1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бабите и нивното помагање околу децата

Дискусија во 'Брак' започната од Luna91, 28 мај 2015.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Многу добри Самариќанки на форумов, многу |(.
     
    На tanja manja, okcenzi и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^Па може сте од мали и вие труени вака, дека се нешто на вас ви следува, дека друг треба да ви ги врши работите. И да броите кој на колку дале и кој чии деца чувал.:D

    На многумина веројатно им е непоимливо дека помошта е добредојдена и се прима со срце. А ако не е дадена не е причина за злобење и труење со негативна енергија.
     
    На Daydream и Rama им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас не верувам дека на некој ќе му е сеедно ако неговите ги чуваат децата на братот/сестрата, а неговите не.
    Едно е да се помириш со фактот, а друго да ти е сеедно.
     
    На kjukli, darcy, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Можеш да го прочиташ моето мислење во врска со ова на претходната страница и ќе ти се разјасни мојот став. Јас сум само реална, не сум предобра како вас а не ни сакам да бидам!
    Некој што ме почитува, јас два пати ќе го почитувам.
    Некој што не ми обраќа внимание, јас ич не му обраќам. Крај.

    Смешно е, ама многу е смешно. Она не сака да ми го погледне детето, јас па ќе го туркам со сила - де та де она ти е баба, почитувај ја и сакај ја :^). Ту гуд ту би тру!
    Нема да му бранам, ама нема ни да го поттикнувам на такво нешто.
     
    На tanja manja, kjukli, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека бабата не сака да го погледне, туку дека ќе помага на золвата или другата снаа, за едни мора да се одлучи. Не морате да драматизирате, ретко која баба не си ги сака внучињата.

    Вие се сеќавате од периодот кога сте биле бебиња? Сигурно дека не, вашите мајки веројатно многу добро го памтат .
    Ама од друга страна имам прекрасни спомени од бабите иако ни една не ме чувала. Ако мајка ми одлучила да го надува носот јас ќе сум била осакатена од такви спомени.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Е како бе баба ми не чувала сите, м? Пет на број! Нејзе не и биле многу?
    Нити била млада, нити била одморена (напротив работела и на нива!), не влечела секаде со неа, ама не рекла не можам сите, само едните нека доаѓаат.

    Не гледам никаква драматизација овде, тоа е мое искуство во животот, не го пишувам само за да напишам нешто.
    Чувај си ги ти спомените, никој не ти ги чепка. Јас имам може уште поубави, па никому ништо.
    Во животот се е взаемно, не знам вие како на друг начин ги разбирате работите?!
    Работава излегува исто како - не ме сака тој мене и не сака да биде со мене, ама јас морам да му се набутам па што сака нека биде!

    И да се надополнам. ЗНАЧИ, јас не зборувам да ми го чува таа мене детето, а јас да се шеткарам или пак постојано да и го тупнувам на чување (така не ни сакам, зашто не сакам детето да ми го воспитуваат баби и да му ја полнат главата со глупости), ТУКУ кога стварно ќе имам потреба од нејзе да ми излезе во пресрет. Само тоа.
     
    На eloves, kjukli, darcy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.901
    Ни мене не ме чувaле бaби, пa сме пoрaснaле сo брaт ми вo грaдинкa, сoцијaлизирaни сo други децa, a сепaк сaкaни oд стрaнa нa бaбите.
    Дoлжнoст не е чувaње нa внуци, oд еднoстaвнa и реaлнa причинa бидејќи се бaби, a не мaјки, и еднo е чувaње нa внуче oд некoлку чaсa или пoстoјaнo секoјдневнo гледaње.
    А oдредени жени, мa вooпштo не ги рaзбирaм, пa не се ни oбидувaм, oд еднa стрaнa сaкaте мирен живoт нaстрaнa сo мaжите и децaтa, a oд другa стрaнa веднaш се нaпaѓaaт свекрвите, кoи не сaкaле дa ви ги чувaaт вaшите децa.
    Е извинете дaми, aли ниеднa женa/свекрвa/бaбa, не зaслужувa тaкoв третмaн, дефинирaн сo редни тoчки нa зaкoн.
    Акo се прaвите сaмoстaлни и незaвисни бидете вo сите сегменти oд живеењетo, a не дa кукaте oти вaшите свекрви не ги чувaле вaшите децa!
     
    На eloves, Rama, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    И ти чувај си ги драга, а целата поента е дека ако бабата сака однос со внучето дека не треба да го скратиш оти решила да не и помогне на мајката, ете тоа е работата. Да не ускратиш на тоа дете оти тебе не ти помогнале.
    И може свекрвата да не те сака тебе, па што. Ако го сака внучето, што е нејзина крв, себично е на нему да му ја полниш главата.

    А дискутабилно е колку жена во години, преморена и со здравствени проблеми може да чува 5 мали деца како што треба.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Знаеш што? НЕ НИ САКАМ ДА МЕ САКА СВЕКРВА МИ, а ти можеш да ми веруваш или да не ми веруваш, тоа е твое право. Само да не ми се меша во животот, ќе и бидам најблагодарна!
    А внучето само нејзина крв е? Па и моја е, штета за неа.
    Камо јас да можам да излезам на крај сама со сите обврски кои што ќе ми ги постави животот, сите останати можат да прошетаат.

    Дискутабилно е што??
    Сите сме здрави, прави, образовани. Имаме и други врлини, ама да не се фалам сеа тука:wasntme:.
     
    На tanja manja и girl-miri им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ми се смачи значи. :D Па баш оти е твоја крв би требало да го оставиш личните недоразбирања со свекрва ти на страна за да му дадеш на тоа дете исполнето детство. Значи зборуваме ако бабата не се нафаќа да биде дадилка ами баба која ќе го опсипува детето со внимание кога ќе и дојде на гости.

    Дискутабилно е колку секоја стара жена може да излезе на крај со 5 мали деца. Не реков дека не ве чувале вас. И ете ако не може, па да ја утепаме што му ја мислиме:D

    Јас имам желба моите родители да си се чуваат сами и да уживаат, здравје за деца чат пат ако можат да излезат во пресрет, а да ги ангажирам како дадилки не планирам оти не направиле малку тие, сега на нас ни е редот.
     
    На eloves и Bridget им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Сигурно си ја слушнала онаа изрека-кога бев снаа не ја сакав свекрвата а кога станав свекрва не ја сакав снаата.Совет мој како свекрва и како снаа,почитувај ја и глуми колку можеш,оти само така можеш да добиеш а нема што да изгубиш.Помош е кога имаш некој,искористи го тоа,сепак е мајка на твојот сопруг.
     
    На Maceto123, referentka, Пчела и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.901
    Еми, сaмaтa себе си кoнфрoнтирaш.
    Oд еднa стрaнa, велиш декa не сaкaш дa ти се мешa вo живoтoт свекрвaтa, a oд другa стрaнa јa нaпaѓaш, aкo не гo чувa внучетo.
    А сaкaлa или не, тoa дете е и нејзинa крв, бидејќи твoјoт мaж е нејзин син!
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Значи ако ме прочита убаво, јас не планирам во таков случај да го спречувам, ниту да го поттикнувам. Ако му е мила бабата на детето, нема да му бранам да отиде до кај нејзе. Уште помалку планирам да го трујам, доволно е затруен денешниов свет. Ама ете мојата друга баба ниту сакаше да ме гледа, ниту пак ме опсипуваше со внимание кога ќе отидев кај неа. Мајка ми не ми бранеше, ама јас отидов неколку пати и после сама не сакав да одам. Не се осеќав убаво таму. Или тогаш мајка ми требаше со сила да ме тера да одам само за да не ми биде ускратено присуството на другата баба?

    @baby-star мешање и излегување во пресрет кога стварно има потреба мислам дека воопшто не е исто.
     
    На kjukli, okcenzi и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    луѓе...ај омажете се прво станете снаи па после расправајте се на темава...муабетот јас вака растев така растев не се важи...и јас растев во заедница ама кога се омажив не избркаа од заедница на улица, и мајка ми и баба ми цел живот лош збор си немаа кажано па мене свекрва ми животот ми го скрати само затоа што таа имала отров свекрва па си лечеше комплекси на мене...значи пресметките дома и на пазар не се исти...
    За деца не чекајте помош од никого, тој што сака да ви помогне сам ќе ви помогне без збор да му кажете.
    Немора да ја сакате свекрвата ама можете барем почит спрема неа да имате како што ќе сакате вашиот сопруг да има према вашите родители.
     
    На eloves, Nausicaa, Maceto123 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Nemozam da redaktiram del po del oti od tel pisam.

    Ako jas imam otrov svekrva ke gledam da ne vidam i jas toa,oti neli jas sum stradala od takva svekrva pa treba da znam kako e oti sum snaa pa da ne bidam ista takva svekrva i jas za snaata.
    Ne im e toa opravduvajne,licno jas taka gledam.
    Ako svekrvata i bila losa so nea trebalo taa da bide primer za svekrva bidejki patela pa da znae kako i bilo i kako ke bide ako bide ista takva.
    Tuku za mojava svekrva mi vika jas patev od svekrvami,(isto i jas patam od mojata pa zavrsivme na ulica so mm od nea i svekrot)
    Tuka koga ke pomislam dali navistina nejzinata svekrva bila losa ili mojava na vremeto koga bila snaa?!.
    Neli nemozes sekogas da si vo pravo?!.
    Togas ne i cinila svekrvata pa begala od doma,sega ne i cinam jas pa me brka od doma :| edna licnost so site ista.
    Nemoze da e do site drugi problemot koj go imat so edna licnost.
    Mislam deka do nea e problemot,barem vo mojot slucaj!.
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.789
    Допаѓања:
    131.273
    Раѓаат деца, чекаат друг да им ги гледа.

    Ако немаш време за деца, што ги раѓаш?

    Зошто свекрвата, ни се прцела ни се козела, да мора да чува деца? Она нејзините си ги исчувала.
     
    На eloves, baby-star и crazylady им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Зошто ги извртувате работите?? Каде прочитавте дека таа од аздис бара дете да и чуваат? Кажа дур појде во градинка, а бабата веќе чува поголемо дете од ќерката кое не оди во градинка.
    Стварно имате тенденција да ги превртувате работите. На вас никогаш не ви притребало некој да ви го причува детето ма саат, два? Дур сте на прослава? Ако е болно и не може во градинка?
     
    На tanja manja, eloves, НаталиЛили и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Или ноќни смени кога работеле и мајка ми и татко ми, двајцата заедно. Градинките ноќеска не работат како што знам...
    На улица ли да ме остават? На кој?

    Абе реков јас саде добрици на форумов и мнооогу самостални.
     
    На tanja manja, НаталиЛили, promeneta и 3 други им се допаѓа ова.
  19. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Хммм многу ме интересира дали кога свекрва се жали дека снаата едно кафе не и сварила некој и вика: па што е она должна да ти вари кафе :)
    Мислам дека нема мајка која вика: "немам време детето да си го чувам, морам да одам до трговски, на фризер, до пазар, свекрва ми треба да ми го чува". Зборуваме свекрва/мајка да чува во ситуации кога е стварно потребно а они можат (физички можат да издржат и немаат други обврски се разбира). Да не бидам погрешно разбрана, јас не оставам дете на чување, напротив, секаде со мене си го мрцварам :lol: ама можам да замислам милион ситуации кога има потреба и можност ама не се сака, баш поради ставот "што сум должна јас дете да ти гледам, телевизија подобро ќе си гледам". И апсолутно тоа е право на бабите (мајка, свекрва, небитно) ама дали некој нема да ме плука утре кога они нема да можат да си сварат кафе а снашка сака тв да си гледа? Некако имаме дабл стандард тука :) Нема мора, мора само да се умре. Ама семејството треба да си помага, без кантар и со чисто срце. Можеби во животот никогаш нема на свекрвата да и побарате да ви го почува детето на 2 саата зошто нема да дојде таков зорт, ама колкаво олеснување е да знаете дека е тука за не дај Боже? Колкаво олеснување и е и нејзе што сте вие тука за не дај Боже? Немојте со сурови ставови зошто утре ќе бидете свекрви/баби и ќе речете "мене никој не ми ги гледаше децата, што има јас да ти чувам дете?" и тука почнува се.
    *чување = не лигавење него чување по потреба
     
    На eloves, НаталиЛили, darcy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Сега ќе излезе дека само за саат време неделно чување е проблемот. А не е. Знаеме што значи чување деца. Мајката која го напишала постот кажа дека свекрвата една година пред 6 години и го исчувала постарото дете. Од тогаш па до денес чува деца на ќерка и. Значи цели 6 години една жена во години е ангажирана да чува деца, и се бара од неа да продолжи со исто темпо. Ако каже дека не може ете што следува, децата ќе ги учиме да не ја сакаат, ќе падне болна, кој ќе ја чува, па бар речи една година ќе ја гледам ако не за друго да вратиш за таа година што ти го чувала постарото кога одиш по такви пресметки.
    Огромна одговорност е цел ден деца да гледаш, па уште и коментари кај две може да гледа и три или четири.

    Имам кажано, децата се тие што треба да имаат милост кон родителите во случај на болести, не затоа што чувала внуци или не, туку затоа што ти се крв, родители и те пораснале тебе. Снаата нека си ги гледа нејзините родители, ако мисли дека треба и колку треба да помогне и кај свекор и свекрва-нејзин избор. Ниту сте болни скраја да е, ниту неспособни да изгледате едно или две деца, и многу повеќе ве јаде љубомората оти другите деца повеќе од вашето отколку што вистина сами не можете да се снајдете.
     
    На eloves, Giovanna, imelda и 5 други им се допаѓа ова.