Јас многу сакам афро фризура ама имам долга и густа коса и не верувам дека убаво ќе ми стои...а и незнам како да си ја направам
Не ми се допаѓа. Како тенџере на главата. за оваа мислам како тенџере, другите што се како попуштени ми се океј. А за правење незнам, побарај на јутуб, можеби има туторијал.
Па ако некогаш посакам да имам гнездо на главата можи и ќе си направам афро фризура на фризер се прави оваа не знам како поинаку
За афро фризура не ви препорачувам.. бидејки тешка е за одржување и за извесно време ке ви здосади. Најдобро е да пробате да ја извиткате со крпчиња. Многу убаво доаѓа! Следно, ке се потрудам да најдам линкови на јутуб и ке ви пратам
Леле преубаво ми е фризурава и баш би сакала да си направам за промена и да ја носам некое време баш ми е штосна и се заљубив навистина е прекрасна
http://www.youtube.com/watch?v=WoZ2QGq0n4A&feature=related Еве да видите и изработка со свои раце ! А воедно да кажам дека Michelle Phan е екстраа можете да и ги гледате и другите нејзини видеа !
Ја обожавам. Понекогаш си ја правам со тоалетна, (бидејќи крпчиња треба милион )а тоалетната ми е лесна за кинење и не мора сечење. Ставам многу на косата, можеби 100 праменчиња. Утредента ги вадам и одлучувам дали да ги раздвојувам или не. Го правев ова според видео. А, да, за повеќе сјај, пред да ги завиткате, ставете малку гел на предходно влажна коса.
Дечко ми има ваква.. и прекрасна му е. Мене многу ми се допаѓа но не можам да ја направам.. многу ми е долга и тешка.. Па така користам прилика кога сме заедно да му ја фаќам косата.
Да ви се пофалам ја правев мојата афро[мислам братучедка ми ми ја правеше ] и ми беше преубава добив милион комплименти пак ке си ја правам нареден пат...иначе ми ја моташе со крпчиња саат ипол залче ама се исплатеше
Ептен ми се допадна видеово. Пробав да и` направам на ќерка ми фризурче, еве како излезе( во спојлер да не фаќа простор)...малку проблем имав со врвчињата, остра и` е косата и нејќеше да соработува....ама како за првпат супер е Инаку вчера и ја правев на сестра ми, ама таа има коса до половина, излегоа преубави локни, баш афро фризура...многу и` беше убава косата, штета што немам слика да постирам. Кога бевме мали се виткавме со крпчиња ама оваа техника дава повиткани и поубави локни.
ОК, фала за советот. Наредниот пат ќе пробам помали праменчиња да земам, мислам дека така би била поубава, ќе пробам, па ќе кажам. Инаку пред да и` ја виткам, косата ја мокрев со малку водичка, ја оставив да седи така виткана 2 саати (ме удави кога ќе ја одвиткам )и ја засушив неколку минутки. Дали ако се брзам на пр. може и пократко да стои навиткана.
Обожавам да правам фризури, да чепкам нечија коса, да експериментирам.. Фризурава ја имам правено многу пати, не мора многу да чекаш, мој совет навлажни ја косата, стави и малку пена, но немој на цела коса Бидејќи додека ги навиткаш другите праменчиња косата ќе се стврдне, значи на секое праменче пред да го свиткаш ќе ставаш по малку.. Тоа ќе ти овозможи побрзо да ја добие формата и некоја минута да ја продуваш со фен, добиваш инзворедна фризура... Спојлер Само немој да ставаш многу пена да не биде мн тврда
Wow, од какво косиче без волумен се доби ваква преубава фризура! Утре дефинитивно ќе пробам и јас па ако не испадне секогаш може да се измие, нели Пред 5-6 години другарките ми направија плетенки буквално низ цела коса, а имав мноооогу долга и густа коса. Ги носев еден ден и не можев да ги истрпам Па решив да ги отплетам и да си ја измијам косата, ама кога ги отплетов бев ваква Поубава никогаш не ми била косата!!! Не беа локнички како од плетенки него баш вакви убави! Сега ми е причично пократка и мислам дека ќе испадне уште поубаво. Едвај чекам да пробам, ептен ми изгледа добро!
оние тенџерскине фризури како шо вика Гарпова не ми се свиѓаат, а тие другитен поотпуштени локни може.
Обожавам локни, ама досега немам пробано вакво апла афро фризурче. Некако, не ми личат толку бујни локни(шта), бидејќи имам нежно лице, ама вреди да се проба, ако не чини - ќе ги отсртанам секундарно под туш!
Лолитке, супер и испаднала косичката. Јас кога правев ми испаднаа федерчиња и ми беше премногу кратка. Но баш беше афро фризура. АМа кој има храброст да ја носи.