Бабите и зетовците

Дискусија во 'Брак' започната од babaDara, 17 март 2011.

  1. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Бабите и зетовците? Дали сметате дека овој однос е ист како односот свекрва - снаа? Бабите се тие што го „тинтрат“зетот, што му угодуваат. Леле, колку и да сакаме да избегаме од патријахалното останува. Мајка дава ќерка и поради тоа мора да замолчува, да толерира. Што мислите Вие?
     
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    292
    не е исто како свекрва снаа еве зошто...свекрвата е љубоморна на снаата демек ке и ја украде љубовта од синот и никогаш неможе да се помири со фактот дека не е најдобрата жена во светот на нејзиниот син...додека пак баба зет е друго...барем во мој случај имам зет кој и јас и мама и тато го почитуваме сакаме премногу ама он си е таква искрена и добра особа што би требало да бидеш кретен да кажеш дека е лош

    мајката кога си ја гледа керката срекна и задоволна од мажот уште толку повеке си го цени зетот и почитува а мајката кога си го гледе синот срекен задоволен од жената она попиздува од љубомора што она не е заслужна за тоа туку снајката
     
    На butterflu, girl.23 и Sienna им се допаѓа ова.
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Свекрвите се посесивни ( неоправдано).
     
    На brusli му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    61.424
    Пол:
    Женски
    Бабите као демек ги поштуваат зетовците,ги тинтраат им угодуваат а свекрвите ги мразаат снаите значи врти сучи секогаш од женската страна се сите супер а сите од машката страна се љуборморни,посесивни лоши,злобни итн.Е ај да видиме ако зеткото им живее дома кај нив дали односот ќе биде вака,дали ќе го тинтраат дали ќе му угодуваат,дали нема да се мешаат при кавга а кавги има во секој брак и дали нема да застанаат во одбрана на ќерките.Многу е лесно да глумиш љубезност еднаш два пати во месецот на саат два,а сосема друго е кога си со некого 24/7.
     
    На butterflu и lolyta777 им се допаѓа ова.
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.886
    Mама и мажот ми се во нормален однос, таа го почитува премногу,зашто и се нашол во некои ситуации,кога било носење на лекар,позајмување пари,итн,и мажот ми се однесува убаво со неа,ништо досега не му рекла,не го навредила :?: Kај нас барем не е однос-свекрва-снаа :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.740
    зете мили зете :$
    знам една приказна која вели дека бабата од тоа што зетот толку и се бендисал, дури и торта му подготвила-зетова торта :$
    :rofl: :lol:
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.672
    Сосема спротивно е од снаа и свекрва ;) мојот дечко иако официјално не е зет,мајка ми го сака како син :P секогаш ме напаѓа мене и го брани него,оти знае каква компликација сум и дека јас сум иницијатор на кавгите :$ ,и често му вели-не и попуштај многу многу ;) некогаш кога ќе се скараме вели-знаеш каков злато е,све ти оди по ќеф,зашто му се лутиш ,неможеш таков да најдеш како него :lol: и во право е :inlove: ,а не верувам дека мајка му некогаш би ме бранела пред него,секогаш тој би бил во право-ова по дифолт е случај кај сите свекрви ,нели-синчето е во право :P
    А и тој ја почитува мајка ми,си пијат кафенце,откако почина татко ми тој све и помага ,цепи дрвца кога треба,ако треба да се поправи нешто го вика таа него,и баш ми е мило за тоа :inlove: иако и татко ми многу го сакаше,и многу ми е криво- што никогаш нема да има дедо дечко ми, ;( а колку се погодуваа ракиичка ,муабет,,,,еххх тоа е :worried:
     
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Мајките се секогаш самокритични со ќерките, што не е случај на мајките со своите синови. Тие не се објективни.
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.689
    Точно!
    Мајка ми многу пати знае да ме нападне мене пред маж ми, да ми кажува ова не ми чини, она не ми чини, а понекогаш тие двајца заедно (на само) си кажуваат еден на друг што им смета кај мене (што ми е лоша особина), а потоа мене ме караат.
    Додека со свекрвица не е иста ситуацијата. Никогаш не ме прашала ниту пак кажала нешто лошо за син и.
    Мајка ми е млада, можеби и затоа е поопуштена со зет и. Си знаат да си направат и мресен муабет, кога ќе му се јави она на него знае да го праша: Да не ве прекинав со ќерка ми во нешто ?
    Значи, ко што го цитирав ова погоре, бабите се објективни, свекрвите НЕ (барем кај мене е така).
    За среќа, маж ми до сега се нема скарано со нив, им има прогледано неколку пати низ прсти (што е нормално), бидејќи ако се фаќал за тие неколку ситници што моите направиле грешка, каде ќе беше крајот...
    А за погодување онака, кога сме излезени заедно со нив или кога сме им на гости, бабата и зетот знаат да си седнат и да се напијат по некоја чашка узо :lol: , а потоа со дедото да си напише спортска. :D
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.402
    Допаѓања:
    121.806
    Море однос зет-дедо требало,не баба и зет.
    Таму је напето увек! :D
     
    На Strumfeta93, Cynthia и Acerola им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    1.630
    Зетот кај нас дома е како крал, мајка ми се треси на него прво него го послужува а потоа мене :@ :D , значи постои такво меѓусебно разбирање помеѓу нив двајцата како да се мајка и син, а не баба и зет. А и татко ми душата си ја дава за него, зетот сака таков сок татко ми и 2 часот по полноќ да е тој веднаш станува и оди да му купи. Ууу дури и ме нервира како го разгалуваат ама им се погодил зет како мед, дури оти и еден им е што да ви зборувам. Имаме секаква подршка од нив, тие се секогаш спремни да му помогнат нему( а и мене) дали се работи за физичка работа или материјална. Можеби затоа што и не се многу разлика во годините , но и се многу поразлични карактери од свекрвата и свекрот. Ма тие се би дале да им дојде домозет ;)
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    492
    Како јас да сум го пишувала!
    Секогаш тој бил во право, секогаш јас сум таа што претерувала, сум го карала за безврска...
    Сега за сега дечко ми и мајка ми се во добри односи, ама ме нервира тоа што таа најчесто е на негова страна кога и да се скараме. Инаку една мала паралела - мене татко му ме сака повеќе од мајка му. Не дека свекрва ми е лоша спрема мене - баш напротив, ама со татко му имаме многу по пријатен и поотворен однос :)
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    61.424
    Пол:
    Женски

    Значи според тебе мајките си ги делаат децата :x
    Мајката кога станува збор за ќерката е самокритична,за да во наредниот момент кога станува збор за синот е необјективна.
    Мене лично ово ми е бессмислено,ако е така тогаш излегува дека мајките повеќе си ги сакаат синовите него ќерките |(
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    1.630
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.689
    А зошто да ти е бесмислено ???
    Имам такви примери во фамилијата.
    Свкерва ми (како се однесува со син и' а како со ќерка и'), баба ми ( и нејзиниот однос со син и' и снаа и' и односот кон мајка ми).

    И не дека повеќе си ги сакаат синовите од ќерките, туку ќерките им се далеку од домот и не ја гледаат реално ситуацијата каква им е во домот на нив (ќерката и зетот), а бидејќи добро си го познаваат своето чедо-го користат тоа што го знаат. А додека кога снаа ќе влезе во куќата, ако треба се по неа ќе оди за да дознае се што може за неа, за да си потврди во својата глава дека нејзината снаа е лоша (добро познатите стереотипи).
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.832
    Пол:
    Женски
    Каков ќе биде односот баба-зет во многу голема мера зависи и од зетот...Еве ќе го споменам мојот сопруг, со мајка ми имаат прекрасен однос, по неа секогаш вика бабе, бабе (нагалено), дури и ја гушка, си пијат кафе заедно, ако патот го води накај моите, обавезно оди да ја види мајка ми и да си направи муабет со неа... Кога мајка ми имаше здраствени проблеми и кога лежеше во болница секој ден ја посетуваше без разлика колку имал работа секогаш претрчуваше да ја посети. Од цела наша фамилија (освен фотографии со ќерка ми) само мајка ми и ја има на ФБ (мене не ме става :lol: -наша интерна шала), немало роденден да не му текне нешто да ја изненади мајка ми (последниот пат него му текна да и однесеме торта со прскалка, мајка ми не беше дома, на лекување беше, жената се изненади и се расплака )....и многу други ситници кои мене ми покажуваат дека навистина ја сака и почитува...Е сега како може мајка ми да не го сака...Од друга страна со татко ми па немаат таков однос...со него играат спортска и во последно време покер на ФБ татко ми колку пати се има расправано со маж ми и тоа за глупости (пр. спортска) па никому ништо..значи ако човекот е добар (зетот) нема потреба од умилкување.
    Во овој контекст ќе напоменам дека свекрва ми кога ќе и дојде зетот со ќерка и уште само нозете што не му ги излижала, меѓутоа сето тоа е усилено (јас живеам со неа и знам кога се преправа), а зетов е навистина добро човече( ја третира ќерка и како кралица, секогаш дотерана, прошетана итн.итн.)..но, свекрва ми е здрвена, пази како се однесува пред него, се смешка со сила, глуми, не е природна, сето тоа го прави за да и биде добро на ќерка и...добра сум со зетот за да биде добар со ќерка ми.. Навистина е глупав тој усилен однос, ама јас донекаде ја разбирам, може и јас ќе му глумам лудило на мојот иден зет...
    Сосема е поинаков односот свекрва-снаа, едноставно таа нема потреба да биде добра со снаата, неа баш и гајле дали ќе ја сака снаата или не, синот треба да ја сака, а не снаата...токму од тука потекнува таа љубомора, детето кое дотогаш барало совети од неа, кое за се се консултирало и се и кажувало, сега правец кај жена му...особено па ако се погоди снаата малку поотракана е тогаш.. :x
     
    На tweety26, missperfect, nesa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.326
    Ова е скроз поинаква релација од свекрва-снаа.
    Мајките имаат поинаков однос со ќерките и никогаш не би им биле љубоморни, особено кога се работи за брак и љубов.Мајката се би направила за убав и хармоничен брак на својата ќерка, па затоа ретко која мајка би наоѓала мани на зетот кои се неиздржани, што инаку го прават свекрвите на снаите.

    Свекрвите, снаата ја сфаќаат како конкуренција, како ривал и за готвење и за општ успех во животот и средување по дома, а најмногу за местото во животот на нивниот син, додека мајката нема зашто да се натпреварува со зетот.
     
    На missperfect, lolyta777 и blond им се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    5.255
    Пуста мајка, само да е среќна ќерка и. Ако треба ќе прави и стој на раце пред зетот :) само да ја чува
     
    На gochhe и peperutkaa им се допаѓа ова.
  19. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Е мила за тоа треба да седнеш здраво со мајка ти и да разговараш зашто тоа некој ден ќе ти се удри од глава. Мажите кога ќе им се спротивставиш или кога ќе влезеш во најмала кавга со нив како контра удар ( зашто немаат што друго да ти акнат ) ќе ти го лепнат тоа. А мајка ти вака за тебе. Кога мајка ти нашла да те критикува што останува за мене. Типичен машки егоизам, напад. Размисли и кога ќе ти се случи такво или слично нешто ќе ми кажеш. Не сакам да сум во право поради твоите чувства, ама 99% е така. Секоја чест на исклучоци.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.689
    ^Ааааа не, далеку сме од тоа дека мајка ми ме напаѓа за се можно.
    Си знае жената за граници.
    Како и да е, фала на советот. ;)