БРИКС

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 16 септември 2024.

?

Дали БРИКС претставува опасност за западот?

  1. Да

    16 глас(а)
    45,7%
  2. Не

    19 глас(а)
    54,3%
  1. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.861
    Допаѓања:
    4.591
    Пол:
    Машки
    Браво биљо хаха некев да ја ставам ќе рече проруски вести се ова.
    На сликава се оставени бројки без сите членки, да почекаме 24 октомври да се финишира огицијално членови на оваа слика се ќе биде зголемено за уште 30 проценти.
     
    На Feminka22 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.894
    Допаѓања:
    186.710
    Да де, Визуал Капиталист е експозитура на кгб, а јас течно читам и зборувам руски :bug:
    Сега јбг, и едниве и другиве си имаат абецедни акроними што постојано растат, и Брикс ќе биде БРИКСПИУшкљмжрднц:drunk:, и тоа е, нашата е увек најбоља, од кал да е, наша е, идеалите не ги даваме...

    Мене ако може на месечина да ме пратите, поише не треба, фала, довиџења:mm:. Овде се е бавча(lalala)
     
    На Feminka22 и Realist1 им се допаѓа ова.
  3. Joanna_

    Joanna_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Индија и Кина се членки. Се читаш ли воопшто што пишуваш?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.894
    Допаѓања:
    186.710
    Она сака да каже нема таму македонци , не берете гајле, никој нема да почне да праќа јуани и рупии па да ја збуни нбрм:D
    Абе интересно станува во светов, ептен.
     
    На Feminka22 и Realist1 им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Машки
    Во меѓувреме западот врши притисок врз Србија за членството во Брикс исто и врз Турција. Но Вулин рече дека европскиот пат на Србија ќе заврши како членка на БРИКС.
    Screenshot_2024-09-17-06-46-44-874_com.facebook.katana-edit.jpg

    Во меѓувреме во Германија се најавува затварање на фабрики и отпуштање на работници, итоа гиганти како VW Групација. А нелим ќе отвараше во Македонија?
    Screenshot_2024-09-17-06-45-31-673_com.facebook.katana-edit.jpg
    Screenshot_2024-09-17-06-42-45-291_com.facebook.katana-edit.jpg
     
    Последна измена: 17 септември 2024
  6. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.189
    За првото, завршуваа во Русија затоа што не можат нашиве да обезбедат стандарди, еве јас знам луѓе што извезувале и свежо овошје и преработки за ЕУ, ама бато мораш стандардизација и висок квалитет. Така што не е до ЕУ туку до квалитетот на производството.

    Турција да е индустриска сила, ама тоа треба некаде да се продаде, едно ембарго од Европа и ЕУ, ќе рикнат. Пошто грото од текстилот го увезуваме од таму.

    За кредитот, најголема глупост. 250 милиони за одбрани бизнисмени блиски до власта и 250 милиони за изборен поткуп во општините, овај не капитални проекти... и тоа со наши пари.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.484
    Допаѓања:
    13.727
    И? Во сите тие земји од БРИКС немаме народ колку во една Словенија на пример. Се мој до моега во БРИКС. И не е поенатата да се дружиш со голтари за да те биде. Од тие во БРИКС колку држави имаат повисока плата од Македонија? Само Кина веројатно, ме мрзи да барам. Само Кина од тие има кредибилитет, другиве гола вода. Ти каде ќе одиш на печалба, Индија, Кина, Бразил, некаде по Африка или? Што бираш од менито?

    Сите сакаат да тргуваат со богати земји, не е поентата да тргуваш со некои што се посиромашни од тебе.

    И нели гледате дека храната од Балканот постојано ја враќаат од граници, српска, македонска, ја враќаат од хрватска граница полна со пестициди, практично ѓубре, отров, па уште и сте се уфилмале дека заслужуваме некое поарно друштво, а тоа друштво, јад и беда во БРИКС.

    Србија да сакаше досега ќе влезеше во БРИКС, ама не сакаат. Попрво ќе го признае Косово и ќе тргува со ЕУ земји, отколку да влезе во БРИКС. Србија веќе го има признаено Косоо неформално со тоа што преговара со него.

    Од кај измислувате дека ние сме имале трговски бум со Русија? Според ДЗС, последен пат Русија во 2010 година била 10-та земја со која сме тргувале, не прва, не 5-та, 10-та. После ја нема ни во топ 10. А 2010 година е одамна, нема врска со никаков конфликт. И колку може да ти плати Русија, кога стандардот е мизерен, платите помали од нашите? Тој транспорт на овошје, зеленчук што и да е, чини пари, не е гратис, не лета тоа телепатски со божја промисла. Македонија откако е независна постојано нешто се фрла, пиперки, краставици, кромид во Бучин, млеко се истураше, и тоа е резултат на негрижата на нашите власти, а не дека не сме носеле производи до Москва на пример. И треба да се има предвид дека дел од робата се расипува брзо, многу брзо, колку попрскано, толку побрзо скапува, нема тоа време да помине граници и граници, ене ја Србија кај е, се носи и продава и чао.
     
    Последна измена: 17 септември 2024
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    4.777
    Пол:
    Машки
    Очигледно е дека бев погрешно сфатен со прашањето. Нормално мислев во економска смисла, ама гледаме дека убаво им оди и убаво тераат, што можеби би значело и нешто поголемо во иднина од само економска алијанса или унија ако можам така да ја наречам. Сепак Русија е тука, ако беше слаба Русија немаше две години да војува во Украина против целиот западен свет и пак да се држи, Кина еве стално кружи околу Тајван и на два три месеци им навлага во нивна и воздушна и водена површина, ама слично како ваму во Европа, кинезите не можат да го совладаат островчето поради Америка поточно цел останат свет, да не беше Тајван од некоја важна улога за САД, Тајван одамна ќе беше дома, Индија нема некои значајни конфликти освен тој со Пакистан ама сепак и Пакистан е земја со популација нешто помалку од САД така што и не е баш мал конфликт.
    А кога ќе размислиш подобро, можеби економијата е и многу поважна од армијата, доколку падне доларот и еве како што кажа реалист со долгови од 600 милиони долари, а допрва нели и предавање на власта треба да се случи и сите останати хаоси во државата Америка по дифолт ја губи моќта во светот и таа да биде таа што сече.
    Видов и за Турција сте пишале, Турција е ни ваму ни таму, никој да не им е в кожа. Слично на Белорусија после нападот Русија на Грузија 2008. Турција за инат на западот што не ја примаат во ЕУ почна да се зближува со Русија па нели не сакаше да го затвори босфорот, ама гледа нема отаде чаре, уште лирата им ја направија со вредност на тоалетна па сега пак се враќаат кон западот.
    Ајде да почекаме октомври па тогаш многу подетално и поточно ќе можеме да дискутираме.
     
    Последна измена: 17 септември 2024
    На Deus ex mahina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    A od tie drugarcinja od eu i nato dobivme severna makedonija i vladeenje na uck 30 godini i zosto da odam na pecalba i rabotam ona sto ne go sakaat zapadnacite zosto da ne ostanam tuka
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.484
    Допаѓања:
    13.727
    Како е закана БРИКС за ЕУ или НАТО? НАТО си е воен сојуз, а како ќе биде закана и за ЕУ? Да сме дошле до стадиум Американец да се бори да биде претседател на Индија како што Камала Харис е полу Индијка, а по татко е од Јамајка и таа се чувствува како горда Американка и е кандидат за претседател на САД, или да се бори Англичанец да биде премиер на Индија како Руши Сунак што е во Британија, да, ама ние сме предалеку од тоа сценарио и тоа нема никогаш да се случи додека сме живи. Да сме сега во ситуација децата на американските новинари и политичари да живеат во Москва и да не сакаат да се вртат дома, како што деца на руските новинари и на Песков на пример живеат во западни земји, да, ама тоа е засега научна фантастика. Да гледаме дека земјите од БРИКС поради повисоки плати ја преземаат работната сила од европските земји, би било закана, ама тоа е исто научна фантастичка, оти 2.000 евра се повеќе од 500 евра.

    Муабетите со БРИКС се само утеха за безнадежните како нас, други не ги ни коментираат. Во БРИКС се е на ЌЕ. Имам многу странци на социјални мрежи, од Срби, Црногорци, Босанци, Хрвати, Словенци, до Унгарци, Украинци, Италијанци, Французи, дури и една од Сенегал, друга од Иран, трета од Ерменија, имам и по некој Турчин од Турција, никаков БРИКС не споменуваат или да споделуваат нешто такво, само Македонците се лажат дека еве некој експеримент, изгледа ќе го биде, па демек шанса ќе било за нас, мислиш ние некогаш сме имале избор. Зошто да трошиш време и енергија да мислиш дека некој експеримент ќе го биде, кога еве гледаш како другите што беа попаметни се извадија од сите кризи, фатија правец и туркаат напред, како Хрвати, Словенци. Имаш пример пред очи, ги бидна, што има да фантазираш во празно дека Индиецот нема да бега од фирма во Чаир каде дошол за 500 евра и демек ќе имал појака плата од Американец, Германец, Британец, па наводно ќе ги загрозел нив? И замисли сето тоа со помош на Русија што еве ни граница не може да си чува со толкава армија и не може Украинци да избрка повеќе од месец од своја територија. Колку смешно. Ако ова е рецепт за успех, арна е Македонија, успешна, ни економија, ни граница чува, куку.

    Која од тие земји е за пофалба во БРИКС, освен Кина? Јас од тоа хорор друштво само Кина би ја издвоила како позитивен пример, другото за мене не е ни за коментар. Бегај подалеку од тоа што потсетува на Македонија, Ќе па ЌЕ, а тоа ЌЕ е ништо никогаш, празен џеб и празни муабети. Турција не ја сметам за слаба земја (таа не е член и дали и ќе биде), лани Истанбул бил дестинација број еден со најмногу посети во светот. Турција е многу поугледна од тие таму во БРИКСОТ.
     
    Последна измена: 17 септември 2024
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Otidoa hrvatite napred ama so toa sto zagreb stana nepalski grad a oni da rabotat po burger king i slicni po Germanija i Irska mng otidoa napred :):) i da zosto da ne probame ako gledame deka so nato i eu ne mozeme ne e samo edna strana ne e samo zapad ima i istok jug i sever
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Не сме ние толку безнадежни, колку што Развиените концепциски и тактички не ставаат во ист кош со Турција, на пример. Just saying, во глобалната ветрометина во моментов ние сме намерно оставени ни ваму ни таму, некој вид на нови неврзани :D
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.484
    Допаѓања:
    13.727
    Чекајте другари, видовте ли колку Руси се доселија во Србија и бараат работа(над 200.000 луѓе)? Индијци доаѓаат во Македонија, Србија, па бегаат. Статистички има и Турци што работат и во Македонија и Србија иако Турција уште не е дел од БРИКС. Кинези колку има во Србија, знаете ли во рудниците? Тука работат, и праќаат пари дома, а платата на Кинез во рудник во Србија е помала од таа на македонски гастарбајтер во Германија., а Кинезот живее, работи, плаќа трошоци во Србија и праќа пари дома и е задоволен. Руси, Кинези, Индијци, три големи нации од БРИКС работат во мизерните Србија и Македонија, за кој просперитет на БРИКС говорите вие?

    Да отидеш напред не е само економија, туку да имаш правен систем, инфраструктура, право на слободно движење во развиени земји без визи, добро образование, да си дел од заедница што ти чува грб итн, широк спектар е тоа. Во кој сегмент еден Русин, Кинез, Индиец живее подобро од еден Хрват или Словенец па ние тука да паднеме во несвест дека ќе биле закана за западњаците? Одамна постои БРИКС, ама дознавме за него откако помина една година од војната во Украина, така некако, и оттогаш се е во најава, нешто ЌЕ правеле.

    Да, точно отишле Хрвати во Германија, ама истите не ваделе бугарски пасоши, туку се рамноправни граѓани на ЕУ, а во Хрватска отидоа Македонци, ама повеќето со туѓи пасоши, а проблем е што во Индија, Русија, и тие африкански држави никој не планира да се сели. Тие во БРИКС сите си имаат отворени прашања, како Македонија. Кина и Индија си спорат граница, Русија има проблем со Украина, ама и нерешен спор за граници со Јапонија(за неколку острови кои ги узурпирале од Јапонија), тие африканските држави, проверивте ли дали се со активни воени конфликти внатре и со чести напади од исламски групи? Како очекувате просперитет од нив?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    БРИКС = многу, многу луѓе и многу, многу природни ресурси. Многу младост, а иднината е во младоста.
    Немам појма од економија, само здравиот разум ми говори дека доаѓа едно ново време со нови вредности.
    Верувам дека тоа го знае и западниот човек, иако нивните влади сеуште го држат во розевиот балон ,кој само што не пукнал.
    Треба да се молиме да не станеме нова западна колонија,наместо ослободената Африка....иако и тоа би било привремено само....
     
    На Shalitra, Realist1 и Deus ex mahina им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    4.671
    Пол:
    Машки
    Јас имам едно прашање, зошто никој од Македонија не мигрира во земјите на БРИКС? Зошто жителите на БРИКС сакаат да мигрираат во проклетите ЕУ и НАТО држави? Што не си седат таму каде што е иднината и развојот? Па и зошто нашите Македонци не мигрираат во земјите на БРИКС?

    Ние доброволно стануваме американско-српска колонија, но мене ми е повеќе страв да не станеме кинеска колонија, какви што има многу во Африка. И таму Кинезите се однесуваат како виша раса и го уништуваат достоинството на тамошното население, дури и полошо од тоа што го правеле Европјаните.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.484
    Допаѓања:
    13.727
    Работава е тие што си ја завршија домашната, си го живеат животот, а ние што само пропаѓаме, ние си тепаме време со тоа како БРИКС еве само што не успеал. Мислев да отворам тема и за семејни вредности на форумов, дека и за тоа зборуваме, а сме далеку од сето тоа. Нема што да се зборува, тој што знае делува. Кај што има памет, има економија која е основа на се и за таму нема зима.
     
  17. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Да добивав паричка секогаш кога ќе го слушнев ова прашање...

    Јас па се обидувам да најдам одговор на друго, ново прашање - зошто тоа воопшто се мигрира секогаш во истиот правец, со децении и вака во орди, во бројка од стотици илјадници? Каков е тој економски и идеолошки поредок, кој толку успешно го одржува статус-квото во кое малкумина се богати, а другите, "Глобалниот југ" секогаш го плаќаат данокот, најбројувам хронолошки - во работна рака, потоа ресурси, па денес повторно во работна рака? (И повремено во човечки животи).

    Да не идеализираме, по игра на случајот можеше да е сосема обратно и денес ЕУ да се голтаци и просјаци, па пак истотото требаше да се праша.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    4.671
    Пол:
    Машки
    Во Европа секој може да живее достоинствен и слободен живот. Дали е така и во Кина? Или во Русија? Какво достоинство имаат работниците таму? Помало и од тоа што кај нас го имаат? Колку милијардери има во Кина, а колку сиротиња, кои живеат ко сардини во станчиња или фабрики?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    4.400
    Пол:
    Женски
    Неќам да те навредам ама знајш шо збораш? Ко улава да ми си...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.484
    Допаѓања:
    13.727
    Добро ми е прашањето. Може на електронски попис да се види колку Македонци има во Кина, Индија, Русија, Бразил. Во Русија беа 90 само. Одлично си е прашањето, е сега што немате одговор, не сум крива. Ти кај ќе одиш на печалба, Русија, Бразил, Индија, по Африка? Ако тие држави се толку добри, зошто таму никој не се сели од европско тло?