1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ајде на плажа!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 5 јуни 2010.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Во право си, бедна работа! Кај биле сите тие кога навистина на Вардар имало т.н Градска плажа, отворена за сите со чиста вода и преполна со луѓе! До поплавата во Скопје плажата била отворена после веќе замрела! И сега нешто вештачки да оживуваш?! Па нема ефект, а башка јас да седам таму и у миризбата од отпадните води што се слеваат во Вардар да се гушам и да гледам фраерчиња и шмизли што ми паѓаат у несвест, плус и да се опрчам 150 денари за кафе?„!„„!„!?’!„“’ :puke: Ма немојте со тие финти! Па до септември, ќе му се навртат „совесните граѓани на Скопје“ на тоа песокот со лопати и приколки ќе го извадата од т.н плажата.И што? До година пак?
    Глупости у боја! А спасувачи ко Bаywatch зошто нема? ! Една Памела таму да седи да привлекува странски трусити!!!!! :swear:
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    ајде ве чекаме :lol: :lol: :hug: ние го даваме не се противиме
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Нашите драги и ценети граѓани има да ја изнесат песокта со колички на едно тркало и ќе си ги сипат во дворовите бре :^) :rofl:
    А инаку, ја видов на Тв и вака ко пуста градина ми гледа :?:
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Охридско Езеро за Вардар е утринска роса, уште на првата лажичка дијареја ќе ве фати :D Ни за риби не е, а камо ли за пиење :D ;)
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаѓа идејата иако не сум од Скопје :)
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам за градскава плажа дека е права мизерија,не би отишла таму никогаш,а немам ни намера,подобро ќе отидам во Охрид и како човек ќе се избањам,исончам,отколку на мизернава плажа.Можеби некогаш имало плажа ете,ама сега,онаму покрај Варадар плажа,па тоа е исто како да имаш плажа покрај мочуриште,мислам дека воопшто не би требало да биде направена плажата.
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Mа каква плажа не се издржува смрдеата таму ни пет минути а не да лежиш да се сончаш не дај боже!!!директ во државна :puke: Ми се свиѓаше идејата , негде прочитав , на шанковите со пијачките и гас маски да се продаваат хаха :lol:
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    хехехех морам да кажам мтв веќе си ја присвои плажичката и од ох. се префрлија на плажа на кеј. се прснав денес од смеење кога гледав се што не прават. па и тој хипхоперот на стаза игра хехехе демек бина му е тоа хехехе абе македонче
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Прво требало малку да го зачистат Вардар,па потоа да размислуваат за плажа.Патот да се направел барем додека да се стигне до плажата.Камчињата да се тргнеле или пак можеле тоа цело да го асфалтираат.Плажата не ми се допаѓа.Според мене,можеле само да стават шанкови со маси и столчиња и тоа да биде како некој летен кафич.Како и да е тоа е едно обично фрлање на пари,а тие пари можеле да ги инвестираат во болници,училиштата,студентските домови или пак да им изградат некое како живеалиште на бездомнците.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    мислам дека ова е најголемата глупост шо можеа да ја напрат, наместо да вложат во отварање фабрики или нешто друго поизводливо, па луѓетоо немаат корка леб да каснат, тие плажи отвараат, некојси проекти без везни и сл. абе греој смее ! :@
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Абе како замисла не е лошо и искрено имаше голема посетеност летово,само заборваиле дека покрај плажата се шири реа од Вардар која богами и не е баш пријатна.Си пиеш кафенце,нозете во песок а одблиску си пловат шишиња,по некоја скината патика,а богами и некое лебдечко гомце.

    Некако ми е половичен проектов,а пред два месеца го слушав Коцката се петореше на едно интервју ,задоволен бил ќе отварале уште една догодина здравје,епа ајде баш да видиме кои бурлески ќе бидат,овојпат како локација јас им предлагам Депонија Дрисла.

    Море ко ќе размислиш не се само они криви,ќе расправаме како не чини а цело лето полна беше ако еден сок е 150 ден...тоа е!
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Не треба темава да се заклучи ?
     
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Зошто да се заклучи?

    Извинете малку офф топик.
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Сок и Кафе 150 денари !? И кој будала ќе иде таму коа може и на тераса да си се сунча :D А и боље ти е да си отидеш на базен на Воен карта е 100 денари а прекрасен е базенот милини :D Ама глупо е таму што не даваат да се носи јадење ама ја и другарка ми коа бевме летоска си шверцувавме :lol: :$
     
  15. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    362
    Неколку пати сум била на кафе,не ми е ништо посебно,се може и без неа,ама веќе кога ја има,некад ко за промена може да се посети :)
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Морам да си кажам дека негде прочитав ќе ставале сплавови на Вардар !!
    Извинете за оф топик :^)
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    ее баш оваа тема ја барав: скопските плажи (ако можат да се наречат така)

    слушнавте вчера на вести дека милиот ни градоначалник ќе прави уште една плажа во Скопје?
    па ни мање ми више во сам центар меѓу камени и гоце делчев
    вчера кога слушнав се умрев од смеење кој со здрав памет става плажа во сред центар??????

    дефинитивно на градоначалников треба пасош да му се земе, никаде да не мрдне и да не добива вакви фикс идеи затоа што не ни бега и на сам плоштад да стави песок :@
     
  18. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Па дека има многу луѓе на првата мораше и втора да ни отворат...
    Нема смисла да се гужваме нАли |(
    Кај ќе стигнеме сите да се исончаме...А нема смисла некои бели некои црни да се шетаат.
    Тоа би била чиста дискриминација :^)

    Се повеќе и повеќе се ежам на идеите на нашата ни влада :smirk:
     
    На esperanca, annii и Shana им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па сега, виделе дека во секој европски град има плажи и затоа. Кога веќе се гради триумфална, па за една плажа бил проблемот.

    Него настрана тоа, јас идејата на градска плажа си ја сакам. Имам слушнато еден куп прикаски од татко ми за скопската градска плажа на времето каде што тој па и постарите генерации ги шмекале своите први симпатии. Дури и слики имам дома и изгледаат стварно - носталгично. Времето кога можеше да се бања во Вардар а да не те однесе по некоја стара и р’ѓосана машина за перење алишта, па Рамче одспротива ти се дере - комшикееее извиниии!
    Сигурно тато би знаел да зборува сеуште кога би можел, но сега барем линков постои за да ни долови дел од скопската атмосфера.
    http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c28/c28plazi.html

    Како и да е, во сиот куп несредени работи, уште само плажата фали |( но во глобала не е најлошото што се направило, да признаам.

    А за тоа дека е урбана одлика на еден европски град, онака општо кажано, морам да признаам дека е. Но за вистински урбани градови. Овој нашиов демек ќе го дотераа, па малку го направија партали, па сега ќе му ставаат цвеќиња за украс затоа што само тоа му фали.

    Патем, имаше еден виц кога се појави плажава (охриѓани, без љутиш :wasntme: ) ;)

    Во Скопје се отвори Градска плажа.
    Лежалките се бесплатни.
    За Охриѓани 500 денари.
    А има и наградна игра: "Кој прв ќе го види шпоретот во Вардар!“
     
    На LaChiquita и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    хахахахха ме изнасме вицови
    пирамитке знам на што мислиш кога мајка ми ми расказува како било во старо скопје срце ме боли што не сум живеела тогаш