За да не излезат , б-комплекс само помагаат А ако веке излегле , кафе , прополис во последно време мене кафето ми е лекот
Цел живот се мачам со нив. Најчесто излегуваат поради намален имунитет. Мене почнаа да ми се појавуваат уште како бебе, од татко ми сум си ги наследила... Најмногу ми помага чај од жалфија и плакнење на устата со хидроген од 3%.
за афта ако сакате одма да ви помине ставете дватри пати во денот шведска горчливка со тампончиња за чистење на уши и одма поминува, проверено,само кога ќе ставите многу пече ама поминува загарантирано шведската горчливка ја има во аптеките
И јас од време на време имам проблем со афти во устата и ептен болат,дури и повеќе од забоболка.Мене ми препорачаа да се мачкам со кантарионово масло кое што стварно е ефикасно.Ја намалува болката постепено,но за 3 дена ни А од афтата нема.Така да препорачувам таков масло,а може и прополис малку да се стави.
Проблемот со афти најдобро го решава Legased. Го има во прдавници за стоматолошка опрема. Е сега малку е поскапичок - околу 1300/1500 денари. Ама е една од најдобрите инвестиции. Се капнува по една капка и по второто капнување нема трага од афтата. Мене прополисот воопшто не ми помага, цело шишенце можам да го истурам и пак за џабе. Имало случај каде такво воспаление на непца да има што забите скоро да не се гледаат, после 7 дена капнување Legased ни трага ни глас од проблемот. Мислам дека е од Швајцарија и станува збор за бленд од зилион тревки и формула која повеќе од 100 години не е променета. Поздрав!
Секогаш си имам вакви нешта во устата Ама тоа е.. Поради нечистотии такви ствари, и заради протези ми се правеа (сега не) Јас си оставам сами да поминат..
Порано имав афти и ги прскав со една кафеава течност не се сеќавам баш како се викаше и веднаш ми поминаа и од тогаш си немам проблем со афтите.
На сестра ми како помала и се појавуваа, мајка ми ја прснуваше со проафтол и плакнеше уста со прополис мислам. И се повлекуваа од тоа.
Подолг период страдав од скоро постојани афти. Мојот стоматолог ми препишуваше се и сешто, и сеуште страдав. Бев на постдипломски студии во Виена, по препорака на фармацефт земав од аптека ORALMEDIC, револуционерен продукт,кој ме ослободи од болката засекогаш само со едно нанесување. За моја среќа го најдов во поголемите аптеки во Скопје и сум среќна да го препорачам.
Подолг период страдав од скоро постојани афти. Мојот стоматолог ми препишуваше се и сешто, и сеуште страдав. Бев на постдипломски студии во Виена, по препорака на фармацефт земав од аптека ORALMEDIC, револуционерен продукт,кој ме ослободи од болката засекогаш само со едно нанесување. За моја среќа го најдов во поголемите аптеки во Скопје и сум среќна да го препорачам.
Многу често имам афти и со многу лекови пробав ама пак имам. Татко ми го праша стоматологот од што толку често имам афти и докторката рече дека тие се појавуваат кога ќе ти падне имунитетот и дека ќе си траат 7 дена.
Мене редовно ми испаѓаат афти кога ќе се разболам, што е случај и сега во моментов. Во четвртокот закачив настинка со температури и кашлици и оп одма испаднаа 3. Секогаш им ставам метиленско и ми поминуваат, ама две од новиве се на ептен незгодно место.И двете ми се поткачуваа на забите и сега се поврзани во масивна и страшна афта. Го прочитав ова со кафето и веднаш ќе го пробам, него сакав да ве прашам дали ако отидам на заболекар може он некако да ми помогне? Или нема чаре за чудовиштево?
Лелее и мене ми излезе, и не! не бива и небива, пробав со кафе, со сода, со паста, со метиленско плаво, и џабе е, мора да помине недела дена и сама да изчезне ги мразам, нема погадно нешто од нив!
Често ми излегуваат афти во внатрешната страна на долната уста.Ги лекувам со капки прополис.Процедурата трае 4-5 дена
За афта решението е ПРОАФТОЛ, го има во секоја аптека. Знам по тоа што татко ми е стоматолог Ако не се наоѓа проафтол, или пак прополис, со растворена сода бикарбона. Но со Проафтол е најдобро.
Обично ми се јавуваат кога сум многу болна и имам слаб имунитет. Само со прополис и многу це-витамин ги лечам