1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бабите и зетовците

Дискусија во 'Брак' започната од babaDara, 17 март 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Легенда е баба ми (од на мајка ми страната).
    Кога татко ми си купи нова кола, истиот период земавме и ние. И баба ми му честита кола на татко ми со следниве зборови: Зете ајде честито нова кола, па нешто туѓо да качеш во неа. Мајка ми остана запрепастена, и прозбори: Па јас да се качам во туѓа. А баба ми: Аааа не срамота е ти да одиш во други коли, ама не е срамота зетот да фате нешто туѓо :tmi: :rofl:
    Па кога се заврте накај мм. "Зете и на тебе честито кола, ама ти си уште пресен, рано ти е да качуваш други жени во колата".
    Друг бисер: "Зете (на татко ми), мене ич не ми се погоди мажот, ама и на тебе не ти се погоди жената (за ќерка и )"
     
    На eli25, kukla21, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  2. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    оставам спонатно,,,ама тешко некако,,дури и неизводливо ми изледа,,,приметив дека мајкаму е единстевн виновник,,таа го учела така да не се зближува со фамилијата на жената...голем проблем,,ама тоа е...
     
  3. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Хризантема слично е и кај мене со тоа што јас можам ама баш кога сакам даодам и м уе мило кога јас ќе отидам ама ете тој сосила јас не се ни трудам да менувам на мајками и објаснив дека очигледно не му се по кеиф и двајцата мои и си сфатија луѓето не ни запнуваат не ги увредил ама ако не му почнат муабет им ќути а ако почнат ќе се разврзе нешто не е да одговара онака со да не и сега кога доаѓаат си гледаат да им е убаво со мене сфатија дека не може секој даги сака иако они него го сакаат како личност и покрај тоа, можеби заради мене како онаа со затовците ибабите као сакај го зетот за ќерката д аживее ама тоа е голеееемммаааа грешкаааа
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Зошто е грешка?
    Ако гледа мајка ми дека сум среќна, исполнета, сакана и сакам, ЗОШТО не би го сакала и почитувала зетот како свое дете? Зошто некој одма мисли дека така му прави „лице“ за да можела ќерка и` да живее убаво? Која глупост....

    Ако на вас двајцата не ви е убаво и немате љубов и почитување, џабе е и цел свет да го сака како зет - тој како маж нема да те сака до себе, а тоа ништо и никој не може да го промени.
     
    На tinka-mace, Cliona и Annath им се допаѓа ова.
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не знам, не е секогаш се идеално помеѓу бабите и зетовците... Има и те како и лоши баби како и свекрви. За сега односот на мајка ми со дечко ми е ок. Мислам супер си е, си го сака како свое дете. Ок, ај ја имам друга животна приказна па може и затоа е така.
    А и свекрва немам лоша(за сега), стално вика, како да не те сакам кога ми го сакаш детето. Е сеа за во иднина ќе видиме, има време. А како не чуваат и тинтраат, од двете страни, ко да сме им деца, не не одвоиле за ништо. Колку едниот толку и другиот. Премногу не чуваат.
    Како и да е, ќе живееме сами, па се надевам нема да има никакви проблеми.
    Сакам да кажам, има и такви и такви, има случаеви и каде свекрвата е подобра од мајка....И бабата исто.
    Кој знае да си ја нареди работи работата ќе си ја нареди без мака.
    Зетовците се многу паметни, па затоа и го добиваат сето тоа. Пред баба се мед и млеко. Битно е каков е дома со жена му.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ее моира да беше така едноставно... јас сум жив пример за тоа, никогаш не сум се пожалила од мм ( кога ми бил дечко бидејќи од кога се зедовме ни муабет не прават) не ме виделе расплакана или сл. напротив ме гушкал ме бакнувам пред нив сме шетале сме купувале се супер но за неа ништо не беше доволно она е баш драма квин. сака да и се клањаме изглеа а за што?

    никогаш не го сакала а за свадбата дури работите станаа катастрофални го изнавреѓа пред неговите родители и го избрка од дома, од тогаш ниту се погледнаа ниту тој стапнал кај мене.

    дури ме прашуваа пред свадба да не сакам да се предомислам :o мислам трауми што да ви кажувам јас летам од среќа а она не сака да го види тоа. понекогаш мислам дека сака да сум несреќна и да одам и да и се жалам и да плачам мислам дека само тогаш ќе биде среќна и задоволна.

    и татко ми го набуцка така да се однесува и нормално он сега не сака да ги види, пред некое време моиве као аха викни го да дојде незнам што. алооо се заборава ли тоа така лесно? замислете мене да ми направија така неговите ?? и затоа го подржувам 100%. никогаш нема да го натерам да им прости или да им прозбори негова одлука си е, јас и зборам нејзе оти ми е мајка немам друг избор но он немора да ја трпи.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Може жоел, секакви примери има, ама јас конкретно зборев за - бабата го сака зетот за ќерка и` да живее убаво. Тоа „живее убаво“ нема врска со бабата, кажав погоре, а ете и ТИ си жив пример дека љубовта твоја не зависи од мајка ти :)
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    така си е де ама и ја да се пожалам малце :lol:

    мене ама ич па не ми е гајле каков им бил односот, се додека јас сум среќна со него и си живееме сложно никој друг не ставам у предвид па било и моите родители. Секој според заслугата.
     
  9. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Е така Моира пишав погоре дека е грешка зашто и да го сака и да не младите као ќе живеат живеат иако она генерално го сака има случај мајка ми ( неговата баба) е во состојба да се сложи со зетот за нешто иако во суштина да сум јас со мене не би се сложила за истата ситуација за да не после мм ми рече ете мајка ти те брани зашто еднаш и рече и нејзе и падна мн незгодно се почувствува како да ќе е извор на наша караница кога ќе си замине и на тоа се однесува погоре кажаното .А он секогаш почнува некои полемики пред неа со мене ијас ако не ја прифаќам „играта“ одма и се врти неа ија буцка да заеме странаи не се откажува додека не го постигне тоа и дури она и кога вика деца вие си знаете он и враќа ете неутрална сакаш да бидеш за да не кажеш дека си на нејзина страна .
     
    На MoreNa-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Одамна е постот ама ти ова го сметаш за смешно што мајкати те напаѓа пред мажот ти и ти тражат грешки односно игла во сено? Лол ја би се чуствувала ниско.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека овој однос е далеку подобар од оној на свекрвите и снаите. Јас не сум слушнала зет да се пожали од бабата, и обратно. Бабите ги гледаат зетовците како свои деца. А свекрвата ја гледа снаата како ривалка.
     
    На WildMk, A.n.g.e.l.a.V, victoria и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Мајка ми не го сака мојот (вонбрачен:D) сопруг..
    Он неа си ја почитува како баба. Он татко ми го исчува последниот месец.. Дури и желби и исполнува. Требало да се коси во викендичката - ајде ќе оди ќе коси.
    Ама го стегнав и му реков дека желби не треба да исполнува се додека на мајка ми не и стане јасно дека во нејзината состојба веќе она зависи од него, а не ем да не го сака ем да го користи.. Треба некоја линија да се повлече.. ама мојов е многу мек..
    Проблеми со сила пробува да ни прави..не знам како ја трпам искрено
     
    На boomsleng и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    Јас па не знам баба и зет што се сакаат. Мојов не е баш по мајка ми, ама знам зошто. Затоа што јас имав конфликти со мајка му (реални) и таа му го има испрано мозокот дека јас нејзе не сум ја прифатила поради мојата мајка. Наводно мајка ми така ме учела мене. Врска нема, мајка ми секогаш ме советувала да балансирам и да бидам смирена баш поради маж ми. Ама тој не ги гледа така работите, а никогаш нема да се скара со мајка ми затоа што меѓу нејзе и свекрва ми има светлосни години разлика. А односот мој со свекрва ми и на маж ми со мајка ми е сличен моментално, нормално јас сум дури фина со нејзе после се што ми направила.
     
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Мајка ми многу го сакаше маж ми:nod:.
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    И јас не познавав такви што се сакаат се додека не го донесов мм прв пат дома. Сите околу мене имале коректен однос ама мм и мајка ми имаат посебен однос, буквално мајка и син. Не си ќутат ништо, си плескаат се во лице, може и да се скараат и за 5мин како ништо да не се десило. Заебанции, прават заедно ручек, и префрла околу малиот нешто ако направи погрешно, и помага во фирма, пазарува кога моите немаат време, дворот им го средува, абе прав син. Затоа и многу често спиеме кај моите, остануваме по 1-2 недели, на мм не му се иде дома. Мислам дека ги гледа како родители кои отсекогаш ги посакувал, а ги нема за жал.
    (има негови родители, но имаат ужасен однос)
     
    На Nikolina35, MissBreezy и Cherry333 им се допаѓа ова.
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    И на мојов родителите се малку конзервативни, ама тој е паднат под влијание и се лути што јас очигледно не ја сакам мајка му, па ми враќа. Они се ок, си прават муабет, и се, ама на дистанца е со мајка ми, со никој друг не е таков. Супер што сте сложни, барем нека осети убава семејна енергија некаде. Мојов одбива :mm:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Знаат да се поткачат некогаш , мајка ми знае некогаш да каже некој лапсус , ама коректен однос имаат .

    Баш пред некој ден се смеевме со мм и мајка ми . Бевме излезени со друштво ( не излегуваме секој ден , само овој пат , луѓето не ни беа одамна дојдени , па ја испочитувавме нивната покана ) па децата беа кај моите на чување .

    И сега пивнавме сите , пиев и јас . Утрото мм и кажува на мајка ми дека сме пиеле алкохол и мајка ми се врти кон мене :
    Ти дан останеш покуса , на кого се погодивте со пиењево , ни јас пијам нит татко ти пие ..

    И јас : Да бе ја пиев во девети месец ден пред породување :rofl: .

    Мајка ми : Тоа беше вонредна состојба , од стрес :rofl: ..
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    21.028
    Пол:
    Женски
    Добро се држи мајка ми и се што има да му каже(префли) мене ми кажува.
    Дури и за некоја помош услуга и е незгодно да му каже.
    Он по природа е таков што и да му каже нешто не допира до него нешто значајно ....
    Камо јас да бев таква хахаха
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    А свекрва ти се срами да ти кажи што мисли?
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Мајка ми и маж ми имаат супер однос.
    И двајцата се многу позитивни ликови, со одличен смисол на хумор, па скоро секој муабет им е заебанција. Си имаат слобода еден пред друг.