Бабите и нивното помагање околу децата

Дискусија во 'Брак' започната од Luna91, 28 мај 2015.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    8.774
    Не сум многу компетентна да зборувам за бракови, деца и сл. но ќе си кажам мое мислење од она што го гледам во моето окружување. Бабата чува поголемко дете кое е печено за во градинка. Сега на ред е друго бебче кое е релативно мало за градинки. Мислам дека не е фер да си ги двоеш внучињата. Едни да ги чуваш други не. Најголеми проблеми во семејството настануваат поради тоа двоење. Ама во принцип за ќерка боли, а снаата може и сама.

    Мое мислење е дека на секој човек во одредена фаза од животот му треба помош, наслон за да преброди одредени периоди . И да, не е обврска. Далеку од тоа дека е обврска, меѓутоа е човечност. Ако јас тука напишам, дека мајка ми е болна, ама дека си имам јас мој обврски и не можам да се замарам да ја чувам, ќе ме оправдате?
    Ако речам не можам сега ја си работам , нека си иде во старачки она...
    Дали е тоа човечност?
    Родтителите помагаат на децата до одредена фаза, после децата треба да им се најдат на родителите во старост. Тоа е природен и логичен процс. Меѓутоа денеска владее себичност, непочитување. Секој си гледа за себе, другиот нека се снаоѓа.
    Се е испревртено, па и тоа.
     
    На tina-63, Dennings, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  2. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Мене ми се чудни овие поделби од страна на бабите и дедовците во врска со внуците, како може за едно повеќе да те боли а за друго не. Па ако снаата не е твоја тогаш син ти на кого е? Тој внук не е само на снаата, она сама не го правела. Во повеќе семејства ја има оваа поделба и очигледна е, со сестрами сме биле двоени од бабами и дедоми (мајка и татко на мајка ми) а еве и денес дочекав син ми да биде двоен од баба му. Само 2внучиња има, па ако ти е тешко на 2 да посветиш исто внимание па тогаш што да речеме за тие баба и дедо што ги читав на нет што дочекале 100внучиња. Во очи на мм му кажа дека не планира внукот(син му) да го чува, а за другиот оди да го чува кога золвами е уморна па да поспие. Не прави будали нас што нонстоп сме со детето а и на сите луѓе кажува дека син ми е мирен, јаде, пие, не плаче и е бубачка од дете а јас сум наспиена одморена, дома слугинка ми чисти, јадење ми прави, а ќерка и е за греота со дете што иде во градинка, што после градинка свекорот и го чува а она буквално го гледа само за спиење. Ако падне тој внук одма се оди кај него дома да се види да не си го свиткал ножето или прстето, ако падне овој внук одма се почнува со солење памет, леле бе многу нежен го правите, па дете е така ќе расте, аман аман само се чукна не дигај паника ништо не му е. Ако има овој температура 39 тоа температура ли е та одма по доктор го мкнете, а ако има другиот температура она одма трча и она го носи на лекар. На тој му се вели во фаца дека него баба повеќе го сака а овој внук не и тоа пред 50луѓе кои беа присутни на роденденот на син ми. И ред други работи да не пишувам оти ептен долга ќе испадне, плачам и го пишувам постот ама ако. Јас успевам сама барем посмирена сум откако не ми се меша, и џогирам со детето во една рака, и идам во вц со детето во скут, и спијам како зајак будна на секои 15мин, и правам јадење а син ми ме држи за нозе, ама мирна сум. А баба му со таа поделба само успеа, мене да ме одвои од неа а и од золвами која ми беше како сестра. Маж ми да го одвои од сестраму, а најтрагично е што братучедите што треба да се сакаат како братчиња таа ги двои. Внук ми неколку пати не има "избркано" од дома со зборовите дека не го сака Матеј да си оди дома и да си одиме сите, ама не му замерувам детенце мало многу разбира така баба му го учи. Кога она вели не го сакам Матеј тебе повеќе те сакам, или еве ти тебе играчка, а на Матеј нема бидејќи е мал или слични ситуации, така и детето ќе гледа и така ќе се поставува, нема да дели играчки со син ми и ќе го брка, а неколку пати го има и потчукнато. Поентата ми беше да кажам колку повеќе можете одбегнувајте ги таквите личности без разлика дали е мајка или свекрва, мене скоро 2месеца глава ми е мирна, а она пак нека си двои ама кога ќе порасне внук и сам ќе свати па тогаш и он ќе ја двои неа. Уф наместо совет да дадам и јас си се искажав на долго и широко
     
    На tanja manja, TIGARCE86, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Јас пак бев пресреќна кога ми кажа дека не сака да го чува а пази прво внуче и беше. Прво се удираше во гради дека може итд итд (а уствари и своите деца не ги чувала него мајка и..имам некаде пишувано за ова низ форумот) и ја ставив на тест 1 мес и видов не видов (за месец дена немаше успеано ниту еднаш да му даде оброк се додека јас не дојдам од раб. и не успеваше да го заспие и нормално донесов таква одлука) на 10мес го запишав во градинка. И реков лепо фино дека нема љутиш и тоа е тоа, мислам дека и на неа а и на мене богами многу ми олесна.
    Според мене, на бабите и дедовците не им е работа да ги чуваат и воспитуваат внуците па после за се нешто тие ни се криви. Едно е да го причува неколку часа или пак болно под терапија неколку дена и сл., а друго е да им дадеш целодневна обврска.
    Безпотребно се нервирате и труете со негативна енергија. Додека да трепнете тие веќе пораснале.
     
    На karak, mal.ecka, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    А пак ние што живееме 150км од дома ( што релативно не е ниту далеку) на нас кој да ни ги чува децата???Да земат сега мајка ми и свеки да напуштат работа и да дојдат да ми го чуваат детето, глупости. Ние со мм сме одлучиле сакаме дете ние ќе му ја мислиме како ќе го чуваме, ако имаме можност до 1-1 и пол годинка со жена дома, ако немаме од 8 месеци во градиника. Како што пораснале 1000000 деца. Ама затоа сите си живееме сами, се сакаме и почитуваме и за викенди се дружиме и со неговите и со моите и функционираме супер. Сум пишувала и по други теми, две години пред брак сами живеевме, сега една во брак ( не дека е лесно под кирии или кредити за стан) и тоа далеку од сите,ама наша одлука така си сакаме, супер си фунционираме и до сега немало ни една кавга. А башка не само додека сум на работа, јас и кога после работа ако треба да отидам до некаде нема никој ни 5 мин да ми го почува ама тоа е тоа, како за многу така и за нас
     
    На danichap, artemidis и joy1 им се допаѓа ова.
  5. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.729
    Пол:
    Женски
    не сите имаат можност да плаќаат жена дома да се разбереме. Јас од мала сум одела во градинка баба ми сама се нудела да ме чува ама мајка ми сметала дека е подобро во градинка. Целата поента на муабетот беше зашто едните внуци ги чува другите не, факт е дека ги двои, јас имам золва ама таа нема деца., немаме ни ние, ама гледам двоење во однос на неа и мм секогаш трча повеќе и се залага за золва ми . А кога и е лошо кога ќе и се скрши дома нешто, расипе, кога и треба превоз некаде пак сме ние тука за се.
    Тоа мислам сакаше и жената да го каже вртат повеќе кон ќерките за се а повторно снаата и синот се први тука за некаква помош
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.881
    Допаѓања:
    279.848
    Девојчиња бе, зошто се нервирате...гледањето бебе трае се на се 12 месеци...после тоа има градинки...зошто со сила се правите зависни и се нервирате.
    Никој не е одговорен за вашето дете.
    Точно е дека треба да се излезе во пресрет, ама АКО САКА ке излезе....
    Не сум за тоа да се враќа мило за драго, ама ако Ве одбива ако несака од незјин ХИР да ви по почува бебето, тогаш тоа не се збори и не се расправа дома, туку се ПАМТИ...секакви денови и моменти идат...
    Една пријателка вака викаше - на времето свекрва и и рекла НЕ СУМ ЈАС ДЕТКС ГРАДИНКА ПА ДА ТИ ГО ГЛЕДАМ ДЕТЕТО...поминаа години и старава остаре, сама остана па на молбата ,,елајте гледајте ме,, оваа и плесна НЕ СУМ СТАРАЧКИ ДОМА ЈАС.
    Така да...опуштете се, не се тоа најголемите проблеми.
     
    На eloves, girl-miri, danichap и 9 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.828
    Допаѓања:
    48.678
    Пол:
    Женски
    Е ако врти де, нека врти, и свекрва ми врти, нормално ќерка и е дома и е, во нашиов случај дома и е, ама и да не е исто ми е. Мене не може да ме сака ко ќерка и, нормално е тоа, треба да се сеќираат мажите ако мајка им повеќе влече кон едно или кон друго дете. Ете стрикно кај мене, мајка ми и татко ми се одадоа кај сестра ми, се што можеше дадоа, затоа што имаше потреба, затоа што им требаше, затоа што нема кај да живее, зар да земам сеа да се распрвам за тоа? И впрочем, нека им е на чест ако двојат деца, што да кажам. Мене ми е муабетот живејте си за себе, не за комшии, роднини, пријатели, само тоа ;) Тоа дете е мое и моја одговорност е, затоа не сакам да се наметнувам некому со чување и со притресување околу мене и толку. Ние живееме едно карши друго, ако ми верувате во 6 месеци немам 6 пати отидено на ручек кај неа, само за Бадник и за Велигден и еднаш два пати за онака ручек, одам на кафе и си одам за пола саат, ко кај комшика. Епа затоа сме се поделиле, за да живееме сами.
     
    На girl-miri, danichap, Maceto123 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    91.476
    Ако видам дека бабата или дедото го обожаваат моето дете и сакаат да го чуваат, со мерак би им го оставала, бар ќе знам детето ќе ми биде среќно, позитивно и гледано како треба.
    Но кога гледаш дека ни вас не ве есапи како треба, ниту вашите деца, тогаш што запињате не ми е јасно да ги чува? Како да си оставам дете на чување кај жена која не сака и вели дека тешкотија ќе и е?
    Нема правило дека сите внуци и сите деца се сакаат и почитуваат еднакво и дека што за едните тоа и за другите. Баталете бајки, за ќерка боли повеќе, за дете кое не може да се снајде во животот добро, исто боли повеќе, оние кои праваат политика и се умилкуваат-добиваат повеќе. А снаи кои сакаат во многу сегменти одделен живот од свекрвата и никакво мешање а кога ќе дојде за чување тука да се, нема, тоа е. Така одат работите, ви се допаѓа или не. Прифатете, еве велиш не ти треба за многу туку за неколку месеци само, па немој за неколку месеци толку горчина да се полниш. Ќе поминат за миг.
     
    На Daydream, mimiiiii, Nova и 10 други им се допаѓа ова.
  9. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    592
    @referentka браво за постот. Зошто бе сите така сте запнале, не била должна свекрвата да го чува внучето. Пеки, не е должна, епа ни јас не сум должна кога она ќе има 80 години да и ги перам гаќите, да и готвам, чистам, така? Внучето се чува 7-8 саати на ден, од пон до петок, со тоа што мајката горе доле се и спрема на бабата. А кога ќе остарат они колку ми се обврска? 24/7 така? Да не ќе земе маж ми да ги пере? Не, јас треба. Епа зошто тогаш да не и е обврска да ми почува дете ако може? Ако така гледаме, нив ништо не им е обврска, и нас ништо не ни е обврска, така да џабе сме семејство. Сепак треба некое заемно помагање, денес ти, утре јас. И јас ќе бидам еден ден свекрва, сепак би и помогнала на снашка со детето, од кај знам, еден ден не дај Боже, пелена може ќе треба да ми мења, така? Не се согласувам со "никој не е должен" зошто не е се така црно бело. Ако никој не е, па по дифолт ни јас не сум должна :)
     
    На okcenzi, Sfera, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.658
    Допаѓања:
    251.917
    Пол:
    Женски
    Ниту тебе ти е обврска да ја переш и чуваш ниту она твоите деца.Се се должи на тоа кој колкава желба ке има за нештата.Човечки е да си помагаат и двете страни но со сила никој никого на ништо неможе да натера.
     
    На eloves, Rama, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.828
    Допаѓања:
    48.678
    Пол:
    Женски
    Е така де, ни ти нема да чуваш ако она не сака ;) Само ако доброволно ми се сложи да ми чува дете, сама сака и ја ќе ја почитувам неа и кога ќе дојде ред ќе и се најдам и јас на неа ;) Исто и со мајка ми, не само за сверква ;)
     
    На Пчела, mal.ecka, jasmina83 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    592
    Токму така, не е така едноставно "па не мора", мислам дека сепак сме семејство баш за тоа, за да си помогнеме, нема закон што ќе не примора. Само поентата ми беше ако одиме баш така "не и е обврска", тогаш ни мене ништо не ми е обврска :)
     
    На Luna91, jasmina83 и referentka им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    8.774
    Ок, но кога ќе остарат и нив никој не ги терал да не раѓаат. Нека се гледаат самите.
     
    На kjukli, Sesil, alisijad и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.803
    Допаѓања:
    64.251
    Јас сум многу голем поборник за самосталност, нема поубаво од тоа. Некој ден кога ќе си створам деца сакам сама да си ги гледам и воспитувам, не сакам баби-сервис, кога ќе дојде ред после завршување на породилното ќе си одат во градинка. Нема поубаво од тоа!

    Ама проблемот кај старите во нашето општество (поголемиот број, има исклучоци нормално) е дека кога ќе им дојде јајцето на газот, по секоја цена бараат внимание иако тоа не го пружиле кога било потребно од нив.
    Плачат, кивкаат, драмат... Болни се и синот (ама на синот жената си го носи на крајот) мора да ги гледа оти тие се РОДИТЕЛИ. Може ништо не му пружиле во животот, само го и*рале, ама битно се родители и кон нив треба да се однесуваат со должна почит. Имам еден куп такви примери околу мене, меѓу кои и родителите на татко ми, така да знам зошто го зборувам ова. Мноогу малку луѓе се свесни дека не треба да бараат кога тие не дале во моментите на потреба од нив.
     
    На Sfera, alisijad и referentka им се допаѓа ова.
  15. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш викам дај боже човек до кога може да си се гледа сам, ама нема секогаш желби...Еве кај нас во фамилија, баба ми е болна, мајка ми и вујко ми ја гледаат, вујна ми ( т.е. снаа нејзина) никогаш не се симнала долу ни чаша вода да и подаде, дедо ми беше во постела 6 месеци исто ни еднап не дојде да го виде, а живеат во иста куќа а и НИКОЈ НЕ И БАРА ДА ГИ ГЛЕДА, вујко ми е супер човек и со мајка ми се сами си прават...А да баба ми и дедо ми ги изгледаа нејзините две деца со цело срце и без ни еден збор не даваа да се носат во градинка, и мене ме гледаа исто време,ама ете се си зависи од човек и сите комшии се чуделе како може така ни да не поминува со месеци да за погледне ама ете може. Така да само еден господ над сите да не чува и нас и нашите деца
     
    На Rama, danichap и bittersweet им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    56.300
    Пол:
    Женски
    Значи според повеќето тука треба затоа што свекрва ми не ми ги чува децата да ги учам да ја мразат а по можност и од деверите децата да ги мразат ааааааа и да ако дојде ден да се чува да и го завртам грбот затоа што нели не ги чувала моите деца.:fubar:

    Како бре така мајки ќе им ги полните душите на сопствените деца со омраза кон бабата, да не правам муабет затоа да возрасна особа мрази мало бебе само затоа што го чува бабата...........ајјјјјјј мајко мило да каде дошол светот.(wtf)
     
    На imelda, Cka, duffi и 13 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.828
    Допаѓања:
    48.678
    Пол:
    Женски
    Така ти е тоа Битерке, ситничарење.
     
    На joy1 и bittersweet им се допаѓа ова.
  18. jasmina83

    jasmina83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    77
    Mozebi loso se izraziv koga pisav sa deteto STETA STO NE JA PROCITAV PORAKATA PRED DA JA PRATAM ,,, a aj ti kazimi do kade dosol svetot koga babata vika 8 mesecno bebe moze da ode vo gradinka pa neka se rabole ke si ga cuvas,, a ovoa 2 godisno dete ne ga pustam vo gradinka da ne se razboluva ja ke si cuvam doma,i veruvaj mi nemi se pisuvaveke toa e toa znam deka nejke da gi cuva nema ni da ja molam ama nema potreba ni decata da ja sakat ona moze da gi cuva ako saka nema da bide prvata baba sto ke cuva poveke unuci ,ama saka samo toa da si ga cuva neka si ga cuva A I PROSTETE MI AKO SAM PISALA NESTO LOSO ZA TOA DETE sepak e i toa dete AMA I MOJTE SE DECA,srceto me bole koga ke ga ispudat oti smetalo na drugoto dete ama toa e toa takov e svetot sega na babata i smeta drugoto dete pa mu vika odi si doma smetas a toa dete ima samo 5 godinki.
     
    Последна измена: 28 мај 2015
  19. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.433
    Пол:
    Женски
    Јас поминав тешки патешествиа со свекрва ми до сега...почна да се менува жената ама некои работи не се забораваат никогаш. Ако почнам да раскажувам нема да ми го собере постот во три страни, па затоа нема да раскажувам. Што се однесува до децата, кога ќе се роди бебево не отчекувам помош од никого, и нема да ја барам, а ако дојде-добродошла. Ќе си го чуваме сами до годинка, после во градинка ќе оди. Никого несакам да обврзувам да ми чува дете, ни мајка, ни свекрва,:x несакам некој утре да ми рече јас ти го исчував детето. Ако сакаат да поседи кај нив, за викенд може да им го оставам по нивна желба ништо повеќе, а верувам дека ќе сакаат прво внуче им е.
    Без разлика на тоа што било, сеуште имам почит спрема свекрва ми (и покрај се што ми направи) само поради маж ми, и децата ќе растат со баба и дедо од двете страни без разлика какви се, па во иднина ако они одлучат дека нечинат тоа е нивни проблем.
    Несакам да бидам копија на свекрва ми која го скарала маж и со родителите и еве 30 години не зборат, ниту па маж ми израснал со баба му и дедо му, само едно никогаш нема да ми биде јасно...зошто мораше да ми го направи мене сето тоа нејзе што и било направено:drunk::drunk: Нека ми го чува господ паметот, да не си ги лечам јас комплексите на таа што ќе ми биде снаа во иднина само поради тоа што јас сум имала таква свекрва.
     
    На tanja manja, Rama, referentka и 12 други им се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.850
    Пол:
    Женски
    Значи за срамота сте со муабетиве.(facepalm)

    Не ми го чувала свекрвата детето а јас сум го родила. Па и вртење на децата против братучедите и бабата.
    Немате никакво право да им го ускратите тоа.

    Ние сме 3 деца, мајка ми и татко ми работеле на дежурства во смени. Едната баба живела во друг град и работела кога сме биле мали. Свекрвата на мајка ми била 5 минути од нив и пензионерка ама ги чувала двете деца на чичко ми те другиот син.

    Моите на врата се гледале прва, втора, трета смена... Со 3 деца, само си предавале дужност што се вика.:D
    Мајка ми некогаш нема речено лош збор за баба ми. И секогаш сакала да одам на гости кај нив, да доаѓа таа, оти тоа што не и помогнала на неа во мајчинските должности не значело дека и на нас треба да ни се скрати кругот на луѓе и да не труе од мали нозе. (n)

    Ете се одлучила баба ми да чува децата на чичко ми сигурно дека 5 деца не можела да чува, за едни мора да се одлучи и секако некој ќе биде оштетена страна. Може им било криво, ама ете не живи, здрави, успешни деца, се поминува чувајте си ги децата оти се ваша одговорност и не ги трујте со вашите фрустрации и незрелост.
     
    На eloves, Rama, Annath и 4 други им се допаѓа ова.