Со афтиците се дружам од плацента. И, сум научил дека они ќе си тераат до крај, ма што сакаш прави им! Седум дена минимум ќе си се излежава она, па ти не метиленско, не металик, какво сакаш плаво ставај ѝ - не ја плашиш! Ај да не делувам негативно... Малку посветол осврт на темава дадам и јас: Секој со своето искуство и секое тело бара различен лек. Не на секој ќе му помогне метиленско плаво или мед. Лично мене, најчесто ми помага проафтол, и ништо друго. Ставам и мед, и кафе мелено, мраз ставам, ги појам со се и свашта а они не сакаат да си одат. Исто, сум пробувал и со метиленско плаво и со бетадине, и со сода бикарбона... Ама со се живо а бога ми и диво! Проклетии се, нема што! Јас ги мразам, ама морам да ги дружам речиси еднаш месечно. Изгледа со нив најдолга врска имам )))
Па ти мораш да најдиш зошто се прават мора да има причина Расипан заб Навика да гризиш нокти или молив Нешто што правиш постојано
Ц, не е ни тоа - ни тоа! Едноставно штом мааааааааалку ќе ми падне имунитетот - они се појавуваат. Во последно време не е ниту тоа, туку секогаш кога ќе се гризнам несакајќи при јадење - тоа гризнатото станува афта. Хаха еве баш синоќа се гризнав и еве го сега веќе се формира...Од мало, ситно ќе стане кратер кој ќе стои повеќе од недела дена. Тоа е..:
Мене ми испаѓа афта на истото место секогаш, т.е. на десната страна таму каде што имам расипан заб, за кој со години се наканувам да го поправам.
тогаш стани оди сега на забар мене забарката ми рече дека е штетно за децата да имаш расипани заби и затоа ги поправив. во право беше. крвната слика ми се подобри, можам безгрижно да каснам нешто и да ги оставам нив да јадат од истата супа или од истото гризнато, кога ги гушкам сум сигурна дека здивот не ми мириса лошо - добро е за гушкањето... оди сега ич не е страшно
Јас таман се наканив да одам да го поправам забот, останав трудна, а слушав дека трудни жени не смеат на забар. Па сега чекам после пороѓајот и ќе одамд а го извадам, не е ни за поправање веќе, мислам дека му нема надеж.
Знам трудни што оделе на забар ама јас не одев кога бев. Прашај гинеколог, тоа што има бактерии за да направи афти во устата да не треба да го извадиш токму зошто си трудна...
лелее и јас имам моментално, кажувајте лек да ја смирам, не се издржува болката, цела страна ми е како здрвена
so caj od nane pominuvaat so caj od nane se lecat ne bidete mrdnati site imale afti nekogas i toa od prljavo nesto ili povreda so cetka smesni ste so ovie odgovori
Nemale site afti I ne e tocno deka se od povreda, ne lupajte kadar da kazete nesto. Namalen imunitet, vnatresna temperatura, stres I sl.
Ми искочи на врв на јазик биквално..од нечисто ми е знам ама не се трпи. Што да ставам?Читав на нет кесички чај да се ставало или гаргара со сол и вода
@ванилала Е како не се заразни ?! Нормално дека се. Јас кога бев во средно си фатив афти зошто се бакнував со еден смотам што не ни знаеше дека има.
Не беше херпес, афти беа зошто беа на јазикот, а можеби друга била причината за како ги добив. Знам дека многу главата ме болеше и не можев да станам од кревет. Наредниот ден се појавија на јазик. Прегадни се ама со Нистатин веднаш поминуваат.
Херпес е душо тоа, од афти глава не боли. Вирусот си го закачила. Херпетичните промени во устата, на јазикот и непцето личат на афти, не изгледа исто херпес на кожа и херпес на слузокожа. Плус Нистатин за кандида е лек.