1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

БРИКС

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 16 септември 2024.

?

Дали БРИКС претставува опасност за западот?

  1. Да

    17 глас(а)
    47,2%
  2. Не

    19 глас(а)
    52,8%
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.047
    Допаѓања:
    188.045
    На Mumoftwo30 и Realist1 им се допаѓа ова.
  2. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    Ама не значимова се е објавено светска банка имф фондот значи институциите нивни сами си кажуваат
    Ја сето ова од западни медиуми го разбрав источни не гледам воопшто не сакам комунизам и ја
    Еве напиши dedolasation wikepedia и селектирај колку земји не го користат доларот значи јавно е на викепедија стое треба да си слеп за да не го видиш е сеа ако сакаш да не го разбереш шо да кажам избор си е
    Украина им е изгубена одтана уште само едно градче на 7 километра се и после до дњепар се чисти и тука ќе биде границата.
    Од историска гледана страна секоја јака валута до сега пред да пропадне треба многу јако да се испумпа на вредност и после иде колапс а тоа може да го направат само преку удар на иран и недостаток на нафта. Ќе видиме битно е светот се менува
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    40.763
    Пол:
    Машки
    Brics, вајда?

    Исто како и @DS10 и мене ме интересира на кој начин ја одредуваат вредноста на валутата, нели, мора да има некое покритие позади неа за тоа колку реално вреди, злато?
    Или ја одредуваат по вредноста на доларот? А доларот секако нема никакво покритие и принтаат колку сакаат.

    @Realist1 или некој друг економист ова да го објасни подетално?

    Овој прво се сретна со Блинкен, па сега на самитот на Брикс.
    Исто и Ердо е двоен играч, и може да биде кукавичко јајце.
    И Аргентина ја има исто така на банкнотата, а сега нивниот претседател, Милеи е баш наместен од САД, и е про-нато.
    Баш ќе биде интересно да се види во кој правец ќе оди сето ова. Дали ќе остане само на алтернатива на доларот, или ќе биде економска унија во права смисла што може да и парира на ЕУ.

    Во меѓувреме, терористички напад во Анкара. Порака до Ердо, или?

    Five killed, 22 injured in terror attack on Turkish aerospace company
     
    На Biljarkata, Realist1 и DS10 им се допаѓа ова.
  4. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    Шепкулации е тоа не се знае вредноста.Валутата ќе биде врзана за златото исто како шо беше доларот навремето и спрема цената на злато ќе вреди и валутата.
     
    На Biljarkata, Billy Idol и DS10 им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    40.763
    Пол:
    Машки
    За кој зборуваше @Tanjamm дека им вртат грб на Русите? Казахстан? :)

    Screenshot_20241024-015557.png
     
    На Amellie13 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    И @Billy Idol кој бенефит го осети ти како Македонец од вчера по самитов, без разлика колку Арапи дошле таму, Казахстанци, кој и да е? Вучиќ го излажа Путин, намерно не оди, не дека не може, не сака, сака да седи на сите можни столчиња. Ппапапап, кое друштво таму, ме мрзи да ги барам, сите ли тие земји се со помала плата од Македонија.

    На вести кажаа дека бројот на членки уште е 5 во БРИКС, навистина е така? Значи од основањето, уште се на 5, толку години, а другите само пројавиле желба за членство, така кажа на македонски вести? Вистина е тоа?

    Мислам, Путин за 3 дена во Берлин требаше да стигне со армија, се ова е мувлосана утешна награда. Човекот не може Курск да си го врати под контрола, ќе донесе просперитет на некои сиромаси по Африка? Верувате во ова или се обидувате да ги излажете другите?

    БРИКС со овие тенденции ќе стане муслиманска дружина. Мене Индонезија, Узбекистан, Алжир, и сличните ама ништо не ми значат во животот, ниту ми се поим за просперитет. Били ти кои вредности делиш со Алжирци, Узбеци, Индонезијци па се порадува? Путин бакнува Куран, дели вредности со нив, мора.

    Патем и македонски државници одат и во Брисел, и во ОН, и во НАТО сме членови, па сме невидена катанга.

    Сам си пишуваш дека фриленсаш за странски фирми и заработуваш од нив, или да не сум сфатила погрешно, да не се тие од Индонезија, Узбекистан, Алжир? Зошто ми пропагираш нешто што не практикуваш?

    Кахахстан одби влез во БРИКС, а што кажале ли на состанокот дека еве за 2 дена се премислиле, влегоа ли? Што драматично се случило?
     
    Последна измена: 24 октомври 2024
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Ај објаснете поише малце.
    Као ќе се вреднува итн? И као се вика.
    Глеам доларот нема промени. Ме интересира а стварно неам време да читам толку. Фаќам од темава.
    Добро, имаше состанок, се собраа 30 и кусур држави шо е топ. Напраија банкнота. И сега како ќе се мења системот?
     
    На Mumoftwo30 и DS10 им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Мене сето ова ми е очај, друштво на сиромашни и очајни. До 1 октомври Путин нареди да се ослободи Курск, еве го кај и да е, 1 ноември ќе дојде. Додик е претседател на РС, а за цела Босна одлуки носат сите три народи, Хрвати, Срби и Бошњаци, ни самата Босна не е некоја држава, а не па Република Српска да е фактор, боже сачувај, се читате ли што пишувате? Додик дали може да влезе сам во БРИКС, да не му треба дозвола од Сараево и од Шмит? Дека е тоа протекторат кој е под надзор на ЕУ, да не дојде до крвопролевање.
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Друштво на сиромашни?
    Тања ти тролаш? Нели имаш диплома од економски? Мислам и да немаш. Ако ОАЕ, Кина, Саудиска ти се сиромашни, ние шо сме,
    Делулу очигледно.
     
    На jacqueline.s, eliesaab, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Зборувам за тие 10 таму, од нив три ли се богати само, а 7 сиромашни? Што се случи сега вчера драматично, не сфаќам? Имам кажано, освен денари ништо друго немам заработено во животот, денар и само денар, еве нека пропадне доларот и еврото, двете утре нека пропаднат, нека пропадат ЕУ, САД, тоа ти значи дека ќе имаш многу сиромашни околу тебе што ќе немаат леб да јадат и ако ти имаш некое денарче плус, ќе те плачкаат? Пример, вчера сосетката ми кажа дека внуката се вратила од Work and travel во Америка, со тие пари цела година ќе си го плаќа факултетот, а таткото и мајката на девојчето се во Белгија, значи живеат од долари и евра. Јас работам за македонска домашна компанија, сопствениците се Македонци, ти работиш во странската компанија во Скопје или домашна? Сакате да ми кажете, сакате да останеме сите колективно без пари и да одиме на печалба во Алжир? Во Саудиска Арабија би одела на печалба на пример? Тие затуцани шеријатски држави не ти се како Германија, Италија, Австрија, Словенија, која и да е.

    Немам Економски јас, грешно си сфатила. Узбекистан е побогат од Словенија на пример? Алжир е поарен од Хрватска? Не мора подалеку да одиме. Која од тие држави е подобра од Хрватска и Словенија? И не само пари, да има и некоја демократија, права за жени, и џабе пари во С.Арабија кога таму државата нема податоци колку жени родени во таа земја се убиени од нивните мажи, таква статистика нема, жената е пониско од крава(ова ми е читано во книга од саудиската принцеза). Јас тие не ги сметам за лулка на просперитет, само затоа што имаат нафта и пари.
     
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    40.763
    Пол:
    Машки
    Лично јас има можност да осетам бенефит од ова. Како што рече, давам ИТ услуги и имам клиенти од Кина, ОАЕ, Тајланд, а сум имал во минатото и со клиент од Бразил соработувано.

    Значи ако може да го заобиколам СВИФТ и да користам платежен систем кој е брз, децентрализиран и со мала наплата, win-win е и за мене, и за клиентите.

    За тебе лично знам дека нема бенефит, оти ти плата од други извори примаш, па не е чудно што кукаш, оти изворите ти секнуваат. :D

    Тоа што Македонија се изјаснува сеуште дека нејзини аспирации се ЕУ само, а не Брикс, народот нема никаков бенефит да види, оти во ЕУ секако не не примаат. Србија игра паметно, и користи.

    Брикс вчера се прошири со уште една земја, Иран, тоа не го виде на вестите? И сите овие горе како земји соработници и идни членови. Една од нив е Казахстан за која ти ни ги потече во темава дека им вртат грб на Русија, за сега да станат дел од Брикс.

    Туку интересно е како и една од најголемите членки во НАТО, Турција стана дел од Брикс, и Саудиска Арабија. Нели овие беа држави блиски со Сад, или им завртеа грб? :D

    @Realist1 ти кажуваше тука со месеци за доларот, јас уште во темата на Украина тоа го кажав кога почна војната. И еве, се оствари побрзо од очекуваното.

    Ти две години пишуваш како Русија пропаѓа, изолирана е од санкции, нема пријатели, сама на себе оставена... Само што не се разделила на повеќе државички. Ете ги Бурјатите само што не кренале востание...
    Иначе Казан е во Бурјатија и они ја имаа таа чест да бидат домаќини, и да ги пречекаат сите државници со најголеми почести, да ја претстават својата традиција и храна.
    Ништо од тоа што зборуваше не се случи. Туку баш спротивното. Што само кажува колку си делулу. :D

    Сите земји таму се богати. Многу од нив имаат повисоки плати од Македонија, а други се земји со огромни природни ресурси.
    Што има една Белгија, Холандија, Естонија или Австрија?
    Земји кои се богати само и само затоа што цицаат од ресурсите на овие горе со векови. Е веќе нема да можат така! Стандардот ќе им паѓа, и ќе одат само надолу. Светот се менува и не можете ништо да направите да го сопрете.
     
    Последна измена: 24 октомври 2024
    На Mrs. right, eliesaab, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Јас кукам? Јас се исмевам, различно е. Можеш 100 пати да кажеш дека примам плата од други извори, тоа нема да биде вистина. Одлучете се веќе, работам во амбасада, НВО или каде веќе? Ако ме знаеш, ма пиши ме со име, презиме, кај работам. Казан е во Татарстан и државата е пола Руси, пола Татари, мала разлика плус минус. Ништо од тоа што ти зборуваше не се случи, прочитај си, пишуваше за капитулација на Украина за 24 часа, Русите ќе стигнеле до Одеса, па и до Приднестровје, Украина немала никогаш да почне преговори со ЕУ, пред две години пиша Украина нема да добива оружје и ќе капитулира, денеска е 24.10.2024 година. Сам ти плачеше по други теми си сакал поддршка од Запад како Украина сега и зошто не сме ја добиле? Јас не реков дека Русија ќе се распадне сега и веднаш, пишав дека ако ја изгубат војната и со тој наталитет, муслиманите ќе им прават проблеми, па и ќе бараат сецесија. Тебе ти е жал што Македонија не е доволно интересна за да биде во нечија сфера на интерес, ама сериозно, не само површно.

    Богами редно време беше едно самитче и Путин да направи, за мерак онака, не е прв што направил самит во историјата на човештвото. Па и кога ми кажа и храна имало, брее, просто се фрапирам, не знам дали некаде храна презентирале на друго место во светот. Не ме тагнувај веќе, смешно ми е сето ова, сите релативизирања, дури Украинци му го окупираат Курск. Нели ќе си одеа за два дена или како беше? Има ли во светската историја таков пример, велесила да нападне сосед, и соседот да им окупира област? Ме мрзи да барам, многу истражување е тоа, ама јас не се сеќавам. Изгледа Русија е прва по тоа во историјата, батали храна, сите имаат национални кујни, ништо ново.

    БРИКС може да биде закана за ЕУ и САД, само ако сега и веднаш почнат земјите да излегуваат од ЕУ и НАТО и да се зачленат во БРИКС. Турција не излезе од НАТО. Србија не ни сака да влезе во БРИКС. Додик има република, не управува држава тој. Ако бидеш доведен во ситуација да мораш да влезеш во БРИКС, оти сите соседи ти се таму и те условуваат, инаку ќе запре увоз-извоз, тогаш БРИКС е закана и станал опасен за ЕУ и НАТО, инаку ова се смешни, Додик нешто кажал. Тој цел век зборува за сецесија од БиХ, па ништо не се случи, дури и се правдаше дека не рекол баш така. Алжир е позната по терористи кои вршат напади во Франција, друго немам прочитано нешто паметни. Еве сега Путин нема склучи договори, некаде даде привилегии за студии во Москва, ќе си укрца плус муслимани дома.
     
    Последна измена: 24 октомври 2024
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    40.763
    Пол:
    Машки
    Ти се исмеваш, или форумов се исмева со тебе? Мислиш некој те зема за релевантен фактор тука? :D

    Не прекршувам јас форумски правила. Од кај си земаш плата, земај си. Сама имаш кажано дека соработуваш со НВО секторот, со владата на Македонија и со ЕУ и НАТО, не е тоа од мене.
    Како што јас сам си имам кажано дека сум во ИТ. :)

    Никаде немав пишано дека за 24ч паѓа Украина, тоа ти го имаш пишувано многу пати.
    А, Украина секако и падна во Мај. Во Истанбул требаше да го потпишат мировниот договор, ама го убија преговарачот и по наредба на Борис Џонсон не се потпиша.
    Од тогаш гледаме војна меѓу НАТО и Русија, не меѓу Украина, зошто никој од таму не одлучува дали ќе војува или не.
    Резултат - 10 милиони популација засекогаш изгубени. 1 милион украински жртви.
    Територија со големина на Португалија засекогаш изгубена.
    Разурната држава, во долгови, без инфраструктура.
    Никогаш нема да влезат во Нато.
    Војната уште трае, и види кој ја губи, а кој ја добива. :)

    А за нас, јасно е. Нашата поддршка од Западот е преку лицемерие, тапшање по рамо за да извршиме харикири, и насадување на УЧК терористи во влада да не управуваат тука како да се локални шерифи. Тие, истите што ти ги поддржуваш во секоја тема. :)
     
    На Mrs. right, eliesaab, Realist1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Aма ич не е битно што сум пишала и дали сум погодила, јас не сум експерт, па дури и сите воени експерти и аналитичари промашија и што? Ништо. Живот. Види, ти се тешиш цело време. Како ти што тврдиш, аналогно на твоето тврдење Македонија падне во 1991 година кога Албанците бараа Илирида и падна кога пола населби и села се иселија во Германија, Белгија. Ти бараш кај ќе избие војна и да речеш „ааахх, еве има полоши од нас“.

    Јас работам во приватни фирми цел век, и во поново време соработувавме со кинеска амбасада)периодично), со други не, нешто еднаш од босанската се јавија и тоа е тоа. И македонски НВО сектор има потреба од услуги на нашата фирма, и тие имаат потреба од сметководител, маркетинг, итн, логично нели и тоа не е незаконски или погрешно. Јас од дете сум активна во сферата на културата, после накај 20 години активна во цел регион(фала богу интернетот нуди поврзувања), не само во Македонија, а Хрвати, Словенци, ако ги сметаш за ЕУ и НАТО, да ЕУ и НАТО се. Ако чекам од државава нешто да ми помогне или од народов, тешко мене. Имам соработувано малку со Руси, пред да прават инвазија, со Украинци, Унгарци, со луѓе од Јужна Америка, итн, впрочем за ова па други ми рекоа лажеш, така да што и да пишувам, на крај секој толкува како му одговара.

    Ако народов е сиромашен, и јас ќе бидам сиромашна, кој ќе дојде на работа да ни биде клиент? Добро е народот да има пари, нека плива во пари.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Не знам дали во Македонија има здружение на ИТ инженери? Ако има како функционира и кој го финансира, има ли вработени? Ние имаме, и тоа здружение постои физички, има и ограноци, оти канцеларија плаќа европското еснафско здружение, има таму 2-3 вработени(со плата и придонеси, имаш сајт, телефон на кој ти се јавува вработен), не дека нешто вршат работа, ама колку за утеха ги имаш кај да се поплачеш, а одговараат и вршат работа како нив ќе им текне, како им тргнал денот или зависи колку си им близок, дали ти должат услуга и тие делат награди, добиваат пари од ЕУ, од каде инаку, да ги наградат тие што сме биле креативни, а не секогаш е така. Значи европски пари се тоа, а не ги делат транспарентно, и не се казнети воопшто. Повремено ќе има некоја поплака, ама ништо сериозно, нема реперкусии. Многу работи во државава се од европски пари, па скоро се. Од што купува пензионерот во Берово во маркет? Од парите што син му го заработил во БРИКС? Не, од парите испратени од Германија. Тоа се европски пари, па не видов да се соберат на плоштадите и да ги горат тие пари, оган со нив да палат. Не знам како не сте свесни дека немаме ништо ние. Ако се ограничиш само со Македонци да седиш, можеш само да стагнираш. А странци можеш да сретнеш секаде, пример првата фирма три години по ред добиваше награди како најдобра, мора некој да оди да ја прими наградата на прием, епа таму имаш бизнисмени, амбасадори, дипломатски кор, можеш да направиш муабет(ако знаеш јазик секако, ако си несигурен, ќе дремеш во ќош и ќе молиш бога да не те прашаат нешто), ти даваат визит картичка итн, ништо страшно нема и тие се луѓе.

    Како мислите дека постојат тие здруженија на текстилци, чевлари, еко храна и слични? Мислите дека БРИКС ги финансира? Не, ако дадат Европјаните пари, ќе има базар во Кратово со локални специјалитети, ако не, три години нема ништо да се случува, ич ништо. А Македонија не е дел од ЕУ, нема ни абер од реформи, јас не знам што толку дукмање на коленце, јас да сум на нивно место, кој не сака да работи и напредува и на соработки и врмежување гледа како на сатанизам, абе врата му покажувам и нека не се јавува следните 100 години. Скоро еден колега отиде во Грузија, некои си Грузијци го викнале да држи обука, не верувам дека Грузијците платиле, сигурно ЕУ, или можеби пола пола. Тоа е лошо? Да отидеш во Грузија, да запознаеш народ, култура, а да ти биде платено сместување, пат? Платеник е човекот по ваше? Неговите деца не треба да јадат дома, ќе чекаат БРИКС после 50 години да се зајакне, па евентуално ако земјава опстане да влезе? Ич да не му дале хонорар, доста е што во ЦВ ќе пише дека бил предавач на некоја обука во Грузија. Кога гледаш репортажи, нормално таму е средено, убаво, се бираат кадри за промоција, меѓутоа фотографиите на колегата кога ги видов, па Грузија е Европа за нас, чисто, средено, личи на град и тоа е држава што двапати била изгеноцидирана од Русија, па ете ја се држи, дава максимум да личи на нешто.
     
    Последна измена: 24 октомври 2024
  16. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    ако има конструктивен одговор реплицирај и ако глеаш дека вака циа одговори дава колку само да де каже нешто стави и игнор и не си губи нерви, нема поента ни време да си губиш
    Еден поздрав од мене
     
    На Mrs. right и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.893
    Радости, Путин направил самит во Казан, замисли еј, државата Татарстан има 52% Татари и 39% Руси, кој успех, бравос, направил самит во РФ, а плус пола гости се муслимани, и такви самити се обезбедувани со специјалци, демек да не требало локалците да прават проблеми. И јас имам одено во Кичево, па некој не ми честита и не се радува. Сите тие муслимани проверете им јазична група, без превод ќе се разберат голем дел од нив. Татарин вика чечек за цвеќе, Турчин вели чичек. Една буква разлика.

    За домашните УЧК проблемот може да се реши, нека се одмерат парцели, поделба, секој своето нека го земе и управува, ама само што спуштив телефон со делчевец, вели во Штип купуваат имоти, а веќе разгледуваат имоти и во Делчево, Берово, а Вива Фреш косовска имала маркети во Берово, за Пехчево знам. Вистина косовар имал дури три маркети во Берово? Дури три?
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Ja mislam celo Berovo ima duri tri marketi.
    Od toa so mozev da vidam
     
    На jacqueline.s, Realist1, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    40.763
    Пол:
    Машки
    Добро е што бар си признаваш. :D

    ***

    Него да се вратиме на темата.
    Денес е 3 ден на самитот на Брикс, последен. Најголема новост за денес е следната:

    UN secretary general visits Russia for BRICS summit despite Kyiv's criticism
     
    Последна измена: 24 октомври 2024
    На Biljarkata, Mrs. right и Realist1 им се допаѓа ова.
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    Leaders from 36 countries pose together for a picture during BRICS summit:

    India
    China
    Russia
    Brazil
    Egypt
    Ethiopia
    Iran
    Saudi Arabia
    South Africa
    UAE
    Armenia
    Azerbaijan
    Bahrain
    Bangladesh
    Belarus
    Bolivia
    Congo
    Cuba
    Indonesia
    Kazakhstan
    Kyrgyzstan
    Laos
    Malaysia
    Mauritania
    Mongolia
    Nicaragua
    Serbia
    Sri Lanka
    Tajikistan
    Thailand
    Turkey
    Uzbekistan
    Venezuela
    Vietnam
    Turkmenistan
    Palestine
    Кучињата лаат караванот си оде
    Замалку ќе го вратеа ердоган со терористичкиот напад. Западот освен уцени и убивање нема што да понуди на светско ниво.
    IMG_1206.jpeg
     
    На Biljarkata, Mrs. right и Billy Idol им се допаѓа ова.