Мајка ми и маш ми комедија....ко да се знаат 100 години ко нему да муе мајка не мене .... (не во негативна смисла ) а мене срце ми се полни кога ги гледам како за се си прават муабет и како си се сакаат дури на почетокот ми беше многу чудно ама жив човек на се се навикнува
Е сега како што видов сите напишале дека бабите и зетовците имат дури подобар однос од мајка-керка.Во мојот случај е обратно. Мајка ми не го сака мојот дечко. Не ја ни терам да го сака ја сум таа што треба да го сака него но мајка ми несака ни да слушне за него. Се беше ок додека една од моите роднини која што е многу блиска со мајка ми и се јави да и каже дека он е сиромашен, дека немале пари, дека не бил работлив и уште шо не. Прво и прво јас се школувам за да можам во иднина да имам работа во која што ке можам да зимам убава плата не ми треба богат маж кој што ке ме издржува. Да, потребно е и тој да има пари колку-толку а и секако тој има и правевме дури муабет за тоа му кажав отворено што и кажала роднина ми на мајка ми и дека затоа мајка ми престана да се однесува спрема него како што се однесуваше порано. Тој убаво ми објасни со зборовите не сум богат јас имам колку за нормален живот, немам пари за да давам на други но јас секогаш сум бил убаво облечен, најаден,напиен и имам пари за нормална живеачка, повеке и несакам. Навистина беше убаво од него тоа и дури ми рече јас те сакам и сакам и ти да ме сакаш заради мене а не заради некои си пари. Го сакам со сето срце но едноставно мајка ми несака да слушне за него. Кога зборувам со него на камера мајка ми само помине-замине пред камерата и не му ни рече здраво шо правеш, како си. Али тоа е тоа инаку со мајка му си имаме добар однос. Кога отидов кај нив си се поздравивме со жената ме праша добра ли сум и после тоа јас си отидов кај него на втори спрат пошто на први живеат неговите. пред да си одам мајка му беше надвор у дворо и дури жената ми рече е шо толку малку поседе, да сум останала и на ручек со нив. И тоа е тоа
Хмммм, супер е односот на татко ми и баба ми. Баба ми вика дека татко ми со текот на годините станал понервозен, помолчелив и потуѓ некако... секогаш се завршува со истата реченица - Не беше ваков човекон. Јас ја смирувам велејќи и' дека во младоста се правел фино кутре, зашто лижел г'з за побрзо да му ја дадат мајка ми. Татко ми секој ден превртува очи на некои постапки на мајка ми и тивко ми шепка - Од ден на ден се' повеќе заличува на баба ти. Леле, со кого ќе остарам. И како што кажав - се' е 5.
а да ја прашаш мајка ти дали сака ќерка и да е богата или среќна? ако е второто нека размисли. ако е богат не значи дека ќе бидеш среќна богатството не е мерило за среќа. може да има милиони ама па најверојатно ќе нема на со да ги потроши па ќе ги дава по курви и оде бракот. ТЕ ПОДРЖУВАМ ДА ЗНАЈШ
да кажам сега за кај мене баба ми (покојна ) премногу го сакаше тато ама и тато беше предобар спрема баба ми и дедо ми мама и дечко ми се во супер однос. кафето и цигарчето и тргна муабетот а со дечкото од сестра ми одвај едно здраво на сила и одма се јавува љубомора. одокулу има речено„јас 6 години и не прај муабет а со новиов зет (за дечко ми) триста муабети“ демек мама дечко ми го сакала повеќе. оф леее мама ни дечко ми ни дечкото од сестра ми го сака се знај за кого се грижи за мене и сестра ми ама шта чеш а и мама не е цвеќе за мирисање некогаш претерува со понашање али то е
Не знам дали имало таква љубов...Можам слободна да ја наречам љубов на прв поглед меѓу баб ми и татко ми. Како родена мајка да му е. И не само заради мајка ми да живее убаво со него, туку природно, спонтано од првиот пат кога го видела. А татко ми и со неа и со дедо ми имале фантастична комуникација. Подобра отколку со неговите биолошки родители. А сега новиов зетко, мм, мн го сакаат од дома. Мајка ми е малку строга дека сака да е милион посто сигурна дека во секоја смисла е на место, со што си се покажа. А со татко ми како другари се. Мн добра комуникација имаат и страшно добар тим сме кога излегуваме јас ,мм,мајка ми и татко ми. Они си се осеќаат млади и така изгледаат, јас млада, и иако мм е петнаестина години постар, изгледа како тинејџер. Бабица си знае дека зеткото и вистинскиот што може на секое ниво да ја задоволи ќерка и и си го сака, исто како дедо. Хехехе колку само одбегнуваат така да ги вика пошо млади биле они И мн ми е мило, дека ако не се погоди комуникацијата, е тогаш е малку замрсена работата
Еми Cindy срцка и јас одбрав да бидам со него заради тоа што сум срекна ме исполнува едноставно. Он ми е нај добрата другарка, брат, сестра, мајка, татко и нај битно ДЕЧКО како секој шо посакува.Е сега мајка ми е таква нема свое јас, ги слуша другите што ке и кажат. И да ти кажам баш ја прашав тоа прашање дали сака повеке да бидам срекна или богата и знаеш што одговор добив? Парите го вртат свето, да си најдеш некој таков со голема кука и кола кој шо ке може да те носе на одмор секаде кај шо ке посакаш ке видеш колку ке бидеш срекна.Јас само се насмеав, едноставно немав што да додадам после овој одговор
немам ни јас во право е до некаде ќе го прошеташ цел свет и ќе бидеш среќна ама ако појдиш до асамати или претор со дечкоти мислам дека ќе бидете посреќни ВИЕ двајцата а не само ти
Навистина се изненадив со твојот пост, но навистина ме потресе однесувањето на мајка ти . Ах тие пари денес имаш утре не. Па значи таа сите луге ги проценува по парите . Но најважно е вие да се сакате да даде Господ да си останете заедно да бидете среќни и успешни, па така да и докажете на мајкати дека љубовта не се купува со пари, ами со срце.
Фала срцка и ние се трудеме да си останеме, еве веке 1 година заедно ке направеме во август и ногу сум срекна. Инаку со срека на тебе кога ке си фанеш дечко(ако немаш сега) да им се погоде муабетот со твојте пошто онака не е лесно
Mojoт со мајка ми во супер однос. Јес да не е официјално зетко али па мајка ми одлично го прифати, со татко ми морам да признам беше тешко Не се претерано блиски, но има почит голема, ме радува што мојов многу добро се постави кон нив. Е сеа има ситуации седиме кафенце па коа ќе ми се нафрлат против мене не сум чистела, ни готвела, мрза сум била, не сум била послушна, мајка ми набројува, овој мојов клима само, а јас си грицкам чипс и си гледам телевизија и не ги рецкам Нека им помине меракот де ајт интересно им е, подобро мене да ме оговараат него да се оговараат они, нека си се почитуваат тоа ми е најбитно. Она е добра баба, а он добар зетко, али совршенство нема, неможе ни да има
Го обожава, толку е збркана и радосна кога е тој таму, и не е свесна дека секогаш него прво му става за јадење, само него го прашува дали сака уште, дали му се допаднало јадењето...Ме нервира али нека, ја оставам, сепак тој и е како дете какво отсекогаш сакала, а немала
моите родители со мојот дечко имат прекрасен однос...додуше они се такви луге кои кога гледат дека керките им се срекни неможат да одат контра...со зетот веке зборев дека ептен убаво се сложуват,но и со мојот неможам да грешам душа.... Последно нешто што ме направи пресреќна беше кога бев доле и на пакување мајка ми донесе 2 пара фармерки,2 маички и една кошула за мојот и додаде: еве на зет ти му купив пред месец дена исти сега и на твојот нема делење...ептен убаво се почуствував а најмногу бев срекна кога му ги дадов и реков еве тоа ти е од моите...одма зеде телефон и им се јави да се заблагодари....
Често ја зезаме баба ми, и викаме дека на прво место и се внуците, после зетовците, а дури после тоа и се децата. таа само се смее, предобра жена, не можеш да не ја сакаш, нема кој не ја знае и почитува во цел град. Многумина и збореле лошо за татко ми (дека бил пијаница и што ли уште не- а тој не пие воопшто алкохол, од чашка-2 ништо повеќе, само кога мора), ама таа никој не послушала, на сите им викала дека само зборат, дека тој си е добар. И сега никогаш не рекла ништо лошо за татко ми, ниту за тетин ми, ниту за маж и на братучеда ми, а денес цел ден го фалела мојот дечко, иако не го ни знае...
Е темава баш ко за Петко, он е бабино галениче, еве сега кога јас живеам кај него тој покрај брат ми почесто ја гледа мајка ми отколку јас. Јас одам 2-3пати неделно а тој врти-сучи скоро секојден е таму, со брат ми на пиво, на скара... Мајка ми си го сака, и се се почитуваат и таа него и тој неа. Само него повеќе го тинтра „Петко сине кафе сакаш, а ракиичка домашна убава, а сокче, има убава ладна Струмка ти купив...“ Ми иде да ја треснам, јас ако и побарам кафе ќе ми рече „Ај не се пекмези, појди и свари“ а на Петко сок му купува сега сфаќам стварно е безобразна, ќе види утре убаво А со брат ми да не почнувам, ко г*з и гаќи се. Кај се најдоа толку слични јас незнам ама ако нека си се дружат. Пример вчерашна ситуација, му се јавувам на Петко и му викам: -Кај си Петче душо? -Кај мајка ти, со брат ти пиеме пиво. Ти? -Еве ја со твоите кафе на тераса пијам. Поздрави ја мама, кажи и утре ќе дојдам. -Важи ај и ти поздрави ги моите, еве ја да допијам пивото и ќе си дојдам... Како размена на студенти сме, ама ако убаво ни е, досега сме немале семејни проблеми и каранци се надевам дека и во иднина нема да ги има .
Здраво се е тоа убаво сто се сложуваат твоите со него, но мој совет е да седнеш на само и да направиш здрав озбилен муабет со мајка ти, да не збори со него за тебе против тебе колку и да си крива ке ти речам само дека мажите тоа еден ден ке го плеснат низ нос.
не знам за другите баби и зетовци,али знам заовие моите дека не знам како ке се трпат кога ке дојде време да му стане дечкоми зет на мајками