Оваа турска љубовна драма чие интернационално име гласи "Ezo the bride" е снимана во 2006-тата година. Целата приказна е прераскажана во 59 продолженија, а од 13 април ќе можете да ја гледате и на ТВ Сител насловена како "Бунтовничка". Родителите на Езо умираат уште кога таа била дете, затоа обврската за нејзиното одгледување ја преземаат роднините кои покрај неа, имаат и свои деца. Тие понекогаш ја третираат како сопствено дете, но на моменти и како куќна помошничка. Таа е прекрасна и амбициозна девојка чија желба е да се едуцира себеси, но поради тоа што нејзините роднини не и го дозволуваат тоа, Езо останува само со средно образование, па затоа својот понатамошен живот го поминува работејќи не својата земја во селото. Минува одредено време, Езо од тинејџерка прераснува во преубава млада дама која е посакувана од многумина од мажите во селото, но нејзиното срце му припаѓа само на еден од нив - Омер, кој е најзгоден од сите нив. Но постои една работа која ги одделува нив двајца, а тоа е неговата обврска кон војниот сервис. Омер го напушта селото поради оваа причина, но за време на тој период, таа го чека него. Кога тој се враќа во селото, Езо среќно го пречекува, и поркај сите потешкотии тие конечно одлучуваат да се венчаат и да го започнат својот заеднички живот во куќата на Омер. Таму тие живеат заедно со неговиот татко Динар кој по професија е ковач, неговата мајка Хасер и братот Али. Нивниот взаемен живот навидум е перфектен, се додека не се појават финансиските проблеми. Омер овој проблем го решава така што почнува да вози камион за да заработи повеќе средства за нивниот живот. Семејството е повторно среќно се додека не се случи напад врз неговиот камион во кој Омер го губи својот живот. Целото село е шокирано од ваквата лоша вест, освен Езо која не верува во тоа, и очајнички продолжува да го чека својот сопруг да се врати дома. По некое време, Езо сфаќа дека се што и останало од нејзиниот Омер е скршеното срце и убавите сеќавања. Таа силата за живот ја пронаоѓа во мислите каде го чува својот љубен. Еден ден, се случува пресврт во нејзиниот живот, пресврт кој повторно ќе смени се. Имено, таа го здогледува Омер и сфаќа дека тој сепак бил жив како што таа веруваше на уште од полетокот. http://thegourmetouch.com/wp-content/up ... _gelin.jpg http://www.filmvedizi.com/vidresim/Ezo- ... -Bolum.jpg http://www.resimlerden.com/ezo-gelin-di ... -resim.jpg