@LegallyBlonde13 отворивме нова тема тука за зачнувањето на Исус, за да не одиме офф топик во темата Атеизам.
Дечки, ништо не менува вера-невера. Смртта никого не дискриминира. Таа има универзална природа. Па тек црната земја. Животи полни страдање, та дал си верник ил не - исто ти е. Глеј фокусот кон подобрување да е независен од вери/невери. Според мене нема разлика меѓу Атеизам и Религија. Тие се два концепта во непрестајна војна за џабе. Доволно проблеми има човекот воопшто, па уште со вакви конфликти да се занимава.
Некни гледав на јутјуб вести дека откриле лек против атеизам. Некои апчиња беа, се пиеле по две на ден после јадење на гладно срце. Ама големите корпурации ги кријат од аптеките зашто тоа им одговара на соросоидите кои сакаат да ја растурат Македонија која што постои уште од Ацета! Исто така имаше докази дека во вакцините ставале некој отров што предизвикувал атеизам. Лујѓе свестетесе у светот голема кампајња се води околу ова, а кај нас министерот кажа дека мора задолижително да се вакцинираат децата и дека ова немало врска со атеизмот. Демек ние немаме интернет и негледаме што се дешава у светот! При две очи слепи не прави!!1
Кратко, но фасцинантно научно видео чии аргументи порано ме убедија да го напуштам атеизмот и да поверувам во Создателот. Ако не ви се трошат 8мин, мотајте до 3:40, моторниот протеин е закон! Интересно за љубителите на информатичките науки е тоа што во овие микробиолошки машини имаме многу такви механизми: дигитален запис на информациите во ДНК молекулата, кодирање, декодирање, копирање на информации, зипување, шифри за препознавање од кој ген треба да се чита, ензимски клучеви за отклучување на реакции, пренос на информации, па дури и механизми за корекции на грешки (нешто посложено од битови за парност или Хамингов код). И за сите овие работи кај компјутерите сме свесни дека е неопходен хардверски и софтверски инжинеринг и некои со години го студираат ова, а за клетката не требало, таа можела случајно да си настане преку самоорганизирање на безживотните хемиски соединенија водени од слепите сили на природата. Yeah sure! Во ова ќе поверувам кога гром ќе удри во форматиран хард диск и ќе инсталира Windows 10ка
Вакви убави научни видеа ни пушташе на час професорката по биологија во прва и втора година средно. Како сите не сме станале и останале уверени верници поради тоа, еве не знам. Nice try.
И хардверот и софтверот исто како и клетката се способни сами да се делат, размножуваат, и така настанува апокалиптична инвазија на андроиди, сценарио од лош холивудски филм
Madlyn Murray O'Hair, Aмериканка, декларирана атеистка, во далечната 1959 година поднела тужба до врховниот суд во САД,против училиштето во кое учел нејзиниот син. По основа дека нејзиниот син бил малтретиран и дискриминиран пошто не сакал да ги посетува часовите по библиско изучување.Предложила да се укине верската настава. Во своето излагање навела дека е атеист и своето животно убедување го оправдала вака : ' Атеистот се сака себе и своите сограѓани,а не Бог кој не постои. Атеист мисли дека рај би требале да живееме тука,на оваа земја, во овој живот и сите да уживаат во таа 'привилегија'. Aтеист ни очекува ни се надева да добие било каква духовна подршка или утеха молејќи се на Бог. Атеистот знае дека сам е одговорен за своите постапки и за пронаоѓање на сопствен мир и хармонија, и да пронајде сила во себеси за да се соочи со сите животни проблеми и удари. Атеист верува во силата на сопствениот дух и во надоградување на истиот на пат кон остварување на животните цели. Атеист пропагира и бара место цркви да се градат болници и да се вложува во медицината,за живеење достоинствено на единствениот живот кој го имаме. Тој сака да се искоренат болестите,да се елиминира сиромаштијата,да се сопрат војните во име на религиите. Човек да сака и да почитува свој сограѓанец.' итд итд. По ова нејзино излагање врховниот суд донел одлука дека со задолжителното изучување на библијата,се повредуваат повеќе клаузули од првиот амандман и одма стапило неговото укинување. Знам дека кај нас до пред некоја година имаше предмет и тоа како знам задолжителен Веронаука,дали сеуште е предмет или укинат е ?
Во 6то одделеление има предмет ,,Запознавање со религиите" и изборен предмет е.Мислам дека уште го има како таков.
Точно така, сложени роботи кои се делат или размножуваат можеме да видиме само на филм, бидејќи такво нешто човекот уште не дизајнирал и покрај развиената наука и технологија денес. А замисли па некој да верува дека ваков робот може сам да настане со случајно спојување на жици, штравчиња, диоди, транзистори, кондензатори итн.
Штом верувате дека Исус бил создаден по духовен пат,од ништо нигде, тогаш нема зошто ни да ги исмејувате девојчињата што пишуваат во темата Интима, што веруваат дека ' Moже да се затрудни од перница, од премногу мастурбирање, од некакви си тушеви, од премногу гледање порно '. Kaрикирам малце ама поентата е таа. Толку разум држат и првото и второто.
Исто и вие, штом верувате дека живот може да настане од вода, воздух и прашина, тогаш нема зошто ни да ги исмејувате девојчињата што пишуваат во темата Интима. Исто така штом верувате дека од амеба може да настане човек, тогаш нема зошто ни да ги исмејувате девојчињата што веруваат во жабата која со бакнеж станала принц.
Многу забуни има во што (не) веруваат атеистите гледам, особено кај некој што тврди дека и самиот некогаш бил атеист. Човечкиот живот настанува во моментот кога фетусот ќе ја напушти утробата. А фетусот се создава со спојување сперматозоид и јајце-клетка. Овој елементарен дел од биологијата покажува дека митот за раѓањето на Исус е научно неточен. Повторно, не веруваме дека од амеба настанува човек, туку дека преку процесот наречен природна селекција организмите еволуираат од поедноставни до посложени. И ова не е верување, туку нешто што е очигледно и докажано со набљудување. Еволуцијата всушност го кажува токму спротивното од жабата и принцот, а ако размислам подобро, такви бајковити работи како претворање вода во вино и создавање риба од ништо се среќаваат кај религијата, а не науката.
Зошто животот настанува тогаш кога фетусот ја напушта утробата кога срцето почнува да чука уште во утробата? Бебето е живо многу порано пред да ја види светлината на денот.
Никој не ги исмева.Ама ние верниците веруваме дека Господ постои, не сме го виделе да, никој не го видел.Веруваме во делата на Исус,Мухамед и тако даље.Едноставно веруваме дека Господ постои и не сме должни да бараме факти дека тој стварно постои.А за тоа забременувањеата глупостите што пишуваат тоа се тролови кои пишуваат овде од чиста досада.И затоа се предмет на т.н ,,исмевање".Верувањето во Бог е духовно и умствено и со целото срце и разум а вервањето во зачнување на бебе е поткрепено со факти.Ме сфати веројатно што сакам да ти кажам.
Не зборев за човечкиот живот, туку општо за атеистичкиот мит за настанувањето на првата жива клетка. Атеистите веруваат дека таа не била создадена од Бог, туку дека настанала случајно, со самоорганизирање на мртвите хемиски соединенија. Затоа реков „штом верувате дека живот може да настане од вода, воздух и прашина, тогаш нема зошто ни да ги исмејувате девојчињата што пишуваат во темата Интима.“ Приказната на „девојчињата што пишуваат во темата Интима“ е далеку поверојатна од оваа на атеистите. Да де, од едноклеточен организам до човек така? Со таа разлика што магичното стапче кај жабата што станала принце е бакнежот на девојката, а кај атеистичката бајка магичното стапче е „времето“.
@Bitter-Sweet Мислиш дека ќе започнам да се натегам со тебе за абортус на темава? Nice try indeed. Значи така? Тогаш зошто употреби целосно нерелевантен контра-аргумент, кога се збореше конкретно за човечки живот (оној на Исус, да бидеме прецизни), а не за ензими? Ноуп, пак згреши. Како што кажав, процесот се вика природна селекција и воопшто не е случаен. Тоа е всушнсот многу неслучаен процес кој се базира на случајни мутации. Истребувањето на организмите со неповолни мутации и преживувањето на оние со поволни (што најчесто подразбира организам со посложена градба) е многу логичен и воопшто небајковит процес. Всушност, ова се случува во секојдневниот живот и тоа во time frames кои можеме да ги набљудуваме. На пример, ако некој работник во компанија има карактерискита полесно и побрзо да се адаптира на условите и барањата таму, логично е дека попрво тој би бил унапреден отколку неговиот колега кој уште е навикнат на старото работно место. Нема апсолутно никаква логика некој сега да се најде да рече ,,да бе, така случајно првиов работник е толку добар во својата работа". Сфаќаш колку е апсурдно?
Не. Мислам доволно јасно ми беше прашањето. Само прашав зошто мислиш дека животот на човекот почнува од моментот кога фетусот ќе ја напушти утробата а не од моментот кога има срцева реакција која значи живот. И движења плус.