Леле замислава може им била добра,ама не им испаднала како што требало Место да поцрнам мувла ке фатам..Блазе си му на оној штоне му смета нечистотијата ама јас не би одела
Па нормално дека ќе отворат уште една. Па нели гледате дека се грижат во случај народот да нема пари за да си го печи газот во Охрид,Струга,Дојран,Преспа или некаде на море? Коце бе, вака сите да ти се клањаат за идејава. Скопје понапредно од Дубаи ќе биди.. само во постар стил. Баш ме интересира колку пари чини издавањето на просторов под концесија.
^ што е со сликава??? да не ја спремаат малава за Спојлер bukkake? шаљим се! он топик поглупава идеја од оваа плажава јас немам чуено! не сум отишла а и нема да отидам да дадам 150 денари за кафе, а за возврат да ме мавне арома на гомна ??? не фала! A може имало некоја што едвај чекала за плажава, за да растресе гзенце веќе не знаат на што трошат пари плажа бе, плажа, и тоа на кејот на вардар?! господе боже,прости им не знаат што прават!
Не знам зошто ама никогаш не би ми текнало да се соблечам по купаќи на Вардар , небаре цела страна плажа ја направиле . Се сомневам дека некој до сега се соблекол , ако го направил тоа нека се пријави Нека направат кафичи летни или што знам јас , ама плажа побогу ?
има многу побитни работи отколку да се издвојуваат 300 милиони ( т0лку мислам беше ) за што друго ако не ..за плажа ..па златно езеро си имаме во Охрид беее .. далеку да не е ?! и онака нема д аможе да се плива ...или па шо , може некој похрабар ќе се најди или ќе сака да си ги покаже коцките на стомакот ..или некоја цура да го покаже стегнатиот задник ...
па ајде втора плажа па после плажа коце имал желба да прави сплавове. хм ќе бидеме ко беоѓраѓани добродошли хехехе мислам се на се апла ми се глупи идеиве ајде една ок им било мерак али цели комплекси
Поарно тие пари да ги одвојат за бесплатен превоз до некое од златниве езерца што си ги имаме , па да се отиде на вистинска плажа, а не вака....плажа во Скопје...и тоа на Вардар...сред г.мната Сваштарии!!!!
Со среќа нека Ви е плажата а ние обични смртници ќе чекаме некоја друга поубава кампања. Дали се нормални политичарите ??? Е, не се...
Како ми се иде некаде да пливам...лелееее....може као супститут и една добра спа ...хахаххах...додека не дојде јули...
Па на пауза цела администрација ќе се спушти на плажа, мераци, кафенце, трт- мрт, дошло време и платичка да земат кутрите намачени државни службеници. Цела улица Македонија ќе се пресели на плажа, ќе се сончаат административците и ќе пијат кафенце, јас сигурно нема да се здадам таму да седам, не благодарам, си ги имам Матка, Водно, ако треба и на балкон ќе си седам ама на таа плажа не одам. Што, да седам на плажа, лево од мене одвод од канализација, десно...уште еден одвод од канализација, позади мене партиски војничиња во хор пеат вмро-вмро.... а јас ќе си свиркам "живот је леп"... ајде може догодина ќе одам на море, а не солта само преку сирење да ја конзумирам, малку и на кожа да ја осетам. А што па такви луксузи, сончај се на Вардар, и бањај се во када со морска сол ( онаа шарената убава е ), и немој секој ден така , се знае кога е евтина струјата, од 13.00 до 16.00 и после 22.00... а може и во недела, башка традиција е тоа. Македонија- Швајцарија на Балканот...ма каква Швајцарија....Македонија - Монте Карло на Балканот !
баш сум љубопитна како сето тоа ќе изгледа морам да признам нема мн.да должам и коментирам на темата само ќе речам све што се гради што е ново е убаво а све што се руши што се запоставува и распаѓа не е убаво па ајде да видиме што ќе бидне од плажата јас сум оптимист
Спојлер малку офтопик, хаха. Попладнево кога спиев сонував дека сум била на Градска плажа , ама во Вардар било дозволено бањање. Сум била помала и на плажа постелена сум била со една другарка и мајка ми.Една девојка до мене имала пешкир со СУЗАНА ГАЗОВА и сум мислела како да и го украдам.Во Вардар имало нуркачи и еден момак извадил калашников. Сонов претпоставувам беше последица од некој муабет деновиве за градска плажа. I don't need drugs , my dreams are frightening enough Побогу , циркуз! Ај барем ќе има кај да се слика скопскиот крем Креативноста е машинерија за пари
Шанковите на првата плажа одвај му ги тупнаа на човекот со многу убедувања и напори, па еве за вторава плажа ако има шанкче доброволно се пријавувам да ми го дадат
...леле како си ме насмеала, си го замислувам пешкиров, а некој момак легнат на стомак врз Сузе направил дупче во песокот кај меѓуножјето... Слатко ќе се смеам цел ден
Не знам, поминувам неколку пати од дотичнава плажа и како што гледам, не профукционирала зашто ли ? Да бидеме реални замислата за плажа однапред беше осудена на пропаст...ама тоа е, кога имаме многу паметни и јако креативни глави во државава.
Да имаат релаксирачка слика оние горе од новиот суд, кога препотени ќе мораат да ги носат одлуките кои им ги наметнале.