Проафтолот е од 300 до 350ден секоја аптека со своја маржа си оди. А кога ќе ги средиш афитите поработи малку на јачење на имунитетот. Афтите се јавуваат поради намален имунитет или внесување нечиста храна.
Ох луѓе мака си видов... Погрозно нешто од афти мислам дека нема. Барем моево прво искуство сега е неиздржливо болно. Паднат ми е имунитетот, фатив и грип, слабокрвна сум и се појавија и афтиве. Не една, туку по две од страна во уста и две на јазик, на многу незгодни места, не можам да ја отварам убаво устата, кога ќе ги поткачам со заби боли. Треба да јадам, посебно овошје, а не можам, ме боли и пече. Купив проафтол од аптека 330 ден., барем на одредено време ме смирува, шмукам и едни лизобакт, ама не ми делуваат нешто многу. А, да и ја прочистувам устата со чај од жалфија. Ништо од прва не ми помага, еве веќе 5 дена си плачам. Се молам и се надевам дека брзо ќе ги снема, зашто збеснувам, депресивна станав зашто не можам ко човек да јадам, се исушив.
Тие се наследни и не се лечат. Само можеш да земаш - оралсепт, тоа е течност која се продава во сите аптеки (до 100ден) и со неколку миења на устата со таа течност ќе ти прегорат.
Што зборуваш ?! Наследни и не се лечат а ? Афти излегуваат во устата кога ќе опадне имунитетот или пак од неизмиено овошје/зеленчук,прљаво нешто, а исто така излегуваат и при повреда со четка за заби. Јас така се повредив неколку пати од брзо миење на забите и ми искочи утредента афта на тоа место. Брзо поминуваат, од 5-10 дена обично. Многу помага прополис, директно да се накапаат неколку капки на афтата. Не знам што ви е,многу членки така за вакви работи се прават експерти ,а таква глупост ќе кажат што нема врска со реалноста.
@mirandaa, citirav mislenje na lekar. Brgu pominuvaat, no po odreden period povtorno se pojuvaat. Znaci deka ne se leci toa. Staval nesto ili ne - pominuvaat, no povtorno se pojuvaat. Da, nasledni se, mnogu retko se pojavuvaat od dr. pricni. Prasaj si ti koj vo tvoeto semejstvo gi imal. Ne zboram na svoja raka.
@mirandaa Се сложувам со твоето мислење околу третманот на афтите. Прополисот е добар за лекување со директна употреба на неколку капки во текот на денот. Ја суши афтата, побезболно е за внесување храна, но третманот трае најмалку една седмица. Околу наследноста не сум компетентна да коментирам, но знам дека на татко ми честопати му се појавуваат, а мене многу ретко.
Не се сложувам со кажаното твое, а и мислам дека ретко кој би се сложил. Повеќе му верувам на искуството мое и луѓето околу мене, а понајвеќе на медицинско лице. Два пати ми има излезено само, одамна ,и никогаш повеќе.И тоа од повреда со четка за заби. Дека не се лечат и дека се наследни, извини но по мене е чиста глупост.
Vi kazucam bidejki mene mi izleguvaat duri i po nekolku naednas. Koristam oralsept, a moze i propolis (no nene mi deluva poslabo). Go prasav doktorot i toj mi rece deka se nasledni. Kaj tatko mi se pojavuvaat i moite sestri, majka mi nema. Nikogas ne mi se pojavile od povreda. Koj saka neka veruva, koj ne - ne mora. Spodeliv toa sto sum informirana od strucno lice i imam iskuseno. @mirandaa, a koga veke si tolku sigurna te molam kazi mi go lekot bidejki od mala gi vadam i aman mi e vekje. Dokolku ne znaes nemoj vednas da gi navreduvas "forumdjikite ko mene". So seta pocit, pozdrav
@ViktorijaG, ти имаш рекурентен афтозен стоматитис, и да, во твојот случај најверојатно е наследно, бидејќи не се знае точната причина за тоа. Така требало да ти каже медицинското лице. Има разлика меѓу обичните афти кои се појавуваат кај повеќето луѓе поради намален имунитет/анемија/нечистотија/повреда и твојот случај (и кај тебе може да се појават од повреда/храна/нечистотија, само што е поизразено и почесто). Вообичаено афтите не се повторуваат толку често кај повеќето луѓе, како што е случајот со тебе. Кај афтозен стоматитис причина за појава на афти може да биде и некој вид нутритивна алергија, со оглед на тоа што често се повторува кога во исхраната се присутни голем број алергени продукти (јаткасти овошја, чоколадо, праски, јагоди, млеко и млечни производи и сл - како докажани алергени). Обичните афти успешно се третираат со прополис, проафтол или метиленско сино, додека кај рекурентниот афтозен стоматитис покрај антисептици успешни се само кортико препарати.
^ Јaс знaм декa рекурентен aфтoзен стoмaтитис нaкрaткo ти се aфти и знaм декa ги имa пoвеќе видoви нo нa дoктoр кoгa ќе oтидеш сите ги третирaaт истo. Кремa зa мaчкaње, aнтибиoтик и некoјa течнoст зa испирaње(aкo се вo устa). Тoчнo е декa пoвеќетo aкo се пoјaвaт еднaш ќе си ги имaш зa цел живoт, oднoснo се пoјaвувaaт скoрo секoгaш кoгa ќе ти се нaмaли имунитетoт, и дa, мислaм декa не мoжеш ништo дa нaпрaвиш зa трaјнo дa ги изгубиш или дa гo спречиш нивнoтo пoјaвувaње. Дoкoлку се пoјaви гoлемa aфтa, мoжнo е дa oстaне кaкo белег. И дa, мoже дa бидaт нaследни нo и не мoрa.
Да, познати се како афти, ама нема баш врска со овие обичните афти што кај повеќето се појавиле барем еднаш, и не се јавуваат баш секогаш кога ќе падне имунитетот. Тоа за народот е едно те исто, ама за медицинско лице баш и не. Рекурентниот афтозен стоматит се афти кои се појавуваат многу често и во поголем број наеднаш, поголеми се лезиите и прилично болни. Тоа е веќе проблем. Затоа најчесто се оди со симптоматска терапија, ќе помине, ама што кога ќе се повтори? Моментот што го спомна Викторија погоре, дека татко и и сестрите го имале истиот проблем укажува на наследниот фактор, односно дека се работи конкретно за оваа болест. Главен фактор е генетиката (небитно дали имунитетот или некои видови анемии на пример). Си има специјалисти кои се бават конкретно со вакви проблематики (болести на уста и меки ткива, тука спаѓаат и афтите), најдобро е консултација на таков специјалист, па после детални испитувања да одреди терапија, барем да се спречи да се појавуваат премногу често.
@Annath, fala ti, mi znaci mislenjeto. Jas ne znam kaj da se obratam za mojot problem, bidejki ti kazav deka site mi ja navedija istata pricina (nasledno) i mi velat da stavam propolis ili oralsept.
Може ли да ми кажете дали бргу поминуваат автите од Оралсепт, и за колку време ..Јас користам прополис и обично не ми помага многу ...
За афти кои не поминуваат со прополис топло ви го препорачувам Legased Спојлер: изглед на шишенцето http://sanitaria.hu/custom/sanitaria/image/cache/w320h320/product/legasednatur.jpg Не знам дали го има во аптеки, порано го купував од дуќани за медицинска опрема. Малку е поскапичко ама два-три пати е доволно да се капне и најужасните афти поминуваат. Инаку, прополис цело шишенце ќе потрошам и ништо. Nothing, nada, zilch...
Ne deka mnogu pomaga, no ti ja smiruva bolkata. Tri pati dnevno i mi pomaga mene da ne me bolat i gi presusuva za den ipol ako ne se mnogu golemi.