babylove овошни кашички

Атопичен дерматит

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Wild.Child, 9 ноември 2010.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.685
    Мислам дека и јас го имам истиот проблем со синчето. Немам забележано посебно од која храна се појавува, но таман ќе се исчисти, ете ти го за неполна недела пак ќе се појави. Му се појавува на левото раче и на обравчињата. Матичниот ни беше дал Адвантан, но ми кажаа дека тој бил јак за бебиња, па не го мачкам. Џабе е и Мустела не помага. Единствено ете од адвантанот му беше поминало, ама веќе не му ставам. Велат ќе се средело со тек на време. Ама пак не можам да го гледам такво во лиценцето црвено, дури грапаво. Бебињата треба да бидат убави :wasntme:


    Совети за мачкање, хранење? :?:
     
  2. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Да се избегнува храна со конзерванси,смоки,мајонез,кечап,премногу зачинета храна,конзервирани производи,јаки прашоци,омекнувачи за алишта,да се избегнува често влажнење на местото,да нема големи варијации на температурата каде престојува,да не се трие местото.Крем,секој различно ќе ти каже најдобро обратисе на кожен лекар или некој фармацевт кој прави такви креми ,но може да направиш чај од жалфија во мала количина и да не е премногу концентрирана содржината и кога ќе се олади со памук да се мачка локално.Помага но неможе трајно да се излечи само ќе го намали чешањето и црвенилото и треба да се прави почесто во денот.поззз :*
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.685
    ^Со оглед на тоа дека е само 8 месеци, воопшто не конзумира ниедно од наведените продукти.

    Мора значи да барам помош од кожен, м? Е па одиме тогаш утре.
     
  4. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Да најсигурно ти е така бидејќи детенцето ти е малечко поззз :)
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.280
    Допаѓања:
    5.165

    Детето не јаде ама ти јадеш а тоа цица. Ти треба да се ставиш на диета т.е да не ги конзумираш претходно напишаните продукти.
    Со Адвантан го мачкај само кога ќе е рани од чешкање (ако ви се тоа случува) инаку земи си Пантексол, тој е на природна база и не е кортико. За бањање обавезно Мустела ако му реагира и со тоа ќе се зезаш додека да откриеш дали има ефект, или Еуцерин имаат и тие програма за дерматитис или Авене.
    Пери го со прашок кој нема конзерванс, веднаш ќе ти кажам дека Персил течен е таков (ова не е реклама и не сум дистрибутер) и некои др. ќе видиш по маркети што имаш избор.
    Одведи го на педијатар затоа што матичната треба да знае затоа што кога препишува сирупи некои (за болест) да знае што да пише. Има некои сирупи што уште повеќе го иритираат осипот.....
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. medo11

    medo11 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Керка ми има 4 месеца. И се појави дерматитот на образите и челото. МАтичната ни препорача да и мачкаме кантарион и доколку има сонце да ја изложуваме за побрзо да упие. Освен тоа Вигантолот ни го замени со Ад капки.
     
  7. mamalari

    mamalari Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    nova sum na forumov, imam 17 mesecno dete, so atopicen dermatit. Liceto se vospaluva so jako crvenilo, nekogas i krv pusta, i zoltat tecnost od brumcinjata koi s epretvaraat vo krasti, cesanje jako nemame, samo povremeno, no liceto koga ke se vospali izgleda strasno, i mnogu e toplo, gori licenceto. Bevma kaj Ancevski, koristevme antibiotska krema, poradi infekcijata koja s epojavi vrz egzemata, potoa kortiko, koj vednas go smiruvase liceto, no po prestanokot vedna spovtorno se vzaruvase. Potoa preminavme na haushka, a-derma, potoa nekoja prirodna krema, prigotvena domasno, od svinska mast, pcelin vosok, neven i zalfija, koja mu ja vlosi ssotojbata, potoa od hemelko krema so prirodni ulja, isto ne mu odgovarase, sega sme povtorno so a-dermata. Bevme na dieta, mleko, mlecni proizvodi, riba, jajce, sitrusi, banani, nisto od ova ne jadese, no situacijata bese ista. bevme kaj dr ezova vo jkane sandanski, i so analiza na krv se vostanovi dek anema alergija na nisto, povtorno se vrativme na normalna ishrana, no situacijata e ista. Liceto moze da se smiri, i pak d abufne, ne mozam da odredam od sto bufnuva, smeniv i prasak, i pak isto. Sega ja koristam kremata od Skender Hodza, covekot tvrdi deka e prirodna, deka nema kortiko vnatre, no eve veke 4ti den ja stavam i ima odlicni rezultati, pa abs poradi brzoto deluvanje nekako sum skepticna da ne sodrzi kortiko vnatre.
    Posetuvame i homeopat, evke 3 meseci, no isto nema nekoi trajni rezultati.
    Ve molam dokolku imate bilo kakva informacija, za doktor, krema, ili bilo kakov sovet, pisete.

    Pozdrav

    [mod-kirilica:2zn8fodo][/mod-kirilica:2zn8fodo]
     
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Мој совет никако свинска маст, пчелин восок!
    (и јас на крај памет не би отишла кај т.н. надрилекари, хомеопати и сл. може ќе звучам премногу скептично, ама моето дете не е заморче, па некој да експериментира со свашта на него!)

    Мустелата Стелатопија ја имаме пробано можам да ја препорачам, од лично искуство дека има добри ефекти...
    [​IMG]
    Баш пред некој ден со фармацевт разговарав околу атопичниот дерматит, ми ја препорача Sebamed, поефтина е околу 200 ден. за разлика од Мустелата (околу 900 мислам беше).
    [​IMG]
     
  9. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    И јас со малиот го имам истиот проблем. Почнав прво да го бањам со Еуцерин, па со Мустела, за на крај како најефикасна ми се покажа Линола фет кремата и Линола даш анд Уош купката за бањање. Истотака му давав и сируп Анвил и Афлодерм иако е кортико морав да го мачкам со ептен тенок слој. Сега сме супер се надевам дека така и ќе останеме.
     
  10. mar.maz

    mar.maz Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Koga imav 17 godini mi se pojavi egzemata i toa na celoto lice. Uzasno crvenilo, nepodnoslivo cesanje, pecenje, poloso ne mozese da bide. Probav da se lecam so sekakavi ama bas sekakvi kremi. advantan, panteksol, kuterid, belogen, dekotal, eucerin, aven, garamicin, belosalik, linola fett, letizen tableti, loratidin, cetirizin, duri i inekciii.Piev i srebrena voda. od seto toa mi pomagaa samo kostikoroidnite masti. sekako dodeka gi koristam. otkako ke prekinam so upotreba egzemata se vrakase povtorno i povtorno. Dzabe bea odenjata na lekari. Sfativ deka lek za egzemata nema. Probav da ja smenam ishranata pak nisto. Slucajno doznav za BIOELIKSIR kremata i taa mi pomogase skoro 2godini. sekojdnevno ja upotrebuvav i egzemata bese smirena. denovive pak mi se pojavi i sega nemam ideja sto da pravam :'(. Ako ima nekoj na koj mu pomognal nekoj lek, krema,(koj jas go nemam koristeno) ili ishrana neka spodeli. Fala odnapred.
     
  11. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    13.282
    Пол:
    Женски
    Дали имаш пробано со кремите на алое? Сестра ми исто така имаше многу проблеми со лицето од типот на црвенила, чешање, загноени бубучици, болни чиреви... и она исто пробуваше секакви креми глупости и само пари испофрла ии ништо не и помогна. Се до моментот кога пријателка на мајка ми не и препорача некои креми од алое кои што се на природна база. Сега лицето и е мазно, чисто освен пред да добие..Пробај и ти со алоето, може ти ќе помогне :)
     
  12. barbie24

    barbie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Феминки, дали некоја од вас ја пробала новата колекција на Еуцерин за овој проблем- Eucerin AtopiControl ?

    Јас вчера бев во Зегин, го купив овој производ за туширање со Omega Lipide 20 % и се надевам дека ќе дејствува, па ќе ви пишам тука...

    -Инаку, еве што може да се најде на Интернет за оваа колекција-

    Eucerin AtopiControl колекцијата се состои од внимателно одбрани козметички производи кои се грижат за сувата и чувствителна кожа , како и атопичната кожа во текот неактивните фази и кога се појавуваат црвенила. За секој од овие производи е клинички и дерматолошки докажано дека помага при намалување на сувоста на кожата и развојот на воспалението, истовремено ублажувајќи го чешањето.

    Основните лосиони и креми за тело содржат комбинација од омега- 6 масни киселини и ликофалкон А, анти бактериски деканедиол и Menthoxypropanediol , кои помагаат за пополнување на кожата , ја обновуваат нејзината природна бариера, правејќи ја повеќе еластична. Истовремено Eucerin AtopiControl интензивно ја хидрира кожата, помага да се намали грубоста , оптегнатоста на кожата и чешањето, симптоми поврзани со атопичната кожа.

    Производите за активна нега ја вклучуваат новата Eucerin AtopiControl крема за Акутна нега. Нејзините сосотојки значително помагаат да се подобри изгледот на кожата за време на фазите на воспаленија и
    да се намали времетраењето на терапијата со хидрокортизонот за време на воспаленија.

    Eucerin AtopiControl кремот за акутна нега не е фармацевтски производ и не е замислен да да замени некој друг производ. Oвие производи се компатибилни со атопичната кожа.

    Производите Eucerin AtopiControl не содржат бои и парфеми, кои дополнително ја надразнуваат кожата.
     

    Прикачени фајлови:

  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    Моето дете има ваков проблем, се јавува секогаш кога ќе се разболи и ќе падне имунитетот.
    НАЈДОБРО од СЕ ШТО СУМ ПРОБАЛА...ГАРАНТИРАМ:
    1.EUCERIN крема со 20%омега
    и
    2.AFLODERM mast од BELUPO.
    Се мачка два пати дневно...резултати за два дена.
     
  14. anastasija.n1

    anastasija.n1 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    25
    и јас го имам истиот проблем веќе 2 год. Уште како мала сум подложна на секакви инфекции, вируси кожни проблеми акни и што уште не. Кога прв пат ми се појави егземата не можев да ја контролирам повеќе од 5 месеци. Одев и во Систина и кај Надри лекари и на крај во Ре Медика Др- Лидија Бисерковска ми помогна, Ја користам кремата " FUCIDIN-H" таа е најјаката од фуцидин, има и поблаги. Но неможе да се користи мн долго време ( иако ја користев 3-4 месеца без престан и немав никакви пробеми) Но сега одам на БИОРЕЗОНАНТНА ТЕРАПИЈА и тоа е тоа што ми помогна најмногу. За 1 ден ми го смируваат лицето без никакви креми. Третманите се скапи, но ми помага. Еден третман е 400ден. се иде обично 2 пати неделно но подолг период. Освен за кожата помага и за се др. имунитет, хормони, и се др. Знам дека го има во Ск (Карпош) Кочани и Неготино за др градови незнам. Биорезонантната терапија е најдоброто нешто ако може да си го дозволите ви го препорачувам!
     
  15. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    68
    Мајка ми го има овој проблем, неодамна го откри. И рекоа да користи глицерински сапун и природен шампон за коса, плус пие Лентрика и се мачка Фармавитал.
    Би сакала да прашам дали некој има пробано да се мачка со кал од Дојран? Дали има некоја помош од тоа.
    Благодарам. :)
     
  16. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    И ние мака мачевме со атопичен дерматит. На кожен лекар ни препорачаа Еуцерин Атопика и мн малку му го смири лицето. Месец ипол ја мачкавме и не ни помогна. Од мустелата немаше нинаков резултат. После неколку месеци мака, отидов во аптеката во Зебра (не знам како се вика) да земам крем со фактор и им објаснив дека имаме атопичен дерматит. Вработените ми препорачаа да се вратам во петок, зошто тогаш имале дерматолог што прави скин скрининг на лице место и препорачува која крема да се земе. Нас ни ги препорачаа Биодерма кремите, и уште одма имаше резултат! Земавме и обична крема за атопична кожа и со фактор, и еве, веќе цел месец (пу пу) не му се зармениле обравчињата :)
     
  17. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    98
    ako nisto ne pomaga, ne ti ostanuva maslo od kantarion ama domasno podgotveno, kade so sigurnost znaes deka nema nikakva hemija dodadeno.
     
  18. pashe2004

    pashe2004 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Samo Mustella stelatopia e spasot!
     
  19. Selfi

    Selfi Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo jas sum nova na firumot I sakam mislenje I d vas imam 5mesecno since od 2ot mesec mu se pojavi autopicen dermatit go mackav so ADVANTAN., AFLODERM, EUCERIN ATOPI CONTROL, EUCERIN MASLO ZA TUSIRANJE, NO NEMA NIKAVO FAJDE INACE IMA NA OBRAVCETO, NA KOLENCATA, I NA LAKTITE SEA MOMENTANO JA KORISTIME MUSTELATA STELATOPIA I PIE KAPKI ZA IMUNITET PRO BALANS BABY PA KE VIDEME KAKO KE BIDE VE MOLAM ZA VASE MISLENJE
     
  20. IvanaProphet

    IvanaProphet Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Сакам да ве замолам доколку некој знае да ми каже контакт од Скендер кој прави маст за изгореници?
    Фала однапред