Брикс е меѓународна политичка организација на водечките сили во развој и наследник на претходната организација БРИК, укината со вклучувањето на ЈАР во 2010. Името доаѓа од првите букви на петте оригинални членки Brazil, Russia, India, China и South Africa. Со исклучок на Русија, членките на БРИКС се земји во развој што се сметаат за нови сили поради нивните големи стопанства и значајно влијание во регионалните и меѓународните случувања. Во нив живее речиси една половина од светското население, со збирен БДП од 13,6 трилиони долари и заедно имаат надворешни резерви од 4 трилиони долари. Моментално унијата има 9 членки, а десетици други изразиле желба. На следниот самит во Санкт Петербург, Турција официјално ќе стане десета членка. Се повеќе во последно време се зборува и за воведување една валута за сите 9 членки што би можело да значи опасност за западот.
Колку народ имаме во тие земјите од БРИКС вкупно? Веројатно помалку од тоа што имаме во една Словенија на пример, така што не се закана.
Моментални членки на брикс 1. Brazil 2. Russia 3. India 4. China 5. South Africa 6. Egypt 7. Ethiopia 8. Iran 9. UAE Официјално членки кои аплицирале за во брикс и чекаат одговор 11. Algeria 12. Azerbaijan 13. Bahrain 14. Bangladesh 15. Belarus 16. Bolivia 17. Cuba 18. Kazakhstan 19. Kuwait 20. Malaysia 21. Pakistan 22. Palestine 23. Senegal 24. Thailand 25. Turkey 26. Venezuela 27. Yemen 28. Zimbabwe Земји кои покажале интерес за да поднесат да се придружат кон брикс 29. Angola 30. Cameroon 31. Central African Republic 32. DR of the Congo 33. Congo 34. Ghana 35. Nigeria 36. South Sudan 37. Sudan 38. Tunisia 39. Uganda 40. Colombia 41. El Salvador 42. Nicaragua 43. Peru 44. Afghanistan 45. Indonesia 46. Iraq 47. Laos 48. Myanmar 49. Sri Lanka 50. Syria 51. Vietnam За да сватите дали овие земји доколку направат нова валута би влијаеле врз доларот кој воглавно се држи поради користење како петро долар List of 10 Countries With the Largest Oil Reserves in the World Venezuela Saudi Arabia Iran Canada Iraq United Arab Emirates Kuwait Russia Libya United States of America Светски резерви на природен гас Russian Federation 37.4 (19.9%) 2. Iran 32.1 (17.1%) 3. Qatar 24.7 (13.1%) 4. Turkmenistan 13.6 (7.2%) 5. US 12.6 (6.7%) 6. China 8.4 (4.5%) 7. Venezuela 6.3 (3.3%) 8. Saudi Arabia 6.0 (3.2%) 9. United Arab Emirates 5.9 (3.1%) 10. Nigeria 5.5 (2.9%) 11. Iraq 3.5 (1.9%) 12. Azerbaijan 2.5 (1.3%) 13. Canada 2.4 (1.3%) 14. Australia 2.4 (1.3%) 15. Kazakhstan 2.3 (1.2%) 16. Algeria 2.3 (1.2%) 17. Egypt 2.1 (1.1%) 18. Others 18.1 (9.6%) Дали брикс предтавува закана за западот во воена смисла - не. Во економска смисла западот ќе ги изгуби сите колонии, најголем дел од нафтата во светот ќе биде во брикс исто и гасот. Доколку се спојат сите овоие членки би имале некаде околу 60 проценти од светската популација или некаде околу 4 билиона жители наспроти г7 и америка со околу 800 милиона.
И колку % од светската економија? Сите овие 50 гиганти, имаат кумулативни економии од 35 трилиони долари годишно, Америка и ЕУ имаат 45, без другите сојузници или неповрзани држави.
Прашањево ти нема никаква логика, како може да претставува закана за западот кога нее воено политички сојуз како НАТО? БРИКС е економски сојуз, слична форма на ЕУ само од светски карактер. И БРИКС е иднината, светот станува мултиполарен. Заради членството на Алжир во БРИКС, Кина инвестира 36 милијарди долари за развивање на индустријата и инфраструктурата во земјата. Исто и во другите Афрички земји од "третиот свет" добијаа современи железници и патишта, а ние шо добивме од ЕУ и НАТО? Уште ја користиме железницата од турско изградена 1873 година. Вие во Кичево немате воз веќе. А Африка доби маглев возови со 300-400км/ч. Кина сетска сила!
70 посто од овие се експолатирани од западот и уште им се колонии. Играта се менува ако не е така нема да се користи украина баш сега пред состанокот на брикс и да се закануваат со балистички рекети. Западот го изгуби влијанието. Кога ќе се спојат и ги имаат природните ресурси како нафта и гас шо викаш ти кај ќе оди економијата на западот нагоре или надоле?
Кина веле сила, не светска, најбитно е шо не се велесила воено туку економски и се гледа само прогрес на економски и подобрување на животот со инфраструкѕури заразлика од овие глобалистите
Разликата меѓу Кина и САД е тоа што САД имаат отворено воени жаришта на секаде во светот и имаат убиено илјадници невини луѓе и уште убиваат, а Кина го одржува и чува мирот преку в заемна почит, а кинеските иницијативи за соработка се дел од таа мировна агенда, а САД ако не им одиш прво по ќеф зошто им си слуга а тие се Вазалот, тогаш со сила решаваат се, а таа сила ја искажуваат на некој гревови држави ко нашава и јаки биле.
Според ГДП, Руската економија е двојно помала од таа на Калифорнија. Во брикс само Кина и Индија се посериозни фактори. Но ГДП е помалку контроверзно мерило, според други мерила како куповна моќ и енергетски ресурси, Брикс се галопирачки...
Турција или Туркије по ново, донесе правилна одлука за приклучување во БРИКС, зошто во ЕУ не ја примаат и онака. ЕУ е исламофобична, ама само за Турција а не и за мигрантите внатре во самата ЕУ. Епа кога не сакате земја просперитетна и индустриски јака, некој друг ќе и отвори врата. Тоа е случај и со нас, наместо да ги разгледаат другите алтернативе нашиве слуги на вазалите од запад, ние упорно сме се врзале за тоа ЕУ, кое по секоја цена ни го сменаа и името и презимето и националните чувства и се уште ни условуваат и пак ништо. Не знам шо да речам, ептен треба да си па да не разбериш дека не те сакаат.. Англија излезе од ЕУ, ние ќе влегуваме, хаха. А ЕУ е 99% трговски зависна од Кина, да нее Кина пропадна индустријата во Европа.
Од ЕУ ти живее земјоделието, не збори од газот, пола од крупните инвестиции се благодарение на ИПАРД фондовите. Кина каде инвестира, не ме боли, се додека не инвестира кај нас. Модерното ропство е од кина, ебате социјални кредити и комплетна контрола. Западот нема никогаш да го изгуби влијанието се додека се на cutting-edge од технологијата. Буквално Америка е лидер во ИТ, Земјоделие, ГИС системи, Воена опрема, ЕУ е лидер во технологии за производство на храна, мои колеги во Холандија работат на целосно автоматизирани системи за земјоделие, без човечки инпут. Овие твоиве уште возат трактори. Базирано врз чиви извештаи? Руски? Кинески? УАЕ? Абе бегај.
БАХАХАХАХХАХАХААХХАХАХАХАХ просперитетна? Абе зградиве што ги градат во Скопје е затоа што лирата има инфлација досега невидена и за да немаат загуби ги инвестираат.
Да, да, јаболката, праските завршија во Германија. Цел извоз на земјоделски производи од кај нас завршуваше во Русија се до конфликтот, сега нема кај да го пласираат, оние од Ресен не знаат шо да праат со јаболката и шо да работат зошто нема пласман државата, во Јордан се пласира нешто и низ балканов, тоа е тоа. Кина почна да инвестира кај нас, ама ние ја избркавме. 90% од основните училишта во државава ги реновираа кинезите, медицински установи, последно беше таа лани во Скопје, донација на медицинска опрема, поволни кредити со ниска каматка стапка, нови возови по прифатлива цена. И уште прават. Да не ти барам сега линкови, побарај на гугл за реновирање на училишта. Сигурно севернава наша е повеќе просперитетна. Не треси глупости. Само од туризам тие имаат буџет поголем од цела наша држава. Не си свесен каква индустрија има Турција, какви странски гиганти има таму, особено од автоиндустријата. Лирата политички има инфлација, му ја турнаа валутата ради Ердоган оти почна да не им слугува. Затоа не вреди сега. И овај кредитов од Унгарија шо го земаат нашиве сега се кинески пари зошто само тие даваат нормални поволности за заем, само работава ја тераат преку маџарите за да не биде директ од Пекинг, ваму американците се лутат.
Другар бе шо си по струка? За земјоделие мене најде да ми збориш? Западот ти го зема земјоделието? Не заебавај ај да одиме до ресен сакаш? Или дојди тука во неготино кавадарци 10 денари кило грозје… орбит мастики колку е? Дај молам ти се. Ипард? Може ама кај оди тој ипард не доаѓа до земјоделецот секако. Лидер беше сега се менуваат работите особено после А најмногу им боди во око Ова. Ете ти горе бројки собери си кога ќе се формираат у процент ресурси колку ќе има брикс колку г7 и мурика. Не се контрам нимпа заземам страна глобалистите сами си усраа е сега ќе си сркаат A да и ова нов систем чао долар ќе се вика или со други зборови не ни требате можеме без вас Да не ти преведувам еве читни си малку
Другар бе незнаат шо да праат моментално, моментално се пред рецесија, имаат избори, дедоларизација на глобално ниво, долг од 36 трилиони и банките имаат нереализирани загуби од 600 билиони хаха како бе да ти кажам дека прашање на време е кога ќе има економска криза и на сите има мамето да ни плаче од идиотиве Затоа шо пропаѓаат пробуваат нуклеарна војна да почнат или со други зборови ако паднеме ние и изгубиме влијание ќе си умреме сите Европа зависи од русија мурика е на другата страна на светот европа најмногу трпи од политиките на мурика дај биди реален. Ја објавувам само прозападни вести
Не би рекла дека е толку едноставно барем не како што функционира глобализацијата. Точно, Америка има огромен долг, но добар дел, некаде половина го држат странски инвеститори, Јапонија и Кина најголеми меѓу нив, па би сакале да ја видат САД просперитена Производството на САД е добар дел префрлено во Кина, па тие би сакале Кина да е успешна и стабилна. Во сите држави функционираат наднационални ентитети, кои на некој начин се новата сила, икс фактор од иднината. Ни биполарна, ни мултиполарна, економијата е веќе - унилатерална, секаде до бесвест исти брендови, логоа, начини на живот.. Поделбата е повеќе идеолошка, ама и таму гледаме дека веќе доаѓа до поместувања, западот ќе биде под притисок да воведе повеќе централизирано планирање, а истокот ќе мора да се сврти повеќе кон екологија, иновации и квалитет на живот
Брикс не е закана за цел запад, но за САД е. Ако продолжи вака, сериозно ќе ѝ го намали економското и политичкото влијание.
Кои 50 гиганти? Аргентина со ЕлЛоко сврте рикверц, погоре објаснетото кажува и зошто. Чек да видиме Чиле од чија ќе игра