Повеќе се, База маркет кај Манастир хотелот(таму се сместувам), еден кај автобуската, Кулата маркет, тој што беше Кит-Го, веројатно сега е косовска Вива, има Дим, имаат уште еден на плоштадот кај што има банкомат. Делчевец денеска ми кажа дека до Штип се стигнати со купување, а сега и натаму се распрашувале за имоти. Па сега замисли ги Берово, Пехчево, Делчево за 10 години. И ние сме си криви. Остај Украина, и пола да ја земат Русите, останува многу територија пак за украинскиот народ, а сега Русите им окупираат помалку од 20%, а до пола има уште цели 30% и кусур %. Муабетот дури се воодушевуваме на Индонезија, земја каде има закон ако те пријават за вонбрачен секс, ќе те тепаат и редовно им вршат напади на малцинствата, ние не си гледаме за нас што е најдобро, сега и веднаш. Додуша пред 30 години сме требале цврсто да сме се фатиле за сламка за спас и држи се, да имаш пријатели, моќни, да се развиваш.
Не знам што вести гледаш, оди на Википедија прочитај. ILO е орган на Обединетите нации, ако они лажат еве не знам на кој да верувам? https://www.ilo.org/about-ilo/how-ilo-works/ilo-and-multilateral-system/ilo-and-brics#text=The BRICS is a forum,South Africa, United Arab Emirates. Полека, не се возбудувај, не пропаднал Рим во еден ден, а не ни бил изграден во еден ден исто така. Ама се се врти, јбг, ништо не е вечно. Освен дијамантите де
Проширениот БРИКС, блок кој расте побрзо од Г7 и неговиот номинален БДП во долари наскоро ќе го надмине Г7 како % од светот (слајд). Кина, најголемиот БРИК, веќе извезува повеќе високотехнолошки производи од САД.
Ја на падот на империјализмот и глобализмот ќе направам толку многу пари шо кога ќе заврши се ќе се иселам во сингапур, ќе оставам да ги решиш ти и западњаците проблемите кои ги имаме тука а јас пак ќе си живеам во неутрална земја ни на исток ни на запад. Живи били па видели
И пак не кажуваш како, или шо пари уствари? Може ние да имаме 3 милиони шведски круни (лупетам) ама колку ќе вредат уствари? Можда сакам и јас во Сингапур, ќе го бива ли Сингапур после? За западен империјализам не сум, за источна диктатура исто не сум. За кај сум ја уствари?
Како мислиш, биљо не ти го разбирам прашањето. Ako имаш 3 милиони круни купи си стан на море или злато, ти имаш круни немаш долар. Оваа валута ќе си биде за размена на брикс членките, ќе ја врзат со златото како доларрот шо беше да има позадина злато. Они ќе си ги задржат домашните валути а меѓусебно ќе си плаќаат во новата валута. За у германија си да се пензионираш таму и да си ги трошиш паричките кај ти душа сака низ светов додека си ја потпевнуваш катјуша
Абе све е врзано, круна, евро, долар, молар. Европа ќе го јаде стапот побрзо јер нема национални влади, има амерички платеници за влади. Мање више. И доста више со таа зараза - пламене зоре, буде ме из сна, песма се ори ааа а а а
https://puls24.mk/видео-овде-македонија-припаѓа-сме/ Битолчани ли се луѓево? Не знам дали оделе на избори досега, ама ако одат, следен пат гласајте ги. Па и кажуваат во изјавата од Македонија немало никој и од Балканот немало, само тие биле. Дали сите други ги сметаат за екстра глупави што ги немало? Еве Вучиќ меѓу Путин и Туск, избра да се сретне со Доналд Туск, а се гребеше за руски гас, ама се има пресметано дека економијата и животот не е само гас, кажуваше таму какви бенефити имале од Полска, трговија, инвестиции итн. Абе веројатно Рама е смотан што лобира секаде по дијаспората, еве и во САД отиде да ја активира дијаспората, до 2030 година планира да влезе во ЕУ, а тоа многу скоро ќе биде, Црна Гора ја пофалија дека најбрзо се движи кон ЕУ, пописот испадна страшен, ама кој работи и има добра волја не го чепкаат, доказ се тие. За 10 години од сега, Црна Гора и Албанија во ЕУ веројатно ќе влезат, за 12-13 или 15 години веќе ќе бидат во шенген, а Македонците ако вооопшто имаат пари да одат на одмор во тие две земји, ќе треба да се најават за влез во Шенген. Со оваа стагнација на стандардот, ако тие две земји напредуваат ќе ни се чинат како Шпанија.
За 15 години—— ај на почетокот на другиот век ќе отпочнеме преговори за старт на преговорите Оти до сеа не направивме ништо шо побараа уште бугарите у устав на фалат.
Ништо не направивме, помири се со тоа. Јас после една година добив скица од катастар, а во меѓувреме еден рамовен ни вртеше 2-3 пати со намера да се додворува или да побара мито, или можеби и двете. Сега Албанија кога ќе додаде гас, кога ќе напнат да работат и лобираат, бугарските уцени ќе ти се чинат како виц. И на Србија ќе и здодади да дава автобуси, да гасне туѓи пожари, да вакцинира туѓо население, ќе почнат со приказните за српски манастири во Македонија и за Срби што морале да стават презиме на ски.
Незнам нели ти е јасно веќе дека сликата на мурика е кантонизација на македонија. Па скоро и Албанија, грција бугарија се во европа нели ја гледаш сликата на твоите стратешки партнери. Намерно е поставено криминалците да владеат со државата, одкога се отворија факултетите во секое село планот за кантонизација, на грујо му беше битна контролата и така почна со носење на неписмени криминални структури да ја водат државата. Кога требаше народ да се случи народот спиеше, ако бевме прав народ ќе испадневме за луѓето шо гнијат за 27 април. Македонија се чува за дестабилизација на балканот, заедно со косово сме темпирана бомба која може кога сакаат да си ја испукаат. Ќе видиме како ќе биде со новата муриканска администрација од јануар.
И? Тоа што некој уџум од Македонија бил богат, не знам дали ќе ви купи нови автобуси, напротив ќе чекате српска милостина да не одите пеш во Скопје. И милијарди должиме на западот по основ на кредити. И што е чарето сега, некој таму што бил богат? Гласајте ја таа партија на следни избори што била во Казан, а ако сте биле за БРИКС, одамна требаше пред Влада на протести да отидете. И нечие ГДП на некои таму у ПМ далеку од Македонија, еејјј, не да ми значи, како лански снег. ГДП на Македонија знаете ли колку е? Растот ни е најмал во екс ју, платите исто, ама битно таму некои држави по светот сите заедно имале некој ГДП. Еејјј, и сега? Паднав во несвест. А шеријатот на Индонезија, С.Арабија и сличните како ви се чини? Арен? Taa дружина таму може калифат да направи, друго ништо. Време за губење ние немаме, одамна е времето истечено за нас. Што ми се жалите по темите други, имало тука Турци, Непалци, работеле, страв ви било, а ваму сте сакале соработка со некои исламистички земји? Демек некој нас таму не сака, ќе не прими, ние како демек некој пазар сме, или нудиме нешто за нивниот пазар? Демек тие богати, ние битни, па ќе се најдеме?