваат. Според Куранот за муслиманите Исус бил пророк Исаија кој исто така бил почитуван и меѓу нив. Свети Јован се појавува со името Јахја Ибн Закарија во исламот односно во Куранот исто така е многу почитуван кај муслиманите. Не мора сега да се докажуваме кој е во право според различни извори и докази. На пример јас во поплава за малку ќе го загубев животот заедно со 2 муслимани. По несреќата моите заминаа кај свештено лице кое нема завршено никакво формално образование но според многу луѓе има способност да види работи од минатото и иднината. Тој живописно им раскажал што се ми се случил. Им кажал дека мене и муслиманите не спасил Јован Крстител поради фактот дека не ни било судено да загинеме тој ден. Дури и погодил колку точно луѓе сме биле на местото колку се спасиле а колку загинале. После тоа мене не ми е важно чиј син е Исус, само знам дека сите тие кои ги почитуваат вистинските вредности го почитуваат Бог од сите верски религии. Инаку свештеникот се вика Борче и од Куманово е. На многу луѓе им помогнал до сега дури и на мене.
@EvAngelos мислам дека не ме разбираш. Една членка погоре праша од кого бил Исус наречен Син човечки (и дека тоа било глупост). Јас на тоа одговорив дека тој израз повеќепати се сретнува во Библијата. Зарем требаше да одговорам: „знаеш тој израз се среќава во Хари Потер или во ведите или во објавите преку Габриеле„ кога, како прво таму не се среќава, како второ членката (претпоставувам) не ги познава и/или не им верува на спомнатите, но како христијански верник ја респектира Библијата. Логично е да се посочи во тој случај Библијата, зарем не? Во една друга прилика една феминка по вероисповед муслиманка рече дека според Куранот обрежувањето било задолжително. Јас го поставив прашањето во која сура и ајет (глава и стих) од Куранот се вели такво нешто? (за оние кои не знаат, самиот Куран никаде не спомнува и не бара обрежување) Зарем требаше да прашам каде тоа Библијата или каде Хари Потер го спомнува? Не е спорно дека во Библиjата станува збор за тој обичај меѓу евреите и тн. Но за неа како муслиманка авторитет е Куранот. Во овој случај сосема логично би било да се посочи Куранот, нели? Прашањево не е најдобро формулирано бидејќи за мене нема некаква специјална листа на лажни и вистинити делови. Како што ти кажа погоре јас верувам во вистинитоста на божествените објави преку гласичката Божја која дејствува во заедницата Универзален живот. Таму е кажано дека Бог е вечно струечка несебична љубов која не ги казнува ниту луѓето ниту бестелесните души и дека тоа им било објавувано на сите вистински пророци вклучително и оние кои по име ги знаеме да речеме и во Стариот Завет од Библијата. Но кога ќе се отвори стариот завет, на бројни места низ текстовите се добива слика дека Бог е осветник и казнувач, дури и истребувач на цели народи и тн. Очигледно тоа биле накнадно внесувано било од божјиот противник кој сакал луѓето да ги оддалечи од Бога - мирот и Љубовта, било од оние луѓе кои тие текстови ги составувале, редигирале па и преведувале а немале доволно прочистена свест, па внесувале свои интерпретации и представи во раскажаното и прераскажаното. Тука би можел некој да приговори па зарем Мојсеј, Исаија внесувале свои интерпретации во божјите објави?! Одговорот е НЕ, тие, пророците Божји, тоа не го правеле. Но оние кои подоцна, можеби и векови подоцна ги пишувале и потпишувале текстовите со нивно име, тоа го правеле. Тоа што некоја книга во Библијата носи име да речеме на пр. Книга Мојсеева или Евангелие според Лука, не значи дека навистина Мојсеј или апостол Лука ја запишале истата или раскажале. Во таа смисла некои делови не можат да соодветствуваат на вистината. Патем тоа е веќе нешто кое науката која се бави со критичко истражување на Библијата го потврдува.
Христијанин сум и ги славам празниците, ама не верувам баш во Господ или во библијата. Ама сепак верувам дека постои непто или некаква сила зошто има многу необјаснети работи што се дешаваат.
За да си христијанин треба да веруваш дека Бог го испратил својот син Исус да ги прими гревовите на луѓето на земјата. Ако не веруваш во ова, тогаш си неопределен верник.
Син човечки се нарекува затоа што излегол(се родил)од жена која многу нормално е човек. Затоа и Он се нарекува Човечки Син, кој е зачнат од Светиот Дух. Не е од животно роден па да е чудно зошто се нарекува Човечки син. Ако веќе се водиш по Библијата тогаш сигурно си видела дека во Евангелието по Матеј пишува дека е тешка од Светиот Дух. 19. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. 20. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: „Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; 21. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.” Зошто тогаш Јосиф сакал тајно да ја отпушти Марија? И зошто тогаш му се јавил Ангел Господов да му каже дека не треба да се плаши да ја прими Марија, жената своја, зошто зачнатото во неа е од Светиот Дух.(а не од друг маж) Дали мажот ќе има сумња ако има сексуални односи со жената и таа останува бремена? Или сомнежот се јавува ако е чиста и не направил ништо со неа, значи немал сексуални односи, а сепак е бремена? Второто ќе да е. Мислам дека доловив што сакав да кажам. Поздрав и убав ден
Па според библиското предание испаѓа дека е роден од жена зачната од светиот Дух, а не од луѓе. Зошто тогаш не би се нарекувал синот на жената и светиот дух? Тоа го пишува додуша во Библијата како и останатото што го цитираше, но дали е смисолот навистина тој или ние со денешни очи го читаме така? И не како последно, дали тоа вопшто навистина се одиграло така како што било прераскажано? На крајот од краиштата Матеј и Лука, или евентуално оние кои ги потпишале со тие имиња тие библиски текстови, за разлика од некои други случки опишани подоцна, не биле сведоци кога тоа се случило со зачнувањето и раѓањето. Инаку идејата за натприродното зачнување може да се најде и низ другите религии, на пр. во старата египетска религија или на пр. во хиндуизмот, секако ликовите се други и приказната оди нешто поинаку.
Дали ти(или јас) си човек покрај тоа што си жена? А не животно? Дали ако родиме син, синот ќе биде човечки син или животински? Нормално човечки затоа што од човек се раѓа. Тоа ти е исто како да кажуваш купив парфем денеска, фирмата не ја кажуваш. Не вршиш аналитика. Зарем мора да ја кажеш фирмата за тоа да се декларира како парфем? Не. Парфем си е парфем.Човек си е човек. Тоа ти е исто како човекот со аналитика дека е жена. Одговорот на тоа што го бараш е тука