Општи прашања Афта обично се добива ако си јадела нечисто нешто или пак си се допрела со нечисти раце на местото.
Општи прашања Афти од било што можат да излезат,од неубаво измиено овошје или зеленчук на пр,мене од сончоглед ми излага и многу боли од било што може.Ако немаш ништо од ова,тогаш колку за вечерва стави малку кафе(турско живо несварено)со прст на афтата,треба колку толку да ти ја ублажи болката. Едит: Проанги спреј помага многу за афти.Го има во Зегин.
Општи прашања Само метиленско плаво ќе ти помогне друго ништо, ми се јавувало многу пати и само од тоа ми поминува . Некои 50тина денари мислам дека беше
Општи прашања Не дека толку ме боли што не можам да ја издржам болката, али многу нервира, и жуља, знаете, а и ке јадам сега незнам како ке издржам.. Мајка ми моментално не е дома, а тато дремка ке ги прашам во секој случај подоцна за другиве ствари што ми ги предложивте. Но досега вакво нешто не сум искусила ц ц, не грицкам нокти, али се е можно, сигурно сум закачила нешто нечисто во устава.. Кафе? прв пат слушам.. ајде ке пробам и тоа, и ке пробам и со чај, било каков, каков имам, ке плакнам, барем вечерва да се смири малку.. Ви благодарам многу феминки, не ве очекував во волкав број и со вакви добри совети.
Тоа се афти, најчесто се прават поради намалениот имунитет или може си каснала нешто нечисто, се случува кај секој.... Ако имаш можност земи од аптека Хексорал и плакни ја устата најмалце 3 пати на ден со по една супена лажица од него. Мора да има резултат. Еве ако знае некој друг полесен начин, ќе ти помогне.
Погоре прочитав дека помага кафе да ставиш на афтата и мене ставрно ми помогна, си велам ај нема што да изгубам ако пробам и навистина после второто ставање, афтата ја снема
Пред некој ден ми излезе афти на горниот дел во внатрешниот дел во внатрешниот дел на устата ми помина и сега имам на долниот дел во внатрешниот дел на устата кажете ми кои се причините со што ми излева афти и како да ги излечам вака изгледат
Мене порано нонстоп вакви ми се праеа, знам дека ненормално болат Ја прашав Докторката матичната и ми рече истри го со кафе и одма ќе помини, барем мене одма ми врвеа, многу е болно, ама за побрзо да ти помини. Пробај
Поради носењето на протеза и присуството на железо во устата, порано нон-стоп ми се појавуваа афти. Ако беа помали и не ме болеа многу ги оставав сами да исчезнат, бидејќи „рокот“ на афтите е 7 дена. Ставајте сада бикарбона, доста помага, исто така и паста за заби или пак мед.
Афти и од нечистотија се прават од неизмиено овошје пример. Има една маст гингивал ц се вика некој 100 тина денари е има анестетик во составот така што кога ќе се намачкаш барем болката се смирува и побрзо поминуваат афитите.
Проафтол ептен помага. Прв пат го имав чудово летово, и тоа баш гадно ми искочи не само на непцето туку и на јазикот, цел ден зборев ко да имам вруќ компир у уста На страна тоа колку смешно звучев цел ден, многу ме болеше така да не можев ни да јадам Ама само што прснав проафтол, одма ми помина, ама одма. Стварно е ефикасен. Го препорачувам.
Леле мајко и јас сега имам една и тоа помеѓу гингивата и устата баш во `ќош` да речам , огромна е! секој месец ми излегуваат по 2-3 леле што ке се прави цело зимо вака ли мислам дека што и да ставаш нема фајде , но колку толку ја намалува болката... инаку афтиве се појавуваат од нечистотии и намален имунитет. Пијам витамин ц , б-комплекс и пак тука се уфффф веке
Купи ПРОАФТОЛ од аптека. Нема да го забрза процесот на заздравување, ама мислам дека содржи анестетик па ја ублажува болката колку толку.
Јас го имав истиот проблем,се појавуваат поради нечистотии и намален имунитет,да...исто така ако имаш проблеми со крвта или намалено железо.Исто како тебе пијам секој ден витамин ц и б-комплекс,но пијам и железо,не ми излегле одамна,за среќа. Пробај си ги сите тие работи што ти ги кажале другите девојки и исто така можеш да ја плакнеш устата со чај од жалфија.Ако сакаш можеш и да одиш и да си провериш,да не е нешто со крвта или со непцата. Поздрав
Лажичка сол во едно филџанче со вода раствори и чувај на местото т.е. прави гаргара ( или како и да се вика). Ова го правам секогаш кога ми излезе некоја досадна афта и стварно помага
Медот е природен антибиотик. Нанеси малку мед на местото и ќе помине брзо. Мене за 3-4 минути ми помина. Може нема толку брзо кај секого, но со сигурност делува.