1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ах тој стрес од работа...

Дискусија во 'Психологија' започната од elena.mak, 13 август 2012.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Овој форум ми помогна за многу работи, но осетив потреба за ваква тема, каде што едноставно можам да го истресам стресот и нервозата од работа. Доколку мислите дека темата е излишна, ве молам избришете ја или сместете ја каде што и е местото. ;)
     
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Мислам дека ова е соодветната тема и за тоа
    ТЕМА: Испукајте се
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Еве како на пример: две години бев без работа, сигурна работа, барав под дрво и под камен, и на крај најдов во една од водечките фирми во било која област во нашава држава. Арно ама, јас и моите слаби нерви очигледно не сме за тој стрес и за тие злобници, бидејќи секој ден се враќам вознемирена и со солзи од огроооооооооомниот притисок кој паѓа на мене секој ден. И секој ден викам доста ми е, неможам веќе, ама пусто без пари не се може! Ете, ми олесна и се насмеав! Пробајте, делува! Извикајте се колку ви е ќеиф, и така и да ве читаат шефовите поим немаат кој сте. Ова ми беше совет од еден психијатар за едни болки со кои се соочував, и верувајте дека е најдобрата анти-стрес вежба! :clap:
     
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Секако, само ова е специфицирано на стресовите од работа. Убаво е кога ќе видиш како ти даваат совети и како и другите имаат исти проблеми како и ти, од истата природа на исто место. Таму има се, затоа мислев дека е подобро. Секако може да се премести! :)
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Istiot problem i jas go imam na rabota,pod ogromen stres sum,sto da pravis koga rabotam so seljacista teski,mi nema spas,mora da se trpi.
    [mod-kirilica:1vasf3aa][/mod-kirilica:1vasf3aa]
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Прв ден после одмор, наоѓам 300 купа хартии на биро, и 500 нерешени итни проблеми кои секако можеле да ги решат ако се потрудат, а мојата позиција е уан мен шоу, ама можно е чим јас го правам. А да, и викање зошто не сум видела се што ќе требало (а извини, Ванѓа да не бев!?), а од ланскиот одмор ми останаа 12 неискористени дена. Е фала многу за приемот! ххахахахаха :D :D :D
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Elence mozeme i dvajcata da dademe zaklucok deka mnogu e bitna sredina toest lugjeto so koi rabotis,ako imas ropaci kolegi gotova si,otide na nervno.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    На секоја нервоза мора да се најде издувен вентил за да се ослободи истата.
    Такво е времето, секој гледа да те искористи максимално. Како што кажа Елена прво си барала сигурна работа и се нервирала за тоа, сеа кога ја најде глава неможе да крене.
    Најлесно е да речеш ај на 1ви кога ќе земеш плата лесно ти е, ама тоа е еден ден, а има останати 20сетина работни денови каде нервите ги губиш, остануваш до доцна, слушаш секакви будали околу тебе кои товарот врз тебе го префрлуваат, работиш во атмосфера која постојано повторуваш дека не вреди за парите.
    Не е финтата да се предадеш, додуше некогаш доаѓа се преку глава па и отказот не е така лошо решение, кога имаш изгубено здравје и нерви.
    Ама најдобро е да се најде нешто што слободното време ќе го покрие така добро, да лошата работа и тие нервози се заборават. Не е решението нервози на работа, па пренеси ги дома, па замарај ги сите за работата.
    Прво што помалце зборење за работата после работното време е најдобро, дури по можност и таа тема да се забрани.
    И второ издувниот вентил. Запиши пилатес, јога, кик-фит, зумба нешто каде изнервирана после работа ќе отидеш и целаа негативна енергија ќе ја изфрлиш. Запиши курс, прави накит, готви дома, оди редовно со другарките на кафе, искачај, со дечкото имај секакви теми освен замарање за работа, прави се за да се чуствуваш убаво после работното време.
    Не е лесно, ама не е лесно ни без пари. Најди она што те задоволува во работно време и после него и само глеј позитивните работи да ги извлечеш. Се додека гледаш негативно на работните обврски и ќе нема некоја голема промена, само стресот ќе се таложи и таложи.
    И има луѓе кои негативно и позитивно ги прифаќаат работните обврски. Некои се намуртени на работа, некои насмеани па макар работеле 15 саати. Пробајте да бидете од позитивните. Ќе ви дадат куп работа и вие насмевнете се и речете супер. :)
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Јас работев на две места каде што условите беа катастрофални и цело време бев под стрес.
    Во првата работа бев во маркет каде што нон стоп ми висеа над глава,па цело време бев под огромен стрес.
    Во втората работа газдите не ми висеа над глава,но работев во неподносливи услови.Сакав да си заминам,но ме кочеше мислата каде ќе најдам работа подоцна.На крајот на најмизерен начин ме отпуштија и ми направиа толку голем стрес кој што и ден денес се тресам кога ќе ми текни на тоа.Не поради тоа што ме отпуштија туку поради начинот на кој што го направија тоа.
    Сепак ни едни пари не вредат колку и здравјето.
     
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.702
    Допаѓања:
    121.977
    Па незнам каде нема стрес од работа,барем во приватно па и во државно.Ако не си им од истата партија во државно,е тогаш ќе видиш и стрес и се! Такво е времето,притисокот е огромен,секаде. Мене ми требаше време како прво да научам кој како функционира на работа-од вработените и од претпоставените,па така си научив од едно уво влези-од друго излези.
    На почеток с е нервирав,ама ептен-не дека и сега не,ама ги научив сите и знам на што треба да придадам важност на што не.Не велам дека ич не се притресувам,ама се трудам заради мое добро и здравје,за некои работи -игнор.
    На почеток с е нервирав за директорите за секој нивен прекор. Колешка,со која така сум поблиска,една година е пред мене и ми рече-ејјјј,кога ќе ги видиш какви се ќе видиш џабе се нервираш.
    И навистина така испадна.
    Ним им е работа да ти ствараат притисок,да лечат фрустрации на тебе,да им бидеш издувен вентил од нервозата што ја понеле од дома :swear: Ама секое чудо за 3 дена,денес вика,утре се смее ко да не било ништо,па кога она може така зошто и јас да не? Искомплексираната е она,и тоа се гледа ,а искрено понекогаш ми е жал за неа,ама озбилно тоа!

    Кога сум нервозна,најчесто нервозата ми ја смирува колешка ми,никој друг.Не дека верувам 100 проценти на секој,ама истата работа ја делиме,и се што се однесува на мене се однесува и на неа,па комплетно се сфаќаме.Ја тешам јас,таа мене,на крај ќе си се насмееме на директорска сметка :D
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Блазе си ти што имаш некој толку да речам близок, или пак што повеќе луѓе работите иста работа... Јас сум уан мен шоу, ама се снаоѓам некако... :P
     
  12. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Ха, а јас што да пишам, станав анксиозна од стресот што го доживував на работа. Сега веќе не се нервирам, ама касно ми е малку, сега ми прејде на друга страна па со судни маки работам на својата концентрација.
    Згора на тоа имам и друг проблем што ме ништи - колегата се лигави на мене, ми го следи секој чекор, а јас еве се мажам, ама тој ете го пак по мене, после работа ми се јавува, на одмор кога бев нон-стоп ми се јавуваше (демек му треба нешто).Маж ми само се лути, ама јас незнам што да направам веќе.
    Па дури и да ви кажам не ме остава да се разберам со никој, он ќе ме заштитувал, он ќе превземал вина ако сум погрешела нешто, и ред ред други работи.
    На форумот за анксиозност добив огромна поддршка, се надевам и тука ќе биде исто.
    Поздрав :hai:
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Отидов веќе со стресов на работа :D

    Спомнав на друга тема, јас веќе спремам тужба за мобинг, и од тогаш некако се „смирив“. Претходно добивав тахикардија на секое звонење на тел, да не случајно е некој од HR или некој од директорите, оти добивав многу закани и уцени во 4 очи, па редовно си го потиснував стресот за да бидам супер мама дома.
    Ама не одело така, ништо нема да помине само од себе. Еве баш некни бев на психијатар, да се подготви вештачењето, и јас не можев 3 реченици да сврзам од што солзи ми течеа додека раскажував што ми се случува. Човекот до толку се збуни, мислеше дека само про форма сум таму отидена, што ми препорача антидепресиви :o Боже мој, јас Аналгин за глава не пијам, не па антидепресиви!
    Седнав и си размислив до каде ме донесе целава ситуација.....трпеа сите, целата фамилија, несвесно....се претворив во човек кој не зборува многу, за да не замарам; често знаев кога ќе излезам од работа, после стресен ден (со закани и уцени на состаноци), да поплачам во кола, чисто да го извадам од себе пред да ја видам ќерка ми дома.
    Ама решив уште пред 8 месеци дека правдата ќе ја извадам на виделина, и ќе го направам тоа! Сите ме убедуваа дека нема пресуда се` уште донесено за Мобинг, дека судиите не ја работат оваа област, дека тешко се докажува, дека дека......ама ништо не ми беше битно, си зацртав пат за докажување на мојата личност и го следам, прифаќајќи ги сите пропратни стресови.

    Сега ме чека битка, и олеснително е што знам дека во меѓувреме и други добија, за прв пат. Ама и да не беа тие, јас бев спремна да сум „првата“, оти влогот ми беше огромен.
     
    На imelda, MSkorpionka, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Јас искрено ти се дивам, и се надевам дека ќе излезат на виделина сите тие психопати кои што се осмелуваат да не малтретираат. Ако моќам некако да ти помогнам, кажи! До таму ми е и мене дојдено, ама кој ме праша... ;(
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    3.724
    Пол:
    Женски

    во каква фирма си работела душо????закани,уцени за што?што им сметаше ти толку цццц... стварно стрес од работа ли човек треба да има?//леле мајко што све оваа земја држи..едвај човек ке најде работа па уште стресови му приредуваат :devil:
    ти пуштам среќа да ја истераш правдата до крај па да ни пишееш кога сето тоа ќе заврши.. :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    А да отвориме една наша фирма со заеднички сили? До знакчето за забрането пушење ќе стои друго знакче - забранет стрес. Кој е за? :)
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Не им сметав лично, едноставно не им прифатив нивни предлог и тоа ги погоди :) Уцените и заканите беа за да ме „стегнат“ да прифатам нешто што не сакав, ама не знаат со кој си фатија работа....магаре инает :D
    Не, не почна така, јас цело време барав друго решение, тие сметаа дека нема и дека мојот „спас“ е во нивниот предлог и така се разминавме со мислењата :) Горните тоа го сфатија како личен пораз, затоа што не ме притиснале доволно, па почнаа со психолошки притисок, закани и уцени, надевајќи се дека нешто ќе упали. Очигледно ништо не упали, пошто тужбата се спрема.

    Фала ви многу на поддршката, ако ви треба било каков совет/насока за мобинг и дискриминација на работно место, слободно пишете ми ПП, ќе ви одговорам на се` што ќе знам, а што нема да знам - ќе се информирам :)
    Само без нервози, се` да си документирате и обавезно, ама ОБАВЕЗНО да се консултирате со адвокат за се` што ќе ви изгледа невообичаено и за секој документ што ќе ви биде наметнат за потпис.
     
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Она знакчено со прешкртана секира, хахахаха! Забрането секирање! :D
     
  19. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    нај стресна работа според мене и според сегашната работа што ја работам е кога интернетот е спор а имам 200 делови за прајкање пониди на резервни делови и плус треба да направам PR или нарачки башка тоа до 16 часот од набавки притискаат од горе од магацин треба делови да си подигнам. а итернетот е некогаш толки бавен спор што едноставно не му е ни грижа дека психички сум со трка со времето

    :sweat::sweat::sweat::sweat:
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LudaJakimovska

    LudaJakimovska Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    имам 21год и до сега немам работено апсолутно ништо освен (неколку обиди)
    бидејки преногу ми е напорно секое утро секој ден да го минувам со разно разни обврски а и секое работно место што се обидувам да го завземам бара премногу труд вклучувајки ја и домашната работа заедно со грижата за милениците итн-Едноставно немам сила да постигнам и да издржам толк голем психички и физички напор...Живеам сама немам никаква помош!
    целава оваа ситуација ми создава големи проблеми..постојано се нервирам,плачам,се сметам себе за неспособна итн итн... немам сретнато личност со сличен проблем како мојов незнам дали некогаш ке успеам да бидам како сите останати....:x:x