Последен пат го земав пред 3-4 години од дуќан за медицинска опрема во зградата веднаш до Mr. Jack и беше околу 1.300 денари. Мислам дека не оди повеќе од 1.700 денари. Знам дека е скапо, меѓутоа долго трае и плус ептен, ептен помага. Сум гледала како помага кај дечиња со цела уста афти дури запчињата не им се гледале и после 3 ден скоро целосно им се повлекле. Обично доволно е 2-3 пати да капнеш по еднаш и помага. Доколку е гигантска афта 3-4 пати во денот се капнува по еднаш. Важно е само после нанесувањето барем 1 саат да не пиеш течности за да си делува лекот. Затоа најубаво е навечер пред спиење. Ако добро се сеќавам некој стар рецепт е, повеќе од 100 години не го менуваат. Не е само за афти туку за било какви воспаленија во усната шуплина. А помага и за ептен воспалени крајници. Мене ми е алфа и омега, никаде не одам без него
Прополис? Тоа сигурно боли..... Мене ми имаат кажано дека помагала сода бикарбона. Да ставиш на афтата и да постои 5 минути.. Инаку и јас често имам афти, а никој од моиве немал никогаш.. Ми велат имунитетот ти е слаб, да сум јадела повеќе.. Ама како да јадам кога она што ми го нудат не е здраво?
@Marick14, ако имаш мислење различно од моето би сакала да го споделиш. Сите ние кои имаме афти со години го споделуваме искуството и стручното мислење кое сме го добиле. П.С кога се наоѓаш на форум, наидуваш на мислења кои се во согласност со твоето, но и на мислења кои не се во согласност со твоето. Доколку беше доволно разумна личност ќе го демантираше мојот пост со разумен одговор. Но, да, ова е форум и има се. Поздрав
И јас имам проблем со афти. Спасот го најдов во растворот Метиленско плаво. За 2-3 дена афтите ги снемува.
auuu koja maka si imam so afti veke ftor den mi e edno pogolemo belo i edno pomalo crveno na jazik ni voda ne mozam da se napijam pece li pece nekoj domasen lek ako znaete pomagajte ne za nesto mi se jade mi se place a nemozam ni zalak da kasnam
И јас имам проблеми со афтите. Сабајле ми излегоа по две од двете страни бо устата, на образите. Некој лек ?
Измешај во една лазичка мед и сода бикарбона ќе направи реакција медот со содата ќе побели и од тоа се зема и се мацка на афтите почесто во текот на денот и од искуство побрзо поминуваат поздрав
За афти помага и растворот Метиленско плаво. Јас тој го користам кога имам проблем со афти. А имам пробано и со мед. И тоа помага.
Jaas stavav metilensko sino...malce gi bojadisuva ustata i jazikot ama e najbrz i najefikasen lek za afti.
specijalizirav na temava..10 dena se raspravav so ati i toa kaj dete...nistatin kapki i metilensko plavo,proaftol sprej,propolis i gargara so caj od zalfija...ladna i tecna hrana ....so lek ili bez nego pominuvaat za edna nedela
Денес купив, се мачкав еднаш пишува дека треба двапати дневно, сега не ме печат, но дали брзо поминуваат ?
Jas stavav poveke pati dnevno...nema steta od nego,sakav sto pobrzo da mi pomine.Mislam za 2-3 dena ke pominat
Од аптека купи метиленско сино и чепкалки за уши. Капни една-две капки од метиленското сино на чепкалката и премачкај ја убаво афтата. Не голтај, почувај ја плунката во уста на кратко, потоа исплукај го останатото сино. Метиленското сино прекрасно бои - нека не те плаши тоа не е е страшно. Повторувај така неколку денови се додека не зарасне афтата, можеш по 2 пати на ден или барем еднаш. Прополис спреј може да помогне исто, ама колку е ефикасен не сум баш сигурен. Доколку користиш нешто друго што за разлика од ова е нагризувачко за да ја изгориш афтата - не претерувај, ако претераш само отворена раната ќе ја држиш и нема да заздрави се додека не престанеш да ја иритираш.
Ми излегоа летово, погалив куче, не баш добро чувано, не измив раце изгледа од нечисто Прополис дентален гел за деца помогна за два дена го немаше тоа
Мој совет: Lyzobact (ги има во аптека, 20 таблети се околу 140 денари). Уште кога ќе почувствувам дека ќе ми се прави, оставам една таблета да ми се стопи во уста и процесот на воопшто појавување е стопиран. Се преродив.