Мајка ми убедливо повеќе го сака мм него мене. Цело време ме напаѓа ако и збор му кажам. Додуша он така мирничок никогаш досега (7г) баш никаква закачка немале. Обавезно еднаш неделно некогаш и повеќе сме си заедно на ручеци. Мајка ми сама вика не го делам од мои деца. Кога беше тешко болен од Ковид, мајка ми го носеше по доктори оти сам ни кола не можеше да вози. Со татко ми исто, само го замара да му поправа телефони телевизори канали Кога нешто им треба дирекно него го бараат он никогаш не вели Не, а јас одма се карам и мора по мое да е
Тоа е културната разлика во улогите на родителите на партнерите. Родителите на мажот имаат повеќе 'права' врз животот на брачниот пар, отколку што имаат родителите на жената. Свекрвата е 'газдарица', бабата е 'умилкувач'.
Нема да е вечно така. Колку посамосвесни се жените за својата вредност, толку побрзо ќе се искоренат ваквите сексистички 'културни' навики.
Ова баш е точно, демек со тоа што имаат синови се супериорни и имаат право на удел во било која одлука на брачниот пар. И онака патријархално демек жената е подредена на мажот со тоа и ним им е подредена како негови родители. Моите светковци се типични представници, така "овластени" си знаеа и повисок тон употребат кон мене ама и јас отворив уста. А онака да ги посматра човек каков "attitude" покажуваат ќе помисли дека не издржуваат, дека зависиме од нив а ни едно ни друго, ги гледам еднаш годишно, со коронава ни толку. Моите секогаш љубезни, најубаво да не пречекаат се да угодат, а нас немам ни 10% таков третман од неговите.