1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атопичен дерматит

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Wild.Child, 9 ноември 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Атопичен дерматит или Егзема е алергиско воспаление на кожата, кое често се нарекува и детско воспаление на кожата, при кое се јавува сув, црвен осип при што кожата се лупи и кој обично многу чеша. Понекогаш од осипот може да излегува течност или да се создаваат красти. Обично се јавува кај мали деца откако ќе наполнат 2-4 месеци. Воспалението кај повеќето деца се подобрува како што детето расте. Иако причината за оваа состојба не е позната, таа обично се среќава заедно со алергиските состојби на астма и на сенска треска. Постои поголема веројатност да се јави ваква состојба ако и други членови на семејството страдале од атопичен дерматит астма или сенска треска.

    Го имам од бебе. Најчесто се појавува зиме кога времето е многу студено, но го има и лете. На почетокот ми се појави позади увцињата, па се рашири по образите, на раката кај зглобот, во превојот на лактите.
    Еден период се смири, но почна екстремно да се шири. Сега ми се појавува на лицето кога времето е премногу суво и студено, а секогаш ми стои голема рана на десната рака.
    Тешко ми е што го имам. И јас знам, а воедно и моите како ни било кога сме поминувале цели ноќи во плачење бидејќи не можев да спијам од што ме чешаше и печеше. Мислам дека се сум пробала, од мевлеми, креми, апчиња, масти... Сум била на повеќе кожни лекари, но резултатот е ист - афлодерм и лоратедин, ќе се среди... Најтешко ми е кога велат вака, а знам дека е неизлечливо. Може да се смири само краткотрајно и доколку престанам со лекарства повторно се враќа. Афлодермот не смее да се употребува подолго време (бидејќи е хортико, како и повеќе вакви масти и креми). Мислев дека откако ќе добијам менструација ќе се среди (впрочем така велеа и повеќе доктори), но го снема за 2-3 месеца во летниот период и повторно се врати. Еден период избувна многу. Ми беше цел грб направен и цели раце, но се смири. Сега е повеќе приметливо само во периодот кога сум во ПМС.
    На алерготестови не покажува дека сум алергична на нешто, а во мојата фамилија немал никој слични проблеми.
    Не е преносливо, но е многу невкусно за гледање и ми е многу неудобно.
    Често ставам Павловичева крема со АД капки, но има ефект во следните 2 часа и веднаш упива, па потоа се е по старо.

    Дали знае некој нешто за смирување ? Колекција, крема, мевлем или пак некој алтернативен лек ?
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Оф Вајлдче, познат ми е проблемот :worried: две мои блиски другарки го имаат - едната во ублажена форма а другата кутрата во потешка. Буквално од ништо им се појавува и се ги чеша. На еднава и се појавува околу очите а другата го има скоро на целото тело. Знам дека спие со ракавици за да не се чеша затоа што и се случува да се чеша дури до степен на крварење на кожата :(

    Знам дека кантарионово масло им помага и алое вера пијат. Употребуваат специјални креми богати со минерали, ама не ми текнува точно како се викаа. Ќе се распрашам поточно, па во ЛП можам да те информирам.

    Исто помагаат средства на база на сол од Мртво море. Еве толку знам засега.
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Пирамитке ако не ти е тешко, ако прашаш пиши. :)

    А за средства на база на сол од Мртво море можно е да помага. Башка што д-р Ежова ми рече дека ако отидам на море од морската сол и од самата клима може да ми се смири. Во Турција кога бев беше ок, дури и го снема. Фала многу, ќе се распрашам во аптека. :*

    За чешањето - чеша многу. Не можам да се контролирам се додека не пуштам крв, дури тогаш се смирува, па се враќа иритацијата повторно за некоја минута.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не ми е ич тешко, таман работа! За беља на едната другарка и носев специјална крема од Бајер, ама да ме утепаш не ми текнува како се викаше. А знам дека таа и помогна доста.

    Да, да знам точно за што зборуваш, ја гледам како се чеша нон стоп кутрата, многу иритира. А за тоа дека морето помага - е помага за билокаква алергија! Точно е тоа, солта многу смирува.

    Ќе се распрашам и ќе ти пишам без гајле, а засега пробај да се намачкаш со кантарионово зејтинче ако имаш :*
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Оу, моето не ме чеша, само е црвено и како да се лупи. Изгледа е само лишај.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Моето дете има дерматит, му се појави уште на 2 месеца. Тоа е генска работа, наследен е, за жал. Отидов кај повеќе др. и читав многу на нет. Ако го контролираш тогаш можеш и да го искорениш а лоша работа е што го намалува имунитетот и доведува по повеќе заболувања на грип и најлош исход астма. Многу зависи и од исхрана, не треба да се јаде се што има конзерванси, млеко, јајца, грав, свинско, соја, кикирики...
    Јас користам Мустела, бебешка колекција која е многу добра а исто така добри се и од Еуцерин. Имаат посебна колекција за дерматитична кожа.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Славица 999 не сум пишала од последниот пат кога прашував за еуцеринот , за жал ти ми погоди...
    И на син ми му утврдија дека има атопичен дерматит , душиче колку е исфрлено,не знам веќе што да пробувам :( . Го мачкав до сега со Еуцеринот и ако минатата зима ни помогна сега скоро ич :shake: ..
    До сега читав по разни форуми, и некои коментираат дека и од Мустела не се задоволни :worried: , и она што го рекламираат многу на телевизија сеа не ми екнува на името, ама знаеш за која долга реклама зборам со девојчето, и за тоа не им помогнало.. Мене сеа ми препорача доктор да му давам сируп Авил и уште еден сируп но сега ми е блокиран паметот , и од премногу информации не можам да се сетам како се викаше, а ми рекоа сега да го мачкам со синопен . Синоќа кога земав да го мачкам прочитав на синопенот дека не треба да се мачка на поголеми површини а на малово цели раце, нозе и меше му се исфрлени :worried: па го намачкав само на неколку места од страв да не му дојде мн...
    Не знам дали да го мачкам како на почетокот само со една маст од невен, таа во момент добро го смируваше , но никако не му исчезнуваа скроз...Од еуцеринов гледам некои му се сушеа и му се правеа како лишаи, па не знам дали е така подобро или да му биде нонстоп влажна кожата како што прочитав на некој странски сајт....А се изненадив кога прочитав на твојот коментар дека не смее и грав да јаде, зашто јас му давав , никој до сега не ми го спомнал гравот како нешто што може да му прави алергија. Јас не му давам јајца, преработена храна,и овошје кое спаѓа во групата цитрони.Ако си открила нешто ново на оваа тема, очекувам совет...Thanks :*
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Истиот проблем го имав и јас, а и го имам делумно, но откако ми помина пубертетот е смирено во секој случај. Порано имав на лице на образите, околу прстите на раце, на лактите. Сега на раце премногу ретко ми се појавува, на лактовите воопшто, на лице понекогаш но можеби се и лишаи или пак некоја поблага форма. Мене ми помогна маста Бутавате, не знам дали сеуште ја увезуваат порано ја имаше, околу 200 денари чини, грчка е. Ако не, кога ќе сте во можност купете ја околу 2 евра е во Грција, ја има и во аптеките во туристичките места. Иако не е ни малце препорачливо јас ја ставав и на лице, несакани ефекти може да се влакна, сега за сега немам толку забележливи влакна, можеби да не сум користела такви јаки масти на лице ќе немав воопшто, а можеби и немале никакво влијание. Сепак кога се работи за вакви непријатни работи особено за да се смири тој јадеж, би ставила кај и да треба. Пробајте ако ја најдете, ништо не губите.
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Најпрво фала за одговорот..А кажи ми таа маст дали е на природна база ? Некако со тие несаканите дејства ме замисли дека можеби не е .. Не за друго , сите имаат и несакани дејства , знам, ама бидејки треба да го премачкувам на многу голема површина од кожата па некои од тие креми не се препорачуваат :worried: .. Инаку сега се вратив на една природна крема мрсна па ќе видам пак дали ова ќе помогне :(
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не верувам дека е природна искрено, а за несакани дејства ако ми ја смирува егземата и ја чисти целосно и не ме интересира толку многу. На крај крава, јас ја користам со гоооооооооодини па ништо не ми се случило, а за влакната мајка ми неколку пати ми има спомнато дека може да се зголеми влакнатоста од такви креми и масти што не знам ни дали воопшто е точно, но и да е за тоа има решение - нормално депилација.
    [​IMG]
    Побарав на нет, маста содржи clobetasol propionate што е кортикостероид, како и повеќето масти за егзема, иако мене само оваа ми делува. Ми помага премногу, но доколку не сакате или имате препорака да не користите кортикостероиди тогаш не ја земајте...
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сите тие креми не се на природна база и се кортико и затоа се појачува длакавост исто како и сирупите како што е Авил, Летизен....
    Свит25 веднаш ќе ти кажам дека Авил е најлош сируп (бар така што ми имаат кажувано д-ри) смени го со Летизен или Лоратидин. Исто дејство имаат, противалергенси се сите.
    Од сите мастови најзадоволна сум од Адвантан кој го мачкам само во исклучителни ситуации кога веќе има малтене рани и тоа само 2-3 дена по еднаш и потоа продолжуван со Пантексол -тој не е кортико. Наместо синопен пробај со Пантексол маст го има секаде и не е скап околу 100-150ден беше.
    Од сите тие медикаменти ми се смачи веќе и открив еден мелем од еден човек кој го прави во Ск.во домашни услови, па кој сака може да му дадам број и да појде да си земе. Тој е на природна база и 100% ефект има.
    Имам пробувано секакви домашни рецепти ама од овој сум најзадоволна и имам пишувано по темите.
    Не се лекува туку само се одржува во некоја си состојба и тоа е додека не порасне детето и не стекне јак имунитет за да го надмине. Основно правило е да не се даваат продукти (млеко, јајца, соја, грав, риба, кисела зелка, сувомеснато и се што има конзерванси и вештачки бои вклучувајќи ги и чоколадото, ореви, лешници, свинско месо, цитрусни овошја, чипс, смоки, вегетата не се препорачува, зачини, глутен до некоја мерка, паштета, туна.....) кои го иницираат дерматитот.
    Знам дека е тешко и досадно и некогаш веќе немаш ни идеја што да му дадеш на детето да јаде ама мора така, затоа што пак чешањето ужасно чеша и ствара нервоза кај детето. Понекогаш се хипер активни или нервозни баш поради дерматитот.
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Koга го носев син ми во солена соба имаше и една возрасна жена која го имаше истиов проблем и ми кажуваше дека многу и помагало ,не трајно но 2-3 недели била раат ,а памтам дека збореше и дека кога одела на одмор на море многу и се смирувала кожата. Е сега доколку и тебе ти помага морска вода можеш да ставаш крупна морска сол во када полна со вода и да лежиш некое време,ова е најевтина варијанта.
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Самата морска клима ми помага и ми се расчистува, и водата плус. :) Ќе се обидам, иако сега имам само малку на десната рака. Релативно се среди откако влегов во пубертет и добив менструација. :)
    Ти благодарам. :)
     
  14. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Има некој искуство со белодерм?денес го почнав па дали ќе го биде? Мене дерматитот ми се појавува секоја година ,последниве три години во периодот од Ноември.И нели никој незнае од што како.Имам флеки грозно од чешање,стигам до крв.Среќа на грбот се само.Летно време ми се средува состојбата,сонцето и морето си ја вршат работата тогаш.Но што до тогаш?
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    До тогаш внимавај на исхраната, внимавај што јадеш во тоа е клучот. Не се лечи целосно туку само се одржава во состојба да не се исипеш ако не јадеш продукти кои го иницираат
     
  16. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Брат ми има и сега мајка ми му купи течност Ринолан од Галафарм мислам дека така се вика и после тоа од кога ќе исуши 3-4 мин. го мачка со Хлоранфеникол.За 3 дена има навистина успех,а пред тоа има пробувано и со други креми но ефектот е краток.
     
  17. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Риванол од Галафарм не Ринолан(некои таблетки се овие против алергија или чешање незнам точно)Се извинувам за грешката пооззз :)
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Става Хлоранфеникол на осип од дерматитис???? Мислам дека тоа никако не смее да го прави, знае матичниот лекар?!?!
    А што со хлорамфеникол подолг период не се исипува...нормално кога му ја гори кожата. Осипот се враќа пак затоа што не пази на исхраната и не го контролира.
     
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    3.677
    Пол:
    Женски
    моето синче има АД од 2,5 месеци..се мачкавнме со мустела стелотопија ама беше полошо :( е пробавме и еуцерин и ништо.матичната ми рече само со бекутан сапунче бањање и со а-дерма екс омега мачкаме и во ред е..е сега знае да се воспали..пие кравјо млеко еве 2 дена по ред јаде портокали и кожата не е воспалена..јајце јаде умерено...сувомеснати производи нејаде зашто имка 1 г..не знам дали е порзано со исхрана кај моево бебе зашто не реагира така да кожата се зацрвени кога ги јаде...ми рекоа на клиника до 2-3 г..потоа кога ке стекне имунитет ке се средела состојбата...
    а ако може број од човекот за кремата славица999
     
  20. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Па затоа става еднаш во денот,и пред тоа става Риванол.Иначе таман работа ако става само Хлоранфеникол.