Фала ти, ќе пробам. Ме чуди што не сум настината, се хранам како што треба, најверојатно нешто нечисто имам изедено..
Можеби ти паднал имунитетот. Знам како ти е. И на мене најчесто таму ми се појавуваат афти. А се има погодено и на лева и десна страна да имам афта. Не можам ни да јадам. Ужас.
Затнат канал на плунковна жлезда е ако личи на бисерче. Ако е тркалезна бела наслага, со црвена средина е афта. Афтите обично болат на секоја иритација, дури и кога не ги чепкаш.
Имаше една црвена точка на средина. Ако е затнат канал, опасно ли е? Инаку еве утрово веќе скоро повлечено е, само мало бело топче е останато и не боли.
Не можам убаво да видам, дури и со слика, но според болката мислам дека имам афта некаде зад/околу горната осумка, на тој вертикалниот дел од устата, до грлото. Дали е тогаш нормално да ме боли таа страна од грлото кога голтам, како при обично заболување на грлото или сепак би можело да биде и нешто друго?
Во рок од неполни три месеци на исто место ми излезе афта внатре во устата баш под долните заби два пати. Може да е од стрес или паднат имунитет? Не сум имала афти со години, чудно ми е сега вака што ми излегоа. Не се премногу болни, помали, за 2 3 дена ми проаѓа веќе болката, само ми сметаат при јадење.
Od tie dve pricini e najcesto Stavi soda cim ti iskoci Na mestoto. I plus napravi gargara i plaknenje na ustata so soda
Тебе ќе те тагнам @Annath, ако можеш да ме оправиш. На долната усна одвнатре ми излезе како меурче со бело тврдо кругче на врвот. На дватрипати го пукнав, го закачив што со заб што намерно, ама пак ми се прави и ми смета на зборување, т.е. ме саклетисува. Прво мислев дека е афта, ама изгледа не е. Стоматологот ми е на одмор, сакав да те прашам што би можело да е и со што да третирам додека да ме ѕирне докторот?
Затната плунковна жлезда, обично пукаат сами за некое време. Ако не помине за десетина дена, тогаш нека те види стоматолог. Нема потреба од третман.
Не е ваљда нешто сериозно, нели? Отприлика и толку време го имам, пука па пак се јавува. Првпат ми се јавува, причина некоја има? Или може од нигде никаде да се случи? Фала ти инаку.
Не е нешто сериозно ни загрижувачко, почесто се јавува во лето, поради поголемиот губиток на течности од високите температури, се згуснува и плунката. Повеќе течности, електролити, убаво миење на зеленчукот и овошјето, би требало да се среди.
Ве молам за совет, на мајка ми мн често и излегуваат афти кои ги третира со проафтол, но не и помага. Да ми препорачате нешто друго да и земам од аптека или некој домашен лек ефикасен.