Мене знае да ми излезе по една афта еднаш во месец дена. Обично ја оставам да ми помине сама.... И баш месецов мис е најде дома Лизобакт. Си реков ај ќе пробам зошто да не. Немаше некој ефект зошто афтата веќе беше излезена. Го шмукав тоа апченцето, го лоцирав баш над афтата и единствено малку болката се намали. Можеби ми помина порано, ден-два од вообичаеното, ама друго не забележав. Добри се за шмукање општо како превенција од афти и инфекции.
Навистина не сум раат од нив. Најмалку недела дена траат и се многу болни особено кога ќе се појават во близина на вилицата па да неможам ниту да јадам ниту убаво заби да измијам. Пред недела дена откачив една, се појави нова. До кога вака веќе? Со мојот матичен лекар разговарав, мајка ми мислеше да не ми се појавуваат од нечистотии, не убаво измена салата, зеленчук и сл. Докторката рече од паднат имунитет. Јас јадам супер а и крвната слика ми е одлична. Навистина не ја знам причината но што и да е оваа болка е неподнослива. Пробав со проафтол го платив доста скапо и да ви кажам залудно си ги фрлив парите. Дома пробував да мучкам ракија во уста, не. Пробав со сода бикарбона тродупло ја зголемив афтата, пробав со паста за заби да држам на неа. Ништо живо не помага. Кога бев мала заболекарката од основно ми ставаше стипса во истиот момент афтата ја снемуваше а сега таа стипса неможам да ја најдам никаде. Во 100 аптеки прашав ми викаат дека никогаш и немале Прочитав еден ваш одговор со мелено кафе па одам во кујна уште веднаш да се обидам зошто болкиве не се трпат!
Јас за афти користам еден домашен лек, од бобонки варен сируп, со шекер се прави и се мачка на местото, неколку пати, афтата гори, ем сирупот е вкусен ем афтата ја нема но сега имам поголем проблем од една афта којзнае што ми излегло во устата, точно до умникот цело топче е ме боли уууууууууф
Кога ќе приметите дека ви искача афта одма ставете паста за заби проверен рецепт ми е и секогаш успева,малце ќе пече на почеток ама одма че ја исуши и ќе ја снема
Порано содата ми ги лекуваше, но во последно време како да станаа „отпорни“ на неа. Сега прополисот ми помага
Јас ги гризам Можно ли е да е штетно тоа некако? Мушки ја истрпувам болката, и ги стискам со забите, по некое време ги снемува
Јас ги шмукам и ги притискам со заби, чувствувам ненормална болка на почетокот на која подоцна се навикнувам и имам чувство дека престанало да боли. Мислам дека не е во ред, зошто еднаш така додека ја шмукав и притискав афтата ми се слоши. Инаку имам приметено дека како рана многу побрзо заздравува. Со игла ја чепкав (многу е болно) и на крај ја тапкав со сода бикарбона. Ми се направи рана која ми помина за ден-два. Да ми останеше афта ќе ја имав недела дена. Мојот стоматолог ми кажа дека не постои лек за афти, пустојат само средства со кои може да се смири болката. Инаку афтите останувале во уста недела до десет дена. Јас знам за стипсата која веднаш ја вшмукува цела афта. Во основно мојата заболекарка со стипса ми ги тргаше афтите. Сега таа проклета стипса никаде не можам да ја најдам. Во некои аптеки не знаат ни дека постои такво нешто.
Има спреј во аптеките - проафтол мислам дека се викаше и тоа ми помага. На база на прополис е и е мн добар
Си имам големи маки со афтите, сум забележала дека често ми излегуваат кога имам стресен период и сум напната. Многу болат. Користам само Прополис и ми помага.
ДЕНТИСЕПТ ќе си порачаш од ројал, ефикаснно ене само за афти и за др.проблеми шо ти се јавуваат во усната празнина.
мене ми се прат многу често, ги лечам со мелено кафе..ќе му ставам малку и ќе почнам да го тријам или го чувам 10-20 минути..многу брзо поминва после то..
мене од јака темепература (надворешна или внатрешна )одма ми искачаат и стално матичната ми препишува едно мастило и ми помага ама чуството да си намачкан со тоа е мн лошо
Општи прашања Женски ми треба под итно помош. Во устата од внатрешна страна ми се направи такво како балонче од страна и многу ме боли, незнам од што, можеби од некоја бактерија па се инфицирало, мислев прво дека од протезите ми е, нешто да не гребе, али нема ништо... незнам што да му правам... помош??
Општи прашања Претпоставувам дека е афта.Земи ноќеста стави си прополис мачкај на неа. Ако не се потсмири,тркни утре до лекар да ти дадат некоја маст.Не верувам дека е нешто поозбилно.
Општи прашања Ако имш чај од жалфија свари и плакни ја устата по неколку пати во денот.Многу помага за афти.
Општи прашања Изгледа е афта. Мене кога ќе ми се појави афта ја плакнам со бетадине и секогаш ми помага. Пробај и ти. Ако не помогне, отиди на лекар.
Општи прашања Немам чај од жалфија..имам лимон, шипки, божиќен некој, немам жалфијаа а прополис тоа маст е некоја? и тоа незнам дали го имам... утре ке набавам не е проблем, али до тогаш.. не сум знаела дека афта се вика.. некое друго алтернативно решение што би ми помогнало? и како воопшто сум ја добила оваа афта, од бактерија или? едит. и бетадине немам.. бидејки прв пат вакво нешто ми се јавува верувале или не
Општи прашања Прополис се капки, прашај ги твоите домашни ќе ти појазнат.Обично се во темно жолто/кафеаво шишенце и на нив има нацртано пчели.Кажи им на твоите ќе мора да знаат.