Како запета пушка е, само шо ја цитира во ист момент ти врати Смири се Тање си прајме муабет, не се нервирај, за да ги средиме работите во државава ниту ЕУ (САД) ни треба ниту БРИКС, туку треба само секој што прави криминал ајт таму да го изеде мракот, секој што зборува лошо против својата држава и народ ајт таму и тој кај другиве, секој што е платен однадвор за раздор исто ајт таму... и така полека полека би се средиле работите.
Па празни муабети се тие. Кој народ? Јас сум православна христијанка, не се идентификувам со Индонезијци, Саудијци, Индијци итн. Патем зошто истите членови што се за БРИКС, во друга тема пишуваат против Индијци, им пречеле тука, ги имало по фабрики работеле и тоа во Битола мислам кажаа се шетале секакви. Сакаат повеќе Индијци? Нека донесат, како за сите така и за мене. Колку Срби, Власи, Турци, Албанци, Бошњаци и Македонци се ЗА влез во БРИКС? Во каков БРИКС ќе одиш кога најмалку 30 години имаш да враќаш кредити кон западот? Ако одиш во БРИКС, што со НАТО и границите? Турција може да оди во БРИКС, Турција може да се брани и без НАТО, Македонија не може никако да се брани, тоа е вистината и за тоа треба секој да биде свесен. Сеедно ми е мене, не дека нешто ќе сменам, си правиме муабет, ама не го сфаќам тоа „палење, „еејјј види, ејјј, абе овие колку народ се заедно, пола свет, еејјј, види, види, кое ГДП го имаат“. И? Што со тоа? Во меѓувреме не зборуваат дека Виз Ер нема да лета до некои дестинации, укинаа летови, веројатно читале народов сега само во БРИКС ќе оди, нека прават нашите промет во Тирана, Приштина, Белград, добро ќе им дојде, ќе летаат од таму, ќе трошат за пат до таму итн. Џабе ти празни муабети за БРИКС кога една Тирана и Приштина имале евтини летови, ние не, баш за ова и министерот го прашуваа на ТВ. П.С. абе случајно видов дека има нешто ново во темава, кога гледам означења некоја друга Тања. хахахах
И никаде не се пофаливте дека на самитот на ОБСЕ во Скопје имаше 76 делегации, значи двојно повеќе од тој во Казан, плус 4. Со ова можете да се фалите, „еххх, ние толкаво мало државиче, не не ни знаат кај сме на мапата, направиме самит двојно попосетен од тој на Путин“. Не ви текна на оваа финта? Инаку, лично ми е мило што повеќе муслимански држави да влезат во БРИКС, нека си соработуваат тие тешки исламисти, нека си одат едни кај други, нека мигрираат, таман на другите ќе им се мавнат од глава. Украина запира проток на руски гас од 2025 година, значи за два месеци. Чаре за тоа има ли? Да имало веројатно немало да плаќаат до ден денес на Украина со која се во војна.
Веќе ќе почне народ да закажува дочек на 2025 година, не знам што се чудиш, нема 100 години до тогаш, два месеци се. Им требале пари веројатно на Украинците, и јасно ни е дека Украина не е пребогата, или сакале да се гребнат кај некоја земја корисник на гас, што и да е, туку проблемот е што сега нема алтернатива веројатно и Русија е таа што е на зор, па мора да бара нови партнери. Вака или онака, кои и да се причините, еве го крцнуваат гасот за два месеци. На Орбан и Фицо тоа не им се допадна. Тебе од Германија како ти делуваат овие од тие африкански земји, кои ли беа, не ги ни знам кој државник од која земја е, а тие земји ако почнеш да читаш, имаат 100 пати повеќе проблеми од Македонија. Кај граници спорни, кај исис групи, кај малцинства се тепаат, кај вода немаат, храна, умираат без вакцини, „одбрано друштво“ морам да признаам. Се моли БРИКС веднаш и Алжир да го прими и Мароко, па и Тунис ако може, мислам редно време е Французите да здивнат од „Алаху Акбар“ и напади. Не испадна нешто дека Турција не можат да ја примат, некој го кочи нејзиниот влез поради Пакистан или што беше?
Јас пораснав во земја од неврзаните, ништо нема чудно. Да можам би живеела во Бразил на пример, и така Б е прва буква. Види, моделот на Кина може да е интересен модел за следење, на пример при фрлање ѓубре, имаш контролор да гледа дали добро си селектирал отпад. Скоро како во Германија, плус екстра вработувања, идеално за Мк. Кина и Индија се 2 миљарди, колку сакаш релативизирај со исламисти и бабароги бројките се реалност. И реалност е дека нивната доминација почнува.
Oti sea zima i treba na evropa posle preku letoto nema da im treba pa nazimo pa ke go pusti. Ke si kupat preku turcija So mi e merak da gi ropne izrael site rafinerii u iran pa da. Ide evropa kolku e saatot
Aко редовно следите кои се најзагадени градови на светот, таму сме ние, Сараево, Приштина, индиски, кинески градови. Градови на земји членки на БРИКС, отров, исто како Скопје и бетер. Мртва трка кај нив и кај нас.
Тоа ти кажува колку одредени општества се успешна приказна. Ако нешто личи на Македонија и се напреварува на листи со Босна и Косово, не е добро, нели? Па макар и за воздух да правиме муабет.