Има и такви. Koга бев мала и кога одевме нагости уште на првото ајде од мене и од сестра ми татко ми се согласуваше да си одиме.Мајка ми е повеќе онаа која се размуабетува без крај.
Битно некој се размуабетува и не поминува вечерта без ајде. Јас ептен како дете ја мразев сцената, мајка ми ја гледам се унервозува веќе, си чури од внатре, татко ми си седи гајле нема, ајде уште пивово и си одиме. Ееее па ти ама си запнала, добри се децата, ништо не им е. (ние полузаспани припаѓаме веќе) И затоа мислам ептен ме нервира сега што почна така да се случува, зашто не сакам да правам работи кои ми сметале како дете и досега било океј, еве ова е прва работа од таков тип и мора да се сосече од корен.
Јас немажена ама ние како пар одиме на гости, па сметам дека нема некоја разлика. Натегање никогаш немало, и јас и тој ако кажеме - ајде да си одиме - си одиме. Кога ќе размислам подобро во целото наше друштво немало такво нервозно АЈДЕ! Се случувало однапред да биде договорено "на кратко" поради испит или некоја друга обврска која е неодложна. Дечко ми има малку поинаков биоритам од мене, станува во 9-10, па му се приспива порано и тој вели "Ајде, заспав јас". Ми текна на една случка, маж, жена и три деца. Децата почнаа да плачат, им се спие, доцна беше а мажот запиен, замуабетен, абер нема од станување. Викна жената, ајде си отидоа, а за некои 15-20 минути, мажот пак се нацрта на врата, не бил на работа утре.
Уфр темава баш како за мене. Досега на секое излегување со детето истава сцена е. Него почнува да му се спие, јас одма сакам да станеме да си одиме, а мм мува не го лази. Последно се случи за 1 мај да се изнервирам многу и јако се скаравме. Веќе 3 часа бевме со друштвото на ручек во кафана, малово веќе збесна. Викам ајде да си одиме, му се спие, тој абе позанимавај го ајде , еве прошетајте во тревата. На крај станав и реков ако сака нека остане, ние си одиме. Мене мм ме напаѓа дека сум била многу стегната, не сум знаела да се опуштам, не можело да скокаме само што ќе закенка малото. Јас пак не обожавам заседување по 100 саати и не сакам да му се руши редот на детето за ние да си поседиме. Не знам како ќе е во иднина , ама сега сите излегувања заедно тројцата ми се со нервози на крај.
Мм мрази заседнувања и седенки до ниедно време. За него тоа е безделничење и губење време. Посебно од како сме со дете. Каде и да сме, тој е онаков размуабетен, со едно око дете следи и нон стоп подстанува. На првата потреба да си одиме вика ајде. Не сака да заседнува, да не ги гњавел домакините. Нити сака да ни заседнуваат кај нас дома, на два три пати имавме искуство, ни се запија се заборавија и стварно е гњаважа да мораш со некој на маса да седиш по полнок, па и да го служиш, а ваму мало дете имаш да средиш,да го спастриш, заспиеш. Мислам одамна умреа тие времиња.
Ние кaкo децa не кенкaвме (a ни мaјкa ми) дa си oдиме, туку дa си oдaт Мoите, први вo друштвoтo се oдвoиле oд зaедницa и буквaлнo секoј ден имaвме гoсти. Кaкo визуелен прикaз нa нaслoвoв нa темaвa ми е теткa ми. Ќе ги oблечеше брaтучедите, кaпи, шaлoви, рaкaвици, пa стoеa нa врaтa и сите вo глaс викaa Ајдееее, a тетин ми Сегa! Следеше сoблaкaње и пoмирувaње сo ситуaцијaтa, пa пaк oблечи-сoблечи, пa пaк, пa пaк
Јас пак откако памтам моите не можеле мене да ме натераат за одење се дружеле со парови со деца на иста возраст и смрт ми беше кога викаа по мене за идење, а ја ај уште малце бе мамо. Немам сеуште деца па не сум осетила проблем за идење обично и на двајцата ни се оди во исто време, ако се работи за кафанска седенка така подолга не ми е проблем да запалам кола, па он нека се снаоѓа после за превоз
Јас пак мислев оваа само кај мене го имало. Тоа беше бавна смрт. Не сум во брак па немам ситуација ама мислам дека лесно ќе се договориме со мм. Ќе се вратам за две-три години да ви потврдам.
Паметам ко мала , татко ми и мајка ми кога ме носеа на гости они на првото " Ајде " од другиот стануваа , независно дали мајка ми кажала или татко ми . Овие мене ме молеа за да си одиме Сега , кога сум со мали деца , се знае , ако се со нас и мм си знае да станеме пред да заспијат малите бидејќи додека стигнеме на нашиот спрат , ќе се разбудат и двајцата , па ќе треба да дежураме ама затоа ми наплатува кога не сме со нив
Јас памтам како мал дека бавно се заигрував со деца, а кога ќе се заиграв после не можеа да не разделат.
За среќа немало поголем проблем до сега Најчесто малиот на одреден начин ни викал „ајде да си одиме“ Не сме заседнувале со саати, само еднаш се случи да останеме 3 саати. Ама не кенкаше малиот, му го истеравме редот (секогаш носам јадење, млеко, облека, пелени, цела опрема имам во торба). Запивање немаше, ем не пие многу, ем ако сме биле со кола не смее да пие, па си го почитува тоа максимално Сега дека сме без кола па знае да испие едно пиво за атер на другарот Останувале некогаш кај нас гости и подолго. Никогаш не ми сметало, и онака ретко доаѓаат. Редот сме му го запазувале на малот и гости кога имаме. Еден седи со гостите, другиот го успива малиот Па ако треба се менуваме после Само еднаш знам дека повеќе пати му викав „ајде, ајде“, он се замуабети со другарот. И малку променив израз на лице, сите ме приметија И од тогаш кој и да каже прв, другиот станува одма А како мали.......ех, колку пати сме заспивале. Ако не на гости, во кола обавезно Ама сите кај што одеа моите им беа многу блиски (до ден денес), и сите го имаа истиот проблем Жените „ајде, ајде“, мажите муабетат Па после кога пораснавме поголеми престанаа да викаат жените за одење, па на раат се довршуваа муабети и се доигруваа партии табланет или бриџ Уште се истите, само составот почна да им се намалува
Хахаха добра тема. Одамна немам маж и слабо се движам по гости,но помнам една случка со син ми кога беше многу мал, ни рече ај да си одиме, утре пак ќе дојдеме
Ние се договараме и си правиме компромиси, понекогаш и да не ми се седи ако гледам дека на него му е убаво ќе поседам уште некое време заради него но затоа пак нареден пат веднаш го терам да стане и не прави проблем. Кога ќе имаме дете, доколку воочам дека му се спие и не му се седи секако дека ќе си одиме. Многу ми е некако нефер кон мали деца кога ќе видам како ги чуваат до доцна во ноќта по кафани и гости а тие плачат или пак спијат по столиците. Попрво би го оставила кај бабите да го причуваат или пак ќе си станам порано.
И ние исто се договараме пред да одиме, колку ќе седиме, ама зависи од друштвото обично ако мене ми е досадно, а на мм му оди муабетот јас сум таа што вика. А се случува и он да вика, а јас да сакам да поседам ( кога сме без деца) обично е така.
Јас сум таа секогаш што викам ајде да си одиме, предупреден е уште пред да сме отишле, дека одиме и не се задржуваме многу, ама...... Мм е ептен муабетџија, на секоја тема, со било кој, нему муабет му иде, не дека и на мене не, ама си имам граници, и не сакам заседнување, се знае колку е доста, па кога сме кај сестра му ,лелее во состојба е цел ден да сме тамо...и дури глупаво се осеќам, ајде доста беше, ајде да си одиме, им се приспа, почнувам да наоѓам причини , а мене сафра ме фатила Може дека не сум опуштена, од кога се роди малата јас сум под постојан стрес, такво е детето бељаџиче , и морам секој чекор да и го следам, се втура од една во друга беља- глупост, ми е страв дека ќе се повреди, со поголемата воопшто не беше така Ете вчера бевме во комшии на матура, еден саат и јас веќе со неа си заминав дома, мм си остана со големата И нај смрт ми е кога ќе ми рече, еве уште една цигара и одиме
Кај нас јас сум по седенките повеќе. Децата ги оставаме дома на бабите. Првото дете кога се роди немавме никаков проблем со него, гласот додека не проговори му го немавме слушнато. И кога го носевме со нас и кога го остававме на бабите тој беше супер. Малата е полоша. Кога ја носиме некаде се е во ред се додека не слушне како не нудат кафе. И ќе завика ајде да си одиме. Со мм два три пати ни се имаат случено вакви натегања ајде па ајде. Но во принцип одиме само таму кај што ни е пријатно и на двајцата и кога доаѓа делот за станување јас потешко се убедувам да станам, но често излегуваме и се дружиме. Среќа што децата од мали ни се оставани кај баби и дедовци па и кога заседнуваме ги оставаме таму да преспијат.