Ајде да си одиме!

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 8 мај 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.571
    Допаѓања:
    51.857
    Пол:
    Женски
    Ви текнува како мали кога одевме по гости со нашите и сакавме да си одиме дома, па викавме цело време, ајде да си одиме, ајде да си одиме, а одговорот најчесто беше татко ти да го допие пивото? Еве уште само ова и си одиме!

    Дали сега и вашите мажи го прават истото? И мојов нешто почна вака да се оптегнува и крајно ме нервира. Пред да имаме дете си седевме до кога сакаме, ама сега треба осет да се има. Разбирам дека и он сака да си поседи и опушти со пивце плус, ама кога гледаш дека дете веќе кенка за спиење треба да фаќа патот. А не само сто пати да викам ајде, па ајде. Ко јас да сум лошата што ете, треба да си одиме.

    Ви се случува ли? Што правите во ваква ситуација?
     
    На butterflu, Espadrila, PUPICA и 25 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.067
    Допаѓања:
    263.121
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш |(
    Де де чекај уште малце,кај се брзаш,па што ако се успиеш за на работа се само дел од неговите изговори.

    Пред лугето не правам сцени ама дома после ... :D
    и пред секое одење на гости демек се договораме кога ке речеме стануваме значи стануваме.И на крај пак по старо
     
    На Espadrila, PUPICA, galapce и 21 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.820
    Допаѓања:
    235.566
    Првото испаѓање со дете ни беше кога имаше 2-3 недели. Дете врисна да плаче и да се црвенее, а мене кога ме фати една паника, кога се шаштисав...:rofl:.

    Мојов ми вика што му е. Е од каде да знам што му е:tmi:.

    Јас ај да си одиме, он пробај смиро го првен. Каде со дете што вришти ќе испаѓаме.

    По некоја минута ај да си одиме, он уште ли плаче. А тоа до кај комшиите се слуша:envy:.
    Јас пак ај да си одиме. Он отиди во другата соба надој ја. Ај и тоа бидна.
    Дете уште плаче.(lalala)

    Јас ај да си одиме. Он смени пелена. Ај и пелената бидна |(.
    Дете уште плаче.(lalala)

    Тогаш следуваше последното станувај со најнајнајсериозен тон од кој го фати страв и си станавме.:D

    Ова ни беше прво и последно искуство од овој тип.
    Дома му беше кажано дека кога сме со дете(море и без дете]:)) само еднаш викам да си станеме.
    Така и бидна.

    Знае дека доколку треба да испаѓаме мора навремено да ми биде кажано за да ги спремам децата а и јас да личам на човек. Во спротивно НЕ одам никаде.
    Знае дека кога ќе му се каже да станеме треба ОДМА да станеме.

    Првиот пат бевме некако неподготвени од целата таа ситуација со дете. Сега некако сме уходани.
    Станува ја шета низ дневната и кога сме на гости, седнува со неа доле да ја поигра и сл. А за во иднина малку потешко со двете да одиме некаде.
    Ама затоа за гости куќа отворена.
     
    На Regina.Phalange, SV1911, PUPICA и 37 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    68.735
    Мојот секогаш пред одење вели Ќе поседиме пола саат и си одиме. Ама секогаш наоѓа некој соговорник или ќе му тргне пиењето и ела стани го |(
    Среќа сега детево кога ќе закенка го тера да стане,инаку нема шанси. Ако оди некаде сам, со друштво и до 5 сабајле ќе си седи
     
    На Barbie20, kristina.k, BabyStyle и 10 други им се допаѓа ова.
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.449
    Скоро иста песна. Само кога викам по втор пат правам фаца и знае кога ќе ја направам после тешко него и станува. Знае да поигра со неа, но кратко време 10 -15 мин и седува пак на маса. Ама претходно предупреден дека кога викам одиме- одиме.
     
    На galapce, kristina.k, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.704
    Допаѓања:
    31.139
    Пол:
    Женски
    Со брат ми бевме мирни, ко дрвца посадени, се сеќавам мајка ми ќе кажеше неколку пати: ајде да си одиме, ќе видеше дека абер нема за станување се размуабетил, мајка ми после некое време заспана на кревет:|(facepalm)
    И ден денес се шалат на тие нејзини постапки
     
    На Mrs.Brain, kristina.k, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.287
    Odnapred se dogovarame kolku ke sedime.
    Ako vidime deka nema raspolozenie samo ako stane domakinot nie sus-bus, dogovoreni, stanuvame vo slednite 5 min i odime doma.

    Imavme eden par so koj najveke se druzevme. Mazot sakase da posedi i sekogas imase povuci-potegni. Poslednite 2-3 pati koga se vidovme ona mu vika "ajde da odime", on na gotovs.
    Posle nekolku meseca se razvedoa.
    Covekot rece "fala bogu vise nema koj da me trmozi". Boga mi i taka bese, sme se razpolozile vo sred moabet ona "ajde da si odime". Golem party pooper bese. E sega uzivame do 3-4 saat sabajle vo Sabota, kaj nas ili kaj nego se edno.
    Sustinata bese , ona sekogas lazno se prikazuvase. I bese strav mas i nejzin koga ke se podnapie da ne kaze nesto i zatoa brzase da si odat. Na kraj vistinata ispliva na povrsina.
    Sega gledam deka ni e po relaksirano zaedno so nego. Toj mu e na mm drugar od mali noze i si pravime moabet poveke za nasite neuspesni obidi nego za ona sto trgnalo od raka. :lol:
     
    Последна измена: 8 мај 2017
    На galapce, Antebellum, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    26.009
    По се изгледа мојот е нај с'клетлив :^)

    Кога сме некаде (со дете), секогаш гледа на саат.
    Не сака да му се менува редот на детето ни за јадење ни за спиење.

    Кога сме сами се договараме со поглед :D
    За мир во куќа :!:
     
    На Animali, SV1911, PUPICA и 19 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.278
    Пол:
    Женски
    И маж ми е ист како повеќето мажи. Кога сме некаде на гости, а децава почнуваат да досаѓаат, јас одма почнувам - ајде да си одиме. Он - да го испијам пивото, а ти облакај ги децата. После тоа одма станува.

    @danichap ме изнасмеа. И јас му имам направено сцена на маж ми. Бевме на гости кај комшии и мојов со истата песна - додека го пијам пивото облакај ги децата. Кога му спискав го испи пивото набрзина и стана да го облекува едното дете. Оттогаш така ми нема направено.
     
    На SV1911, PUPICA, galapce и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    4.384
    Пол:
    Женски
    Кaј нaс е секoгaш рaзличнo:) Кoгa сме кaј негoви рoднини тoј викa пo мене дa си oдиме , a кoгa сме кaј мoи рoднини пo сaaт-двa гo мoлaм дa стaне , и нa крaј се пoздрaвувaм сo сите и сo децaтa си седнувaм вo кoлa , пa ќе види и мoрa дa стaне oдмa , a пo пaт дo дoмa и дoмa ќе имa лекции oд мене :D
     
    На galapce, Antebellum, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    120.281
    Пол:
    Женски
    Нема заседнување, неговите обврски не му дозволуваат :lol: На страна тоа за обврските, искрено го жалам шо лекции има слушано, арно и ме трпи. Значи коа одиме кај луѓе со деца унапред објаснувам дека пиеме кафе и си одиме, да не ми драми, не си одиме ради мене, нема да мораме ние двајца да станувам коа децата ке им писнат сред ноќ или коа ќе им станат уште сабајле. Не сакам некој да не класифицира како ,,луѓе без осет,,. Ако е тргнат муабетот со смеи, заебанции, разбирам и чекам момент ,,да пресечам,, Сигурно една дискусија нема со саати да има ист интензитет.
    Ако видам дека се ќе има ,,повуци-потегни,, за станување, кај луѓе што не се со мали деца, знам и тактички да постапам, да ме заболе нешто на пример. :lol:
     
    На SV1911, Espadrila, galapce и 19 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.986
    Допаѓања:
    294.326
    Еден период не сакав да одам на гости само поради тоа "чекај да ја допушам цигарава".
    Допушувањето траеше еден час најмалку.

    Ме нервира тоа седење до бескрај, ние сме со дете а со тоа и со обврски.

    Плус, јас излегувам уништувачот на забави:(.

    Во последно време на првото "ајде" на лошо ќе го погледнам за до кај третото "ајде" да стане :D
     
    На PUPICA, ♣ Alba Viduam ♣, tina-63 и 21 други им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.881
    Ако сме кај неговите или моите, после 45 минути е спремен за одење дома (кај неговите веќе и станат, прошетан низ куќа, облечен). Ама затоа ако сме кај пријатели или на забава, саат време не ми е доста за да се убедиме дека е време за одење - дека на малиот му се спие, досаѓа, или пак го чуваат моите и стари луѓе се, сакаат да си легнат, дека е -20 надвор кога мали ќе одиме да го земаме, дека е утре во градинка. Секогаш јас сум расипувачот на забави што не му дал уште една пијачка да земе |(
     
    На Espadrila, galapce, Antebellum и 12 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    22.422
    Допаѓања:
    105.266
    Леле Раин - голем лајк за темава.
    Како мали колку пати сме спиеле по гости, не носеле на раце, сме заспивале во кола со брат ми! Ми врати спомени. :)

    Со мм немам вакви проблеми, викаме ајде си одиме и си одиме, нема натегање.
     
    На Espadrila, PUPICA, tina-63 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    99.714
    Ме врати темава години наназад, секогаш кога татко ми ќе речеше -да го допијам пивото, мајка ми пола чаша му ја пиеше дури е тој размуабетен со другите. Ама со кој си имаш работа, дури таа се сврти на секунда, домаќинот му ја наполнил повторно :D
    Кај нас нема вакви работи, еден ако рече -одиме и другиот веќе е спремен. Одамна не сме заседнале со друштво до ситни саати, обврски, мали деца, нема атмосфера за опуштено седење и пиење до кога ти е ќеиф. А искрено и изгубивме желба за такво седење, дури и да имаме време на претек. Се има случено кога сме во Мк на имиња, слави и такви работи мене да ми здосади и да си заминам сама со изговор пред другите дека имам обврска, а тој да остани. Без лутење, ако му е мерак нека седи, ама не сакам ни јас со сила да седам.
     
    На Espadrila, PUPICA, tina-63 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.571
    Допаѓања:
    51.857
    Пол:
    Женски
    И ние секогаш нели однапред се договараме. Арно ама по некое пивце не важи договорот. Башка немаат деца повеќето па и они не разбираат дека треба да се оди и ај уште едно, ама ништо не му е нека покенка, поубаво ќе спие ноќеска, ај легни го на кревет у друга соба нека спие. Да, зашто е толку лесно.
    Да сме поблиску следен пат викам еднаш, вториот пат ќе си викнам такси, па седи до сабајле ако ти одговара. ]:)
     
    На PUPICA, Barbie20, Antebellum и 7 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.986
    Допаѓања:
    294.326
    Однапред е кажано, ама штом го пречекориме прагот - неважи тоа:)
    Имаме кумашини кои првото ,,леле, доцна е, ај да одиме,, им е во 23 часот, а останале до 5 сабајле:|
    Со поднапиен маж, неможеш да се разбереш, ги малтретира сите наоколу.
    Среќа Рефо не е таков неразбран:nod:
     
    На PUPICA, theowndemon, Antebellum и 9 други им се допаѓа ова.
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    823
    Исто е и кај нас... само што јас си најдов тактика му ја пуштам ќерками и фала богу неа не може да ја одбие :) само еднаш му вика ајде тате и тате е на готовс
     
    На Antebellum, cresa-jagoda, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.820
    Допаѓања:
    235.566
    Аууу, па вие сите за по ноќевите муабет сте правеле. :D
    Мојов кај 21.00 му иде дремка, после 22.00-23.00 тешко и буден да го доврткам. За во тие часеви сам ќе почне да пека да станеме да си одиме.
     
    На Barbie20, faye, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.501
    Допаѓања:
    27.049
    Пол:
    Женски
    Кај нас е обратно, обично јас сум таа што се размобетува, а тој кланка за одење дома. :lol: И искрено многу е досадно така да си знаете. :!:

    Сега откако и бебуш го водиме немаме време за вечерни седенки. Тој најдоцна до 20 часот е веќе заспан, па бидејќи не сакаме да му до рушиме редот, на гости после 18 часот не одиме. :)
     
    На galapce, snegulkata, Antebellum и 6 други им се допаѓа ова.